Back to top

Sabbath Bible Lessons

Посветли зраци на светлината - Ризници на вистината (I)

 <<    >> 
3. лекција Сабота, 15. април 2023.

Кој може да опстане?

„Очекувајќи ја блажената надеж и славното јавување на нашиот Сèмоќен Бог и Спасител, Исус Христос“ (Тит 2:13).

„Една од најсвечените и најславни вистини откриени во Библијата е вистината за второто Христово доаѓање кој ќе дојде да го доврши големото дело на откупувањето... Учењето за второто Христово доаѓање е главна наука на Светото Писмо“. – Големата борба, 299.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ:   Големата борба, 635-652. 

Недела 9. април

1. БУКВАЛНО ВРАЌАЊЕ

а. Наведете го најблагословеното ветување во Светото Писмо. Јован 14:1-3; 2 Тимотеј 4:8.

„Доаѓањето на Господ во сите векови било блажена надеж на Неговите вистински следбеници. Ветувањето што го дал Спасителот при разделбата на Маслиновата Гора дека повторно ќе дојде, на Неговите ученици им ја расветлуваше иднината, нивните срца ги исполнуваше со радост и надеж која никаква жалост не можеше да ги угаси ниту прогонство да ги затемни. Среде страдањата и прогонствата, ‘славното јавување на нашиот Семоќен Бог и Спасител, Исус Христос’, претставуваше ‘блажена надеж’ (Тит 2:13). Кога солунските христијани ја оплакувале загубата на своите мили, кои се надевале дека ќе останат живи до Христовото враќање, апостол Павле ги тешел зборувајќи им за воскресението што ќе се случи при Христовото доаѓање“. – Големата борба, 302.

б. Зошто деталите во пророштвата за Христовото враќање се толку важни? Матеј 24:30,31; Евреите 9:28.

„Апостолската црква не верувала во преобраќање на целиот свет и не проповедала воспоставување на Христово духовно владеење. Таа наука е прифатена дури во почетокот на 18. век. Како и секоја друга заблуда, и оваа имала свои лоши последици... Таа предизвикувала чувство на доверба и сигурност, но без основа, и мнозина биле заведени да ја занемарат потребата од подготовка за средба со својот Господ“. – Големата борба, 321.


Понеделник 10. април

2. БУКВАЛНО И ВИДЛИВО

а. На кој начин Исус повторно ќе дојде? Дела 1:9-11.

„Сеќавањето на ветувањето за второто Христово доаѓање морало секогаш да биде живо и свежо во душата на Неговите ученици. Истиот тој Исус, кого го виделе како се издигнува кон небото, повторно ќе дојде да ги земе кај себе сите кои овде ѝ се посветиле на Неговата служба. Истиот глас кој им рекол: ‘Еве, јас сум со вас во сите дни до крајот на векот’, ќе им посака добредојде во своето присуство во небесното царство“. – Делата на апостолите, 33.

„За ужалените ученици, тоа ветување дека повторно ќе го видат Христа кого толку многу го сакале било навистина драгоцено. Исто така, ова ветување е драгоцено и за секој верен Христов следбеник. На никого кој вистински го сака Исуса нема да му биде жал што Тој повторно доаѓа...

Исус доаѓа онака како што се вознел на небото, само со дополнителен сјај. Тој доаѓа со славата на Својот Отец, и со сите свети ангели кои го придружуваат на Неговиот пат. Наместо суровиот трнов венец кој ги прободувал Неговите свети слепоочници, венец на блескава слава ќе го краси Неговото чело... Тој нема да носи обична наметка без шевови, туку облека побела од снег – со блескав сјај. Исус доаѓа! Но, Тој не доаѓа да царува како привремен кнез. Тој ќе ги воскресне праведните мртви, ќе ги преобрази живите светци во славна бесмртност и заедно со светите ќе го преземе царството под целото небо“. – The Faith I Live By, p. 351.

б. Дали ова значи дека Исус воскреснал во своето вистинско тело? Јован 2:19-21.

„По воскресението свештениците и поглаварите ширеле гласови дека Исус не умрел на крстот, туку дека само се онесвестил и потоа оживеал. Друга вест тврдела дека во гробот не било положено тело од месо и коски, туку дека било направено нешто слично на тело и спуштено во гроб. Постапката на римските војници ги побило тие невистини. Тие не Му ги скршиле нозете, бидејќи Тој веќе бил мртов. За да ги задоволат свештениците, му Ги проболе ребрата со копје. Кога Неговиот живот не би бил згаснат таа рана би предизвикала моментална смрт“. – Копнежот на вековите, 772.

„По Своето воскресение, Христос уште извесен период престојувал на Земјата, за да можат Неговите ученици да Го запознаат и во Неговото воскреснато и прославено тело. Сега бил подготвен да се раздели од нив. Тој ја докажал веродостојноста на фактот дека Тој е жив Спасител. Неговите ученици за Него веќе не морале да мислат како за Оној, Кој лежи во Јосифовиот гроб. Тие за Него треба да мислат како за Оној, Кој се прославил пред целата вселена“. – Копнежот на вековите, 829.


