Back to top

Sabbath Bible Lessons

Посветли зраци на светлината - Ризници на вистината (I)

 <<    >> 
4. лекција Сабота, 22. април 2023.

Кога сонцето ќе зајде

„Верни се зборовите: Ако со Него сме умреле, со Него и ќе живееме“ (2 Тимотеј 2:11).

„Нашите смртни тела можат да умрат и да бидат положени во гробот. Сепак, блажената надеж живее до воскресението, кога гласот на Исус ќе ја повика заспаната прашина. Тогаш ќе уживаме во полнотата на блажената, славна надеж“. ¬– In Heavenly Places, p. 352.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ:   Големата борба, 551-562. 

Недела 16. април

1. ЖЕЛБАТА ЗА БЕСМРТНОСТ

а. Зошто на овој свет постои смрт — и каква надеж всадил Господ во нашите срца? Римјаните 5:12; 6:23; Проповедник 3:11.

„Со престапот човекот ја загубил бесмртноста што му била ветена под услов на послушност. Адам не можел да му го пренесе на своето потомство она што самиот го немал; а за паднатиот род не би имало надеж, ако Бог жртвувајќи го својот Син, не го направил тоа повторно достапно... Само преку Христа може да се добие бесмртност“. – Големата борба, 533.

„За да може да живее вечно, човекот морал да продолжи и натаму

да јаде плодови од дрвото на животот. Но, бидејќи тоа му било скусено,

неговата животна сила морала постојано да опаѓа сѐ додека најпосле неговиот живот не се угасил. План на сатаната бил Адам и Ева со својата непослушност да навлечат на себе Божји гнев; а потоа се надевал дека тие доколку Бог не им прости, и натаму ќе продолжат да ги уживаат плодовите од дрвото на животот и со тоа ќе го овековечат постоењето на гревот и на неволјите. Меѓутоа, веднаш по човековиот пад, на светите ангели им било наредено да ги чуваат приодите кон дрвото на животот. Тие ангели биле опкружени со блескотни зраци на светлина што изгледала како пламенен меч. Никому од Адамовите потомци не му било дозволено да ја премине таа граница за да го вкуси животворниот плод од дрвото на животот; затоа не постои бесмртен грешник“. – Патријарси и пророци, 60.


Понеделник 17. април

2. ДУША

а. Бидејќи душата е составена од материја направена од прав плус Божјиот здив што бил даден при создавањето (Создавање 2:7), што треба да сфатиме за тоа што се случува во моментот на смртта? Проповедник 12:7; Јаков 4:14.

„Не кажувајте дрско: ‘Денес или утре ќе одиме во овој или оној град и ќе останеме таму една година, ќе купуваме и продаваме и ќе имаме профит’. Бог можеби има други планови за вас. Животот е само пареа“. ¬– The Review and Herald, December 23, 1902.

б. Која е разликата помеѓу луѓето и животните кога ќе умрат? Псалм 49:16,17; Проповедник 2:15,16; 3:19,20.

„Родословието на човечкото семејство, како што ни го дава божественото вдахновение, не води потекло од некои микроорганизми, лазачи и четириношци, туку од големиот Творец. Иако создаден од прав, Адам бил ‘Божји син’ (Лука 3:38).

Него Бог, како свој претставник, го поставил над суштествата од понизок ред. Овие суштества не биле во состојба да го сфатат или да го признаат Божјото владејачко достоинство, но сепак им е дадена способност да го сакаат човекот и да му служат“. – Патријарси и пророци, 44,45.

„О, чудесна Христова љубов, што си се надвила да ги исцелиш грешните и страдалниците! Божество, Кое тагува и ги утешува страдањата на човештвото! О, чудесна сило, која на тој начин си им се покажала на синовите човечки! Кој може да се сомнева во пораката на спасение? Кој може да ја омаловажува милоста на сочувствителниот Откупител?

За да се поврати здравјето на тоа тело што се распаѓало, морала да стапи во дејство создавачката сила. Со истиот збор со кој му е даруван животот на човекот создаден од прав, даден е и животот на парализираниот што умирал. Истата сила, која на телото му подарила живот, го обновила срцето. Оној, Кој при создавањето ‘рече и тие настанаа’ Кој ‘заповеда и се создадоа’ (Псалм 33:9), и влеал со Своите зборови живот на душата мртва во престапите и гревовите“ – Копнежот на вековите, 269,270.

