Back to top

Sabbath Bible Lessons

Посветли зраци на светлината - Ризници на вистината (I)

 <<    >> 
7. лекција Сабота, 13. мај 2023.

Наследство на светите

„Но, како што е напишано: ‘Она што око не видело, уво не чуло, ниту на човек на ум му дошло, тоа Бог го приготвил за оние кои Го љубат’“ (1 Коринтјаните 2:9).

„Кога Бог го дал Христа на овој свет, Тој во овој единствен дар ни ги дарувал сите небесни богатства. Ништо не задржал. Тој не можел да направи повеќе од она што направил за да ги доведе луѓето до покајание. Тој веќе не држи ништо во резерва што е потребно за нивно спасение“. – The Review and Herald, September 17, 1901.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ:   Големата борба, 355-374. 

Недела 7. мај

1. ПРВОБИТЕН ИМОТ

а. Што подготвил Бог за крунското дело на Неговото создавање — и зошто? Создавање 1:1; Исаија 45:18; 43:7.

„Над сите пониски животни видови, Бог одредил дека човекот, круната на Неговото создавање, треба да ги одразува Неговите мисли и да ја открива Неговата слава. Но човекот не треба да се воздигнува себеси како Бог“. – Здравје и среќа, 415.

„По создавањето на Земјата и животните на неа, Отецот и Синот го исполниле својот план, кој бил планиран пред падот на сатаната, да го создадат човекот според нивниот лик. Тие заедно ја создале Земјата и сите живи суштества на неа“. – The Spirit of Prophecy, vol. 1, p. 24.

б. Опишете што се случило како резултат на побуната (Создавање 3:9-14) против Божјиот првобитен план? Создавање 2:17; Римјаните 6:23.

в. Зошто човекот продолжил да живее по својот грев — и што е вклучено во планот на откупувањето? Лука 19:10; Откровение 13:8 (последен дел); Михеј 4:8.

„(Христос) бил Спасител и пред и по Своето отелотворување. Веднаш штом се појавил гревот, се појавил и Спасителот“. – Копнежот на вековите, 210.


Понеделник 8. мај

2. ТРЕТО НЕБО

а. Колку неба постојат? 2 Коринтјаните 12:2 (последен дел). Опишете го првото. Создавање 1:6-8; 6:7.

б. Што се наоѓа на второто небо? Создавање 15:5; Псалм 8:3; Второзаконие 4:19.

в. Каде се наоѓа местото каде што Бог го носи Својот народ — и кој живее таму? 1 Коринтјаните 12:2,4; Откровение 2:7; 22:1,2; 1 Цареви 8:30.

„Плашејќи се дека идното наследство можеби ќе изгледа премногу материјално, мнозина биле наведени да им придаваат духовно значење токму на оние вистини кои ни овозможуваат ова наследство да го сметаме за наша вистинска татковина. Христос ги уверувал Своите ученици дека Тој оди да им подготви станови во куќата на Отецот. Оние што ќе го прифатат учењето на Божјото слово во врска со небесните живеалишта нема да останат целосно во незнаење. Сепак, ‘она што око не видело, уво не чуло, ниту на човек на ум му дошло, тоа Бог го приготвил за оние кои Го љубат’ (1. Коринтјаните 2:9). Човечкиот јазик не може соодветно да ја опише наградата на праведните. Тоа ќе го разберат само оние кои ќе ја видат. Ниту еден ограничен ум не може да ја сфати славата на Божјиот рај.

Во Библијата наследството на спасените се нарекува татковина (Евреите 11:14-16). Таму небесниот Пастир го води Своето стадо на извори на жива вода. Дрвото на животот дава плод секој месец, а неговите лисја служат за здравје на народот. Таму течат потоци кои вечно жуборкаат, чисти како кристал, на чиишто брегови се нишаат дрвја кои ги фрлаат своите сенки врз патеките што Господ им ги подготвил на откупените. Таму пространите рамнини прераснуваат во прекрасни ритчиња, а Божјите гори ги издигнуваат своите возвишени врвови. Во овие тивки рамнини, покрај овие живи потоци, Божјиот народ, кој толку долго патувал и скитал, ќе го најде својот дом“. – Големата борба, 674,675.