Вторник 11. април

3. НЕГОВОТО СЛАВНО ПОЈАВУВАЊЕ

а. Опишете го буквалното враќање на Исус Христос од небото. Матеј 25:31.

„Ниту еден јазик не може да ја опише славата на таа сцена. Жив облак на величество и ненадминлива слава се приближуваше сѐ поблиску и поблиску, и ние можевме јасно да ја гледаме прекрасната личност Исусова. Тој не носеше круна од трње, туку круна од слава почиваше на Неговото свето чело. На неговиот одар и на бедрата беше запишано името: ‘Цар над царевите и Господар над господарите’. Неговото лице беше светло како пладневното сонце, Неговите очи беа како пламен оган и Неговите стапала имаа изглед на најфин бакар. Неговиот глас звучеше како многу музички инструменти. Земјата трепереше пред Него, небото го снема како свиток кога се смотува; и сите гори и сите острови се поместија од своите места“. – Рани списи, 286,287.

б. Колку од живите жители на земјата нема да можат да го препознаат таквото доаѓање? Матеј 24:24-27; Откровение 1:7; 6:16,17.

„Таа молитва ќе биде страшно исполнета на денот на Големиот суд. Кога Христос повторно ќе дојде на Земјата, луѓето нема да Го гледаат како затвореник опкружен со бесно мноштво. Тие ќе Го видат како небесен цар. Христос ќе дојде во сета Своја слава, во славата на Својот Татко и во славата на светите ангели. Десет илјади по десет илјади и илјади илјади ангели, прекрасни и победнички Божји синови, во ненадминлива убавина и слава, ќе Го следат на Неговиот пат. Тогаш, Тој ќе седне на престолот на Својата слава, а пред Него ќе се соберат сите народи. Тогаш ќе Го здогледа секое око, па и оние кои Го распнаа. Наместо трнов венец, Тој ќе носи славна круна круна во круна. Наместо таа стара пурпурна облека, ќе биде облечен во најсјајна бела облека, ‘каква што не може да избели ниту еден избелувач на Земјата’. (Марко 9:3) На Неговата облека и на Неговите бедра ќе бидат напишани зборовите: ‘Цар над царевите и Господар над господарите’. (Откровение 19:16) Тука ќе се наоѓаат и оние што Му се потсмевале и Го удирале. Свештениците и поглаварите повторно ќе ги видат сцените во судницата. Секоја подробност ќе се појави пред нив, како да е испишана со пламени букви. Тогаш оние кои викале: ‘Неговата крв нека биде врз нас и врз нашите деца,’ ќе добијат одговор на својата молба. Тогаш цел свет ќе дознае и ќе разбере. Тогаш тие бедни и слаби смртници ќе видат против кого и против што се бореле. Во ужасна агонија и страв, тие ќе повикаат на горите и карпите: ‘Паднете врз нас и сокријте не од лицето на Оној што седи на престолот и од гневот на Јагнето, зашто дојде големиот ден на Неговиот гнев и кој може да се одржи?’“ (Откровение 6:16, 17). – Копнежот на вековите, 739.


Среда 12. април

4. ЦЕЛТА НА НЕГОВОТО ДОАЃАЊЕ

а. Која е главната цел на Исусовото повторно доаѓање? Матеј 16:27.

„Во Својата божествена мудрост и незаслужена милост, Господ одредил добрите дела да бидат наградени. Прифатени сме само благодарение на Христовите заслуги; а делата на милосрдието, делата на милоста што ги правиме се плодови на верата и тие стануваат благослов за нас, бидејќи луѓето треба да бидат наградени според своите дела. Мирисот на Христовите заслуги е тој што ги прави нашите добри дела прифатливи за Бога, а благодатта е таа што ни овозможува да ги правиме делата за кои Тој нѐ наградува. Нашите дела сами по себе немаат никаква заслуга. Кога ќе направиме сѐ што е во наша моќ, треба да се сметаме за недостојни слуги. Не заслужуваме благодарност од Бога. Го правевме само она што беше наша должност да го направиме, а нашите дела не можеа да се направат со силата на нашата грешна природа“. – The SDA Bible Commentary [E. G. White Comments], vol. 5, p. 1122.

б. Што ќе биде со оние кои умреле со надеж дека ќе го видат Христовото враќање? 1 Солунјаните 4:13-18.

„Кога е отворено и прочитано посланието на Павле, зборовите што ја откривале вистинската состојба на покојниците ѝ донеле голема радост и утеха на црквата. Павле објаснил дека оние што ќе живеат во времето на Христовото доаѓање нема да излезат во пресрет на Господа пред оние што заспале во