Back to top

Sabbath Bible Lessons

Посветли зраци на светлината - Ризници на вистината (I)

 <<    >> 
9. лекција Сабота, 27. мај 2023.

Новозаветна сабота

„Но, за народот Божји сè уште останува саботна починка“ (Евреите 4:9).

„Саботата ќе биде задоволство за сите оние што ја примаат како знак на Христовата создавачка и откупителна моќ. Гледајќи го Христа во неа, тие наоѓаат задоволство во Него. Саботата им укажува на делата на создавање, како на доказ на Неговата силна моќ во откупувањето“. – Копнежот на вековите, 289.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ:   Патријарси и пророци, 44-51. 

Недела 21. мај

1. НАШИОТ ПРИМЕР

а. Како ќе живееме ако навистина го сакаме Исуса и го следиме Неговиот пример? Јован 14:15; 15:10. Што правел Тој во сабота? Лука 4:16,31.

„Кој е доказот за преобраќање? ‘Ако Ме љубите, пазете ги Моите заповеди’ (Јован 14:15). ‘Ако ме љубите, нека вашата љубов не биде само привидно чувство на поврзаност меѓу луѓето. Вистинската љубов се состои во држење на Моите заповеди’. Љубовта што ќе доведе до доброволна послушност не е нешто што се менува; туку силен, цврст принцип, откриен во зборови и во дела“. – Manuscript Releases, vol. 10, p. 291.

„Исус принел бесконечна жртва. Ништо помалку од животот на Божјиот сакан Син не би било доволно за да го платиме огромниот долг што го направивме со прекршувањето на Божјиот закон. Тој ја зел на Себе нашата природа и стана грев заради нас, за да можеме да добиеме ‘простување на минатите гревови’ и со Неговата божествена сила и благодат да ги исполниме праведните барања на законот. Секој што зазема став дека не е важно дали ги држиме Божјите заповеди, не Го познава Христа. Исус вели: ‘Јас ги запазив заповедите на Мојот Отец и останувам во љубовта Негова’. И оние што го следат Исуса ќе постапат како што постапил Тој“. – The Review and Herald, March 6, 1888.

б. Како Христовиот пример треба да влијае на нас? 1 Петрово 2:21; 1 Јованово 2:6.


Понеделник 22. мај

2. РАСПНУВАЊЕ

а. Како знаеме дека Исус бил распнат на денот на подготовката – и кој ден е тој? Лука 23:52-56; Марко 15:42.

„Тоа била сабота што никогаш нема да ја заборават натажените ученици, а исто така и свештениците, поглаварите, книжниците и народот. При заоѓањето на сонцето, во приквечерината на денот на подготовка, се огласиле труби, објавувајќи дека започнала сабота. Пасха се славела онака како што се празнувала со векови, додека Оној на Кого укажувал овој празник, лежел во Јосифовиот гроб, убиен од рацете на зли луѓе“. – Копнежот на вековите, 774.

„Конечно Христос почивал. Долгиот ден на срам и маки завршил. Кога со последните зраци на сонцето кое заоѓало настапила саботата, Божјиот Син спокојно почивал во гробот на Јосиф. Завршувајќи го Своето дело со раце склопени во мир, Тој се одморал во светите часови на саботниот ден...

Сега Христос се одморал по извршеното дело на откупот, и иако владеела тага помеѓу оние што Го сакале на Земјата, на небото владеела радост. Славно било ветувањето за иднината во очите на небесните суштества. Обновеното создавање, откупениот човечки род, кој го победил гревот и веќе никогаш нема да може да падне тоа јасно го виделе Бог и ангелите, како плод на Христовото завршено дело. Со тие настани засекогаш е поврзан денот во кој Исус починал. Зашто ‘Неговото дело е совршено’ и ‘сѐ што твори Бог, тоа останува довека’. (Второзаконие 32:4; Проповедник 3:14) ‘Кога ќе биде обновено сѐ, за кое Бог навестуваше од дамнина преку устата на сите Свои свети пророци’ (Дела 3:21), саботата на создавањето денот во кој Исус почивал во Јосифовиот гроб сѐ уште ќе биде ден за одмор и радост. Небото и Земјата ќе се обединат во славењето ‘од сабота до сабота’ (Исаија 66:23), а мноштвото спасени радосно ќе Му се поклонуваат на Бога и на Јагнето“. – Копнежот на вековите, 769,770.