„Во пресудата изречена над сатаната се наоѓало навестување за откупување. ‘Ставам непријателство меѓу тебе и жената’ - рекол Бог – ‘и меѓу родот твој и породот нејзин. Тој ќе ти ја смачкува главата, а ти ќе го каснуваш во петата’ (Создавање 3:15). Оваа реченица, изречена во присуство на нашите прародители, за нив била ветување. Пред да слушнат за трњето и плевелот, за мачната работа и жалоста кои ќе им паднат во дел, или за правот во кој ќе се вратат, ги слушнале зборовите кои сигурно им влеале надеж. Сѐ што било загубено со попуштањето на сатаната, можело повторно да се добие преку Христа“. – Воспитување, 27.


Вторник 18. април

3. СОСТОЈБАТА НА МРТВИТЕ

а. Објаснете за што се свесни мртвите луѓе – и зошто ова треба јасно да го разбереме. Проповедник 9:3-6; Псалм 115:17; 146:4

„Спиритизмот е ремек-дело на измамата. Ова е најуспешната, и најфасцинантната заблуда на сатаната - пресметана да ги придобие симпатиите на оние кои ги положиле своите најблиски во гроб. Злите ангели доаѓаат во форма на овие најблиски и раскажуваат случки поврзани со нивните животи и ги вршат делата што ги правеле во текот на нивниот живот. На овој начин, тие ги наведуваат луѓето да веруваат дека нивните мртви пријатели се ангели кои лебдат над нив и комуницираат со нив. Овие зли ангели, кои се претставуваат како починати пријатели, се третираат со одредена доза на идолопоклонство, и за многумина нивните зборови имаат поголема тежина од Божјата Реч“. ¬– This Day With God, p. 247.

„Спиритизмот ќе го зароби светот. Многу луѓе мислат дека спиритизмот се заснова на измама и имитирање, но тоа е далеку од вистината. Натчовечката сила функционира на различни начини, а малкумина имаат идеја за тоа какви ќе бидат манифестациите на спиритизмот во иднина. Основата на успехот на спиритизмот беше поставена во тврдењата што беа изнесени од проповедниците на нашата земја. Свештенството ги прогласило библиските доктрини за лаги, кои потекнуваат од опасниот измамник.

Доктрината за свесна состојба после смртта, дека духовите на мртвите комуницираат со живите, нема основа во Светото Писмо, а сепак овие теории се наметнати како вистинити. Преку оваа лажна доктрина се отвора патот ѓаволските духови, кои се претставуваат како покојници, да ги мамат луѓето. Слугите на сатаната ги имитираат покојниците и на тој начин ги водат душите во заробеништво. Сатаната има своја религија, тој има синагога и посветени обожаватели“. – Evangelism, pp. 602, 603.

б. Бидејќи мртвите ништо не знаат, дали можеме да се молиме на умрените светци да посредуваат меѓу нас и Бога? 1 Тимотеј 2:5.

„Обожавањето на мртвите имало значајно место во речиси сите пагански системи, како и наводната комуникација со мртвите. Се верувало дека боговите им ја соопштуваат својата волја на луѓето, а исто така, кога ги консултираат, тие им даваат совети. Од таков карактер биле познатите пророци на Грција и Рим“. – Evangelism, pp. 603.


Среда 19. април

4. НАДЕЖ ВО ГРОБОТ

а. Споредете го степенот на надеж помеѓу две различни групи на луѓе додека заминуваат во гробот. Изреки 11:7; 14:32; Римјаните 8:11.

б. Објасни ја разликата помеѓу воскресението на праведниците и воскресението на злите. Јован 5:21-29.

