Back to top

Sabbath Bible Lessons

Посветли зраци на светлината - Ризници на вистината (I)

 <<    >> 
  Сабота, 1. април 2023.

Дар во првата сабота за црквата во Порт Морезби, Папуа Нова Гвинеја

Сместена источно од Индонезија и северно од Австралија, Папуа Нова Гвинеја често се нарекува една од последните светски граници, последниот рај. Често се нарекува и земја на неочекуваното. Папуа Нова Гвинеја е прекрасна земја - богата со природни ресурси, место каде мисионерите, лекарите и рударите одат, но и земја која ретко ја посетуваат туристите. Како земја во развој, со огромна културна и јазична разновидност, во Папуа Нова Гвинеја се зборуваат над 800. различни јазици, најмногу јазици што се зборуваат во која било земја во светот!

Реформното движење на Адвентистите на седмиот ден е организирано овде во 1998. година и го фалиме Бога што добрата вест оттогаш се прошири во многу нови области во северните и ридските провинции на земјата. Во многу региони каде во минатото постоеле вештерство и пагански практики, сега имаме организирани цркви и групи.

Веќе неколку години, во срцата на нашите браќа гори желбата да се продолжи делото во јужните делови на земјата. Порт Морезби, главниот град на Папуа Нова Гвинеја, се наоѓа на југ и главно се пристапува по воздушен или морски пат, поради планинскиот терен и немање добри патишта. Во 2019. година еден проповедник беше префрлен од северот на Папуа Нова Гвинеја во областа Порт Морезби и организираше нова мисија за следење на делото и воспоставување на работата околу главниот град.

Според бројот на рецензии во светот, Порт Морезби е меѓу најнепогодните градови за живеење во светот. Кражбите, грабежите и насилствата се чести во овој град и нашите браќа го искусија тоа од прва рака додека го унапредуваа Божјото дело овде. За работата успешно да оди напред, постои голема потреба од имот на безбедно место за изградба на светилник на Господа во овој дел од Неговото лозје. Сфаќаме дека Божјата милост е голема и дека треба да се допре до многу души во последните часови од историјата на оваа земја, дури и во големите градови како Ниневија! Затоа ве замолуваме да ни се придружите во оваа работа и великодушно да придонесете за да може да се подигне овој светилник и работата да напредува. „Нека Му оддадат слава на Господ, похвалата Негова нека ја разгласат по островите“ (Исаија 42:12). Се молиме Бог изобилно да ве благослови!

Вашите браќа и сестри од Јужната мисија на Папуа Нова Гвинеја

 <<    >>