г. Кое дело го врши Христос на тоа место? Евреите 8:1; 9:27; 1 Тимотеј 2:5.

„Христовото посредување за човекот во небесното Светилиште е исто толку важно во планот на спасението колку и Неговата смрт на крстот“. – Големата борба, 489.

Христовото посредување за нас е да ги претстави Своите божествени заслуги со тоа што ќе му се понуди на Отецот како наш Заменик и Гарант; зашто Тој се вознел во небесните височини за да нѐ откупи од нашите гревови“. – Faith and Works, p. 105.


Вторник 9. мај

3. НОВАТА ЗЕМЈА

а. Дали Исус ни ветил вистинско место — и каде ќе одиме ако бидеме верни? Јован 14:1-3; Матеј 5:12.

б. Што донесува најголема радост во животот — и каква била надежта на нашите верни предци? Лука 10:20; Евреите 11:13-16.

„Во Светиот Град владее совршен ред и хармонија. Секој ангел кој добива налог да ја посети Земјата, има златна картичка која ја покажува на ангелите крај вратите од Градот и при влезот и при излезот. Небото е прекрасно место“. – Рани списи, 39.

в. Колку долго ќе престојуваме на новата земја? Матеј 5:5; Римјаните 4:13.

„Меѓутоа, Божјиот збор сепак не изневерил. Самото заземање на Ханан од страна на Евреите не значело негово целосно исполнување. ‘Но ветувањата му беа дадени на Авраам и на семето негово’ (Галатјаните 3:16). Лично Аврам требало да учествува во благословите на ветеното наследство. Можело да се чини дека исполнувањето на ветувањето премногу се одолжува, но ‘за Господ еден ден е како илјада години, а илјада години - како еден ден’ (2 Петрово 3:8). Може да се чини дека Бог ‘се премислува’ да го исполни тоа ветување, но во одредено време ‘зашто ќе наиде и нема да забави’ (Авакум 2:3). Ветувањето дадено на Аврама и на неговото семе не се однесувало само на Ханан, туку на целата земја. Така кажува апостолот: ‘Зашто, ветувањето на Авраама, или на неговото потомство, дека ќе биде наследник на светот, не дојде преку Законот, туку преку праведноста од верата’ (Римјаните 4:13). А Библијата јасно кажува дека ветувањата дадени на Аврама треба да се исполнат преку Христа. ‘А ако сте пак вие Христови, тогаш сте Авраамово семе, наследници по ветувањето’ (Галатјаните 3:29). ‘За непоминливо наследство, и неизвалкано, и кое не вене’ (1 Петрово 1:4), а тоа е земјата ослободена од клетвата на гревот. ‘А царството, власта и величеството под сите небеса, ќе им се даде на народот на Светите на Сèвишниот’ (Даниел 7:27), а ‘кротките ќе ја наследат земјата, тие ќе уживаат во изобилен мир’ (Псалм 37:11).

Бог на Аврама во визија му го покажал тоа бесмртно наследство што нема да овене, и со тоа неговата надеж била задоволена. ‘Преку вера се насели во земјата на ветувањето, како во туѓа и се настани во шаторите заедно со Исака и Јакова, сонаследници на истото ветување, зашто бараше град со основи, кому Бог му е Градител и Творец’“ (Евреите 11:9,10). – Патријарси и пророци, 169,170.


Среда 10. мај

4. МЕСТО НА РАДОСТ

а. Зошто Исус дошол да нѐ спаси - не во нашите гревови, туку од нашите гревови? Матеј 1:21; Откровение 21:27; 22:14.