„Но меѓу двете класи воскреснати постои видлива разлика... Тие што ќе бидат достојни за воскресение за живот, ќе бидат ‘блажени и свети’. ‘Над нив втората смрт нема власт’ (Откровение 20:6). Но, оние што со покајание и со вера не добиле проштевање, мора да примат казна за престапот – ‘плата за гревот’. Тие ќе поднесуваат казна, различна по траење и по јачина, ‘според своите дела’, која конечно ќе заврши со втората смрт. Бидејќи Бог, согласно со Неговата правда и милост, не може да го спаси грешникот во неговите гревови, Тој го лишува од животот кој го загубил поради својот престап и за кој се покажал недостоен. Еден вдахнат писател кажува: ‘Уште малку, и грешникот ќе го нема; ќе го побараш местото негово и нема да го најдеш’ (Псалм 37:10). А друг пак кажува: ‘И ќе бидат како никогаш да не биле’ (Авдија 16). Покриени со срам, тие ќе потонат без надеж во вечен заборав“. – Големата борба, 544,545.

в. Како Библијата го нарекува тој временски период кога праведните се мртви? Псалм 13:3; Марко 5:39; Јован 11:11-14.

„На Своите деца кои веруваат Христос им ја прикажал смртта како спиење. Нивниот живот со Христа е сокриен во Бога и додека не затруби последната труба, оние кои умираат, ќе спијат во Него“. – Копнежот на вековите, 527.

„За верникот смртта е безначајно прашање. Христос зборува за неа како да има мала важност. ‘Оној што ќе ги запази Моите зборови, никогаш нема да види смрт’, ‘тој никогаш нема да вкуси смрт’. (Јован 8:51,52) За христијаните смртта е само сон, само момент на молчење и темнина. Животот е сокриен со Христа во Бога и ‘кога ќе се појави Христос, вашиот живот, тогаш и вие ќе се појавите со Него во слава’ (Колосјаните 3:4)...

При Неговото второ доаѓање сите драгоцени мртви ќе го слушнат Неговиот глас и ќе излезат во славен, бесмртен живот. Онаа иста сила која го подигнала Христа од мртвите, ќе ја подигне и Неговата црква и ќе ја прослави со Него над сите началства, над сите сили, над секое име што се спомнува, не само во овој свет, туку и во светот што доаѓа“. – Копнежот на вековите, 787.


Четврток 20. април

5. НАЧИН НА НЕГОВОТО ВОСКРЕСЕНИЕ

а. Исто како Адам, каква надеж треба да имаме пред нас? 1 Коринтјаните 15:12-23.

„По неговото протерување од Едем, Адамовиот живот на земјата бил исполнет со тага. Секој овенат лист, секоја принесена жртва, секое несовршенство во природата, која некогаш била толку убава, секоја дамка во човековиот карактер, постојано го потсетувале на неговиот грев. Страшна била болката на каење кога видел како беззаконието се шири и кога како одговор на неговите предупредувања добивал само прекор дека тој го предизвикал гревот. Речиси илјада години трпеливо и понизно ја поднесувал казната на својот престап. Искрено се покајал за својот грев и се потпирал врз заслугите на ветениот Спасител и така умрел со надеж во воскресението“ (Михеј 4:8)“. – Големата борба, 647.

б. Опишете како ќе се случи воскресението на Божјиот верен народ. 1 Коринтјаните 15:42-55.

„Земјата страшно се тресе додека Синот Божји ги повикува светиите коишто спијат. Тие одговорија на повикот и излегоа облечени со славна бесмртност, извикувајќи: ‘Победа, победа над смртта и гробот! О смрт, каде ти е осилото? О гробе каде е твојата победа?’ Тогаш живите светии и воскреснатите ги подигаат своите гласови, долго и занесно воскликнуваат во слава на победата. Верниците чии тела беа положени во гробот носејќи белег на болест и смрт, излегуваат од гробот во бесмртно здравје и сила. Живите светии се преобразуваат одеднаш, во едно треперење на окото и заедно со воскреснатите, се вознесуваат во воздухот, каде го среќаваат својот Господ. О, каква славна средба! Пријатели кого смртта ги има разделено се соединети, никогаш повторно да се раздвојат“. ¬– Рани списи, 287.


Петок 21. април

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Зошто луѓето се водени од желбата да живеат и не сакаат да умрат?

2. Како се дели првобитниот состав на душата при смртта?

3. До што води погрешната претстава за свесната состојба на мртвите?

4. Каква била надежта на сите верници откако смртта за првпат се појавила на овој свет?

5. Како телото конечно засекогаш ќе се соедини со здивот на животот?

 <<    >>