б. Зошто верниците не завршиле со подготовката на Христовото тело во таа прва сабота по распнувањето? Лука 23:56; Марко 15:42-47.

„Часовите на саботниот одмор учениците ги поминале тагувајќи заради смртта на својот Учител, додека Исус Царот на славата лежел во гробот“. – Рани списи, 181.

в. Кога тргнале со планот да ја завршат својата задача? Марко 16:1,2.


Вторник 23. мај

3. РАНОХРИСТИЈАНСКАТА ЦРКВА

а. Кое Исусово пророштво покажува дека Црквата ќе ја празнува саботата четириесет години по Неговото воскресение? Матеј 24:15-20; 5:17.

„Светоста на саботата не престанала со Неговата смрт на крстот. Четириесет години учениците требало да се молат на Бога нивното бегање да не биде во сабота“. – Копнежот на вековите, 630.

„Христос ја создал саботата и никогаш не ја укинал. Саботата не била укината со распнувањето, како што тврдат многумина. Христовата смрт на крстот е непобитен аргумент за непроменливата природа на секоја заповед од Божјиот свет закон...

Како глава на човечкото семејство, Тој ги живеел сите заповеди, сите букви, сите цртички од законот. Тој во човечко тело живеел живот каков што бара од Своите следбеници, и затоа нема оправдување за некој што нема да го достигне стандардот на совршенство“. – The Review and Herald, December 20, 1898.

б. Кој бил редовниот обичај на апостолите во седмиот ден од библиската сабота? Дела 18:1-4.

„Кога (Павле) завршил, а Евреите ја напуштиле синагогата, незнабошците останале и побарале да им се кажат истите зборови во следната сабота. Апостолите предизвикале голем интерес во тоа место, и кај Евреите и кај незнабошците. Тие ги охрабриле верниците и новообратените цврсто да стојат во својата вера и да продолжат да бидат во Божјата благодат. Интересот да се слушнат зборовите на апостолите бил толку голем што следната сабота се собрал целиот град“. – Sketches from the Life of Paul, pp. 48,49.

в. Што можеме да научиме од обичајот на Павле кога посетувал места каде што немало синагога? Дела 16:12,13.

„Ние не треба да ги учиме нашите деца дека тие не смеат да бидат среќни во сабота и дека е погрешно да се шета во природа. О, не. Христос ги водел Своите ученици покрај езерото во саботен ден и ги поучувал. Неговите проповеди во сабота не биле секогаш проповедани во затворени ѕидови“. – Совети за детето, 533,534.


Среда 24. мај

4. ПРВ ДЕН ОД СЕДМИЦАТА

а. Зошто учениците се собрале кога Христос првпат им се јавил по Неговото воскресение? Како Неговата втора посета дополнително потврдува дека Тој не воспоставил некој друг ден за богослужба? Јован 20:19,26.

„Христос почивал во гробот во сабота, и кога светите суштества и на небото и на земјата биле будни утрото на првиот ден од седмицата, Тој станал од гробот за да продолжи со делото на поучување на Своите ученици. Но, овој факт не го посветува првиот ден од седмицата и не го прави сабота“. – Spirit of Prophecy, vol. 3, p. 204.

б. Како одвојувањето на приносите дома покажува дека првиот ден не бил воспоставен како посебен ден на богослужба? 1 Коринтјаните 16:1,2. Дали кршењето леб покажува дека одреден ден или ноќ е одреден како посебен ден на седмична богослужба? Дела 2:42,46.

