Back to top

Sabbath Bible Lessons

Посветли зраци на светлината - Ризници на вистината (I)

 <<    >> 
5. лекција Сабота, 29. април 2023.

Илјада години на пустош (I)

„Другите, пак, од умрените не оживеаја додека не се навршија илјада години. Тоа е првото воскресение. Блажен и свет е оној кој има дел во првото воскресение; над нив втората смрт нема власт, а ќе бидат свештеници на Бога и ќе царуваат со него илјада години“ (Откровение 20:5,6).

„Жителите на светот гледаат дека токму оние на кои им се подбивале и им се потсмевале и кои сакале да ги уништат, неповредени поминуваат низ епидемии, бури и земјотреси. Оној кој за престапниците на Својот закон е оган кој проголтува, за Својот народ е безбедно засолниште“. – Големата борба, 654.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ:   Големата борба, 653-661. 

Недела 23. април

1. ПОЧЕТОКОТ НА МИЛЕНИУМОТ

а. Кој настан се случува на почетокот на илјада години (милениум)? Откровение 20:5.

б. Кој воскреснува во ова прво воскресение и кога тоа се случува? Откровение 20:6 (прв дел); 1 Коринтјаните 15:22,23. Што треба да размисли секој од нас во молитва за реалноста на воскресението?

„Христос се јавува во Својата слава и ги повикува мртвите праведници. Живите светци се преобразуваат и ангелите ги земаат од земјата заедно со воскреснатите, за да се сретнат со својот Господ во воздухот. Земјата наликува на ненаселена пустина“. ¬– Spiritual Gifts, vol. 3, p. 83.

„Луѓето може да тврдат дека имаат голема вера во Исус и дека ништо не можете да направите освен она што Христос ќе го направи за вас. Значи, кога Христос ги повикува мртвите, исклучиво од вашиот начин на живот зависи дали ќе воскреснете за вечен живот или за вечна пропаст“. ¬– Faith and Works, p. 55.


Понеделник 24. април

2. ВОСКРЕСЕНИЕ НА ПРАВЕДНИЦИТЕ

а. Што ќе ги карактеризира праведните кога ќе воскреснат при Христовото доаѓање на почетокот на милениумот? Откровение 20:4-6.

„Овде Христос мисли на времето на Своето второ доаѓање. Тогаш мртвите праведници ќе воскреснат како нераспадливи, а живите праведници ќе се преобразат и вознесат на Небото, не вкусувајќи смрт“. – Копнежот на вековите, 530.

„Давателот на животот ќе го повика Својот стекнат имот во првото воскресение, и до тој победнички час, кога ќе се огласи последната труба и огромната војска ќе излезе за вечна победа, секој заспан светец ќе биде на безбедно место, и ќе се чува како скапоцен камен кој Бог го знае по име. Со силата на Спасителот, кој живеел во нив додека биле живи, и бидејќи биле соучесници во божествената природа, тие ќе воскреснат од мртвите.

„‘Зашто иде часот’, рекол Христос, ‘кога сите, кои се во гробовите, ќе го чујат гласот на Синот Божји, и ќе излезат’. Овој глас мора да се слушне во сите живеалишта на мртвите; и секој светец што спие во Исуса ќе се разбуди и ќе излезе од својата затворска куќа. Тогаш доблеста на карактерот што ја примивме од Христовата праведност ќе нѐ соедини со вистинското величие од највисок ред“. ¬– Sons and Daughters of God, p. 359.

„Само блажените и светите ќе бидат подготвени за првото воскресение; зашто кога ќе дојде Христос, Тој нема да го промени карактерот... Божјата Реч вели дека мора да се најдеме без порок, дамка или нешто слично. Сега мора да се научиме на послушност, потчинување на божествената волја, за Бог да работи во нас да сакаме и да го правиме она што Нему му е угодно и да можеме да го градиме нашето спасение со страв и трепет. Но, нашите сопствени напори не можат да ни помогнат да се искупиме од гревот или да го обновиме срцето. Само крвта Христова може да ги искупи нашите гревови; само Неговата благодат може да создаде во нас чисто срце и да ни овозможи да го држиме Божјиот закон. Во Него е нашата единствена надеж“. ¬– TheSigns of the Times, February 9, 1891.