„Исус дошол на овој свет за да го спаси Својот народ од нивните гревови. Тој нема да нѐ спаси во нашите гревови, зашто Тој не е слуга на гревот. Мораме да одговориме на Христовата божествена привлечност и да се покаеме за нашите гревови и да се соединиме со Христа како што прачката се соединува со лозата. Исус вели: ‘И кога Јас ќе бидам издигнат од земјата, сите ќе ги привлечам кон Себе’. Исус ги привлекува сите луѓе, и кој ќе одговори на таа привлечна сила? Многумина ќе бидат под големо влијание од животот и примерот на оние кои тврдат дека одговориле на оваа божествена љубов што ги привлекува срцата на луѓето. Многумина ќе ве гледаат како го исповедате Неговото име, за да видат дали тоа ве прави подобри мажи и жени. Тие ќе сакаат да видат дали сте слични на Христа, дали сте љубезни и учтиви во кругот на семејството. Господ рекол: ‘По нивните плодови ќе ги познаете’“. – The Signs of the Times, February 15, 1892.

„Не е вистински доказ дека си христијанин затоа што твоите емоции се разбранувани и твојот дух е возбуден од вистината. Прашањето е: ‘Дали растеш во Христа кој е глава на телото? Дали Христовата благодат се манифестира во твојот живот?‘ Бог им ја дава Својата благодат на луѓето, за да можат да посакаат повеќе од Неговата благодат. Божјата благодат постојано делува врз човечкото срце и кога ќе биде примена, доказот за нејзиното примање ќе се појави во животот и карактерот на примателот, бидејќи ќе се види развојот на внатрешниот духовен живот. Христовата благодат во срцето секогаш ќе го унапредува духовниот живот и ќе се постигне духовен напредок. Секој од нас има потреба од личен Спасител или ќе загине во своите гревови. Да си го поставиме прашањето на нашата душа: ‘Дали растам во Христа, кој е глава на телото? Дали стекнувам дополнително знаење за Бога и за Исуса Христа кого Тој го испратил?’ Ние не ги гледаме растенијата како растат во полето, а сепак сме уверени дека растат, и зарем нема да бидеме свесни за сопствената духовна сила и раст?“ – That I May Know Him, p. 163.

б. На какво искуство можеме да се надеваме во тоа ново место? Исаија 33:24; 35:1-10; Откровение 21:4; 22:3.

„На сите патила и судири им дојде крајот. Кога искупените ќе се соберат околу Божјиот престол, песна на победа ќе го исполни целото небо“. – Мојот живот денес, 348.


Четврток 11. мај

5. ПОДГОТОВКА

а. Како со нашиот човечки јазик можеме да го опишеме третото небо? 1 Коринтјаните 2:9.

„Уште во овој живот можеме да го насетиме и неговото присуство и да ја вкусиме радоста што ја носи заедницата со Небото. Меѓутоа, полнина на радоста на благословите може да се постигне дури во оној подобар живот. Само вечноста може да ја открие славата што може да ја добие човекот кај кого повторно е обновен Божјиот лик“. – Патријарси и пророци, 602.

„Потребна е сета вечност за да се открие славата и да се изнесат на виделина скапоцените богатства на Божјата Реч“. – The SDA Bible Commentary [E. G. White Comments],

vol. 6, p. 1107.

б. Зошто Бог ни дал можност да ги слушнеме овие прекрасни работи за небото? Јован 3:16,17; Матеј 6:19-21.

„Христос наоѓа задоволство да ги земе оние кои навидум изгледаат безнадежни, оние кои сатаната ги понизил и преку кои некогаш работел и да ги направи поданици на Својата благодат. Тој се радува што може да ги ослободи од страдањата и гневот кој паѓа на непокорните. Тој ги прави Своите деца помошници во вршење на ова дело и во успехот на истото, тие наоѓаат драгоцена награда уште во овој живот.

Но што е тоа во споредба со радоста која ќе ја доживеат на големиот ден на конечното откривение? ‘Сега гледаме како низ огледало, нејасно, а тогаш - лице в лице; сега спознавам делумно, а тогаш ќе спознаам совршено како што и сум спознаен’“ (1 Коринтјаните 13:12). – 6 Сведоштво, 308,309.


Петок 12. мај

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Објасни зошто човекот можел да го продолжи животот откако паднал во грев.

2. Дали навистина ќе ја поминеме вечноста на место наречено „Рај“? Ве молиме објаснете.

3. Објасни го вечното наследство на откупените и Аврамовата надеж за едно такво место.

4. Опишете го новото небо и новата земја.

5. Како е можно на такво место да се помине вечноста?

 <<    >>