в. Зошто состанокот во Троада траел до по полноќ? Дела 20:8-12. Кога во денешно време е полноќ на првиот ден од седмицата? Создавање 1:5; Левитска 23:32.

„Фактот дека нивниот сакан учител требало да замине, влијаел на тоа да се собере поголемо друштво од вообичаеното. Тие се собрале во горната соба на третиот кат, најладното и најпријатното место за ваква дружба во таа топла пролетна вечер. Ноќите тогаш биле темни, но во собата гореле многу светла. Павловиот ум бил обземен од чувството за опасностите што го чекале и неизвесноста дали повторно ќе се сретне со своите браќа; имал работи од голем интерес и значење што морал да ги изнесе пред нив; и во искрена љубов и грижа за нив, проповедал до полноќ“. – Sketches from the Life of Paul, pp. 196, 197.

г. Кој ден е всушност Господов ден — и колку е важно за нас да го сфатиме тоа? Откровение 1:10; Марко 2:28; Исаија 58:13.

„Ако ви е претставена светлината на вистината, која ја открива саботата од четвртата заповед и покажува дека во Божјата реч нема основа за празнувањето на неделата, а сепак се држите за лажната сабота, одбивајќи да ја празнувате саботата која Бог ја нарекува ‘Мојот свет ден’, ќе го примите жигот на ѕверот. Кога се случува ова? Кога го почитувате декретот кој ви заповеда да престанете да работите во недела и да му се поклонувате на Бога, иако знаете дека нема ниту еден збор во Библијата што покажува дека неделата е нешто друго освен вообичаен работен ден, вие се согласувате да го примите жигот на ѕверот, и го отфрлате Божјиот печат“. – Evangelism, p. 235.


Четврток 25. мај

5. СПОМЕН

а. На што саботата е спомен? Излез 31:13; Создавање 2:1-3.

„’Важноста на саботата како спомен на создавањето се состои во тоа што таа постојано нè потсетува на вистинската причина зошто на Бога му припаѓа обожавање - затоа што Тој е Творец, а ние Негови созданија...’ Оваа вистина треба секогаш да им биде предочувана на луѓето, дека Бог ја воспоставил саботата во Едем; и сè додека фактот оти Тој е наш Творец постои како причина да Го славиме, и саботата нема да престане да биде Негов знак и спомен. Кога сите луѓе би ја празнувале саботата, нивните мисли и чувства би биле насочени кон Творецот како објект на стравопочит и обожавање и никогаш не би постоел ниту еден идолопоклоник, атеист или неверник. Држењето на саботата претставува знак на верност кон вистинскиот Бог Кој „ги создал небото и земјата, морето и водните извори“. Од ова произлегува дека пораката во која на луѓето им се заповеда да го слават Бога и да ги држат Неговите заповеди, посебно ги повикува да ја држат четвртата заповед“. – Големата борба, 437,438.

б. На кој начин таа претставува спомен на нашето лично откупување? Второзаконие 5:15. Како се случува оваа промена на срцето? Езекиел 36:26,27; Псалм 51:10.

„Бог ја цени службата од љубов. Ако тоа го нема, самата рутина на церемонии е навреда за Него. Така е и со саботата. Таа имала цел да ги доведе луѓето во заедница со Бога, но оваа цел не може да се постигне, кога умот е окупиран со заморни обреди. Формалното празнување на саботата значело исмејување“. – Копнежот на вековите, 286.


Петок 26. мај

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Каков пример ни оставил Христос во поглед на празнувањето на саботата?

2. Како настаните околу распнувањето јасно покажуваат дека саботата останала непроменета?

3. Кој обичај поврзан со саботата апостолите продолжиле да го практикуваат?

4. Објасни зошто првиот ден од седмицата не е одреден како официјален ден на богослужба.

5. Кој е најважниот аспект на празнувањето на саботата?

 <<    >>