б. Објаснете на кој начин Христос доаѓа по оние што Го љубат. 1 Солунјаните 4:13-16.

„Христос ги прифаќа како Свои сите што поверувале во Неговото име. Оживувачката сила на Христовиот Дух кој живее во смртното тело ја врзува душата на секој верник за Исус Христос. Оние кои веруваат во Исус се свети за Неговото срце; зашто нивниот живот е скриен со Христа во Бога“. ¬– Selected Messages, bk. 2, p. 271.


Вторник 25. април

3. НЕБЕСЕН ДОМ

а. Што ќе се случи со живите праведници, заедно со воскреснатите светци? 1 Солунјаните 4:17.

„„(Христос) бил обвинет за богохулење и осуден на сурова смрт, но Тој ги скинал оковите на гробот и триумфално воскреснал од мртвите, и над изнајмениот гроб на Јосиф објавил: ‘Јас Сум Воскресението и Животот’ (Јован 11:25). Нему му била доверена сета моќ на небото и на земјата, а и праведниците ќе излезат од гробот слободни во Исуса. Тие ќе бидат достојни да го примат тој нов свет и воскресението од мртвите...

Колку славно утро ќе биде утрото на воскресението! Каква прекрасна сцена ќе се открие кога на Христос ќе му се восхитуваат оние што веруваат! Сите што биле соучесници со Христа во Неговото понижување и страдања ќе бидат со Него соучесници во Неговата слава. Преку Христовото воскресение од мртвите, секој свет верник кој се упокоил во Исуса ќе излезе од својата затворска куќа како победник...

Исус Христос триумфирал над смртта и ги раскинал оковите на гробот, и сите што спијат во гробот ќе ја споделат победата; тие ќе излезат од своите гробови како што направил Победникот”. ¬– Selected Messages, bk. 2, pp. 271, 272.

б. Како ќе се соберат и со каква цел? Матеј 24:29-31; Јован 14:3; 13:36.

„Долго чекавме на враќањето на нашиот Спасител. Но ветувањето сепак е сигурно. Наскоро ќе бидеме во ветениот дом. Таму Исус ќе нѐ води покрај живата река, која тече од Божјиот престол, и ќе ни го објасни засега несфатливото провидение со кое нѐ водел на оваа земја за да го усоврши нашиот карактер. Таму со непомрачен поглед ќе ги посматраме убавините на повторно воспоставениот Едем. Полагајќи ги пред нозете на Откупителот круните ставени на нашите глави од Неговата рака, и допирајќи ги жиците на златните харфи, ние целото небо ќе го исполниме со песна на благодарност на Оној што седи на престолот”. ¬– 8 Сведоштво, 254.

„Фала му на Бога! Се стремам кон овие дворци. Не за земните дворци овде, зашто во блиска иднина ќе ги потресе силен земјотрес; туку во небесните дворци кои Христос отишол да ги подготви за верните. Овде немаме дом. Овде сме само патници и странци, на нашиот пат кон подобра земја, односно небесна”. ¬– In Heavenly Places, p. 354.


Среда 26. април

4. ИСКУСТВОТО НА НЕПОКАЈНИТЕ

а. Што се случува со непокајаните при второто Христово доаѓање и зошто? 2 Солунјаните 1:7,8; 2:7,8.

„Грешниците се исполнети со жалење, но не поради грешното занемарување на своите должности кон Бога и кон ближните, туку затоа што Бог победил. Плачат поради настанатите последици, но тие не се каат поради своите гревови. Би употребиле секакво средство да победат, само кога би можеле“. – Големата борба, 654.

