Back to top

Sabbath Bible Lessons

Посветли зраци на светлината - Ризници на вистината (I)

 <<    >> 

ПРЕДГОВОР

Како што проблемот со гревот на планетата Земја ескалира и води кон влошување на состојбата во општеството непосредно пред Христовото доаѓање, од непроценливо значење е Божјиот народ да гледа кон Исус – не кон нештата што се гледаат, туку кон она што не се гледа, кон вечните реалности. Така, овој квартал, учениците од саботните училишта ширум светот ќе продолжат со вториот дел од серијалот Ризници на вистината, „Посветли зраци на светлината“.

Насекаде владее беззаконие и конфузија, така што навистина ни е потребна Божја помош за да знаеме каде да одиме во животот. Ни треба морален компас. Еден писател го споредил обидот да се промени Божјиот закон со старата злобна практика на вртење на патоказ во погрешна насока поставен на важна раскрсница каде што се спојуваат два патишта. Збунетоста и тешкотиите што оваа практика често ги предизвикува беа големи.

„Бог подигнал патоказ за оние кои патуваат на овој свет. Едната стрелка на тој патоказ укажува на доброволна послушност кон Творецот како пат кон среќа и живот, додека другата покажува дека непослушноста е пат кој води кон беда и смрт. Патот кон среќата е јасно назначен како пат кој води кон градот засолниште во старозаветниот период. Меѓутоа, во еден тажен период од човечката историја, големиот непријател на сето добро го свртел патоказот и мнозина отишле по погрешен пат“ – Пророци и цареви, 179.

„Исус Христос е единствениот Спасител на човечкиот род - и ние се преобразуваме проучувајќи го Него и спроведувајќи го во живот Неговиот закон со силата што Тој ни ја дава. „Така (Исус) го живеел Божјиот закон и со Својот пример покажал како треба да му се покоруваме на истиот“ – Копнежот на вековите, 649.

Сѐ е направено за да нѐ подготви за вечноста ако соработуваме со Неговиот Дух за да ни даде ново срце — нов ум. Со одвојување на нашите приврзаности од овој свет и прицврстувајќи ги за Христа на небото, развиваме нова цел во животот, со поглед на вечноста.

„Бог, кој го мрази гревот, ги повикува оние кои тврдат дека го држат Неговиот закон да се одвратат од секакво беззаконие. Занемарувањето да се покае и да ја слуша Неговата реч ќе има исто толку сериозни последици за Божјиот народ денес, како истиот грев за древниот Израел“ – Знаците на времето, 12. февруари 1880. година.

„Сатаната постојано настојува да ја затемни славата на идниот свет и сето внимание да го насочи на работите на овој живот. Тој се труди сè да прилагоди така што нашите мисли, нашата грижа и нашиот труд толку ќе ги преокупира со тоа што е земно за да не ја видиме и да не ја сфатиме вредноста на вечната реалност. Светот и неговите грижи го зазеле најважното место, додека Исус и она што е небесно добиле многу малку место во нашите мисли и чувства. Ние треба совесно да ги извршуваме сите должности во секојдневниот живот, но исто така е важно пред сè друго да ја негуваме светата наклонетост кон нашиот Господ Исус Христос“ – Адвентен дом, 404.

Оддел на Генералната Конференција за Саботна школа

 <<    >>