Back to top

Sabbath Bible Lessons

Посветли зраци на светлината - Ризници на вистината (I)

 <<    >> 
  Сабота, 6. мај 2023.

Дар во првата сабота за светските мисии

Дали сакате Исус да дојде наскоро? Тој ни кажува како тоа може да се случи: „И ќе биде проповедано ова Евангелие за царството по целиот свет, за сведоштво на сите народи; и тогаш ќе дојде крајот“ (Матеј 24:14).

Ние треба да го пренесеме Евангелието на целиот свет, „но колку малку е постигнато во споредба со големото дело пред нас! Божјите ангели ги поттикнуваат срцата на луѓето и ги подготвуваат да го примат предупредувањето. Потребни се мисионери во полиња каде што работата штотуку започна. Постојано се отвораат нови полиња“ - Евангелизам, 408.

Каде се некои од овие нови полиња? Неодамна беа отворени нови мисии кој ја вклучуваат Централна Африка, Судан, Лесото, Габон, Гвинеја-Бисао, Бенин заедно со Брегот на Слоновата Коска, каде што веќе има крстени членови. Генералната конференција во моментов помага за платите на проповедниците и библиските работници во 85 мисии ширум светот. Колку чини ова? Во 2021. година за оваа намена беа издвоени 647.000 американски долари. Колку примивме за овие намени? 132.826 американски долари. (Ова се веродостојни податоци и можете да видите дека овој вид финансирање не е одржлив!)

Драги браќа и сестри, ова е реалноста. На мисиите им е потребна поддршка од сите - и многу повеќе од тоа. Дали сакате да видите како пораката допира до нови места? Тоа може да се случи ако ги зголемиме нашите дарови за фондот за светските мисии.

„Како што се отвораат нови полиња, повиците за средства постојано се зголемуваат. Ако некогаш требаше да бидеме економични, тогаш тоа е сега... Еден цент изгледа како ситница, но сто цента чинат еден долар, а правилно потрошени можат да бидат средство за спасување на душата од смртта. Ако сите средства што нашиот народ раскошно ги потрошил во самозадоволување беа посветени на Божјото дело, касата не би била празна и би можеле да се отворат мисии во сите делови на светот“ - Counsels on Stewardship, 290, 291.

Ве молиме, драги браќа и сестри, кога се собира дарот во првата сабота за светските мисии, сетете се на душите во темнина и дарежливо давајте за сегашната вистина да стигне до нови области. „Нашите членови треба да бидат длабоко заинтересирани и за домашни и за странски мисии. Додека тие несебично се трудат да го подигнат знамето на вистината на нови територии, врз нив ќе се излее голем благослов“ - Христијанска служба, 184.

Нека Господ изобилно ги благослови даровите и дарителите!

Вашите браќа од Генералната конференција

 <<    >>