„Христос овде не укажува на земни илјада години во текот на кои сите треба да се подготват за вечноста. Тој ни вели дека како што беше во деновите на Ное, така ќе биде кога Синот Човечки повторно ќе дојде“. – Копнежот на вековите, 633.

б. Опишете ја оваа одмазда. Откровение 19:11-16; Исаија 24:17-22; Еремија 25:30-33.

„Сега секој ја донел својата одлука; грешниците потполно се соединиле со сатаната во неговата борба против Бога. Настапило време Бог да го одбрани авторитетот на Својот погазен закон. Сега не се води борба само со сатаната, туку и со луѓето. ‘Господ им суди на сите народи’, ‘нечесните ќе ги предаде на меч’...

Уништувањето започнува од оние што тврделе дека се духовни чувари на народот. Лажните стражари се првите кои паѓаат. Ангелот на смртта нема никого да сожали или да го поштеди. Мажи, жени, девојки и деца - сите ќе загинат”. ¬– Големата борба, 656.

в. Опишете што се случува со сите овие мртви — и каква ќе биде состојбата на земјата во тоа време. Откровение 19:17-21; Еремија 4:23-29; Исаија 24:1-4.

„При Христовото доаѓање грешниците ќе бидат избришани од лицето на целата земја - убиени со духот на Неговата уста и уништени со светлината на Неговата слава. Христос Својот народ ќе го поведе во Божјиот град и земјата ќе остане без своите жители...

Цела земја се претвора во ненаселена пустина. На површината на земјата лежат расфрлени урнатини од градовите и селата разурнати од земјотреси, искорнати дрвја, карпи исфрлени од морето или одронети од планините, додека огромни бездни ги обележуваат местата каде што стоеле планините”. ¬– Големата борба, 657.


Четврток 27. април

5. ПУСТОШ

а. Што правеле жителите на оваа земја кога навлекле на себе таков гнев од светиот Бог? Исаија 24:5,6.

„Шест илјади години трае големата борба. Божјиот Син и Неговите небесни гласници биле во судир со силите на злото за да ги предупредат, да ги просветлат и да ги спасат синовите човечки. Сега секој ја донел својата одлука; грешниците потполно се соединиле со сатаната во неговата борба против Бога. Настапило време Бог да го одбрани авторитетот на Својот погазен закон. Сега не се води борба само со сатаната, туку и со луѓето. ‘Господ им суди на сите народи’, ‘нечесните ќе ги предаде на меч’“. ¬– Големата борба, 656.

б. Дали е ова конечен крај? Еремија 4:27. Колку долго ќе останат во оваа состојба? Откровение 20:5.

„Злите беа уништени, и нивните мртви тела лежеа по земјата. Гневот Божји во седумте последни зла беше истурен врз жителите на земјата, причинувајќи да ги гризат своите јазици од болка и да го проколнуваат Бога. Лажните пастири беа посебен предмет на гневот на Јехова. Нивните очи пропаднаа во нивните дупки и нивните јазици во нивните усти, додека тие стоеја на своите нозе. Откако светиите беа избавени од гласот Божји, злото мноштво ја сврте својата јарост еден кон друг. Земјата изгледаше како да е поплавена од крв, и од едниот крај до другиот крај имаше мртви тела”. ¬– Рани списи, 289.

„Писателот на Откровението претскажувајќи го прогонството на сатаната како и состојбата на хаос и пустош во која ќе се наоѓа земјата, кажува дека оваа состојба ќе трае илјада години”. ¬– Големата борба, 658.


Петок 28. април

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Кој настан го означува почетокот на милениумот и како се одвива?

2. Од што се плашеле Солунјаните и како зборовите на Павле им донеле утеха?

3. Како Христовите ветувања ни носат утеха? На кои ветувања ова конкретно се однесува?

4. Зошто непокајаните се уништени од сјајот на Христовото доаѓање?

5. Колку е темелно конечното уништување на непокајаните?

 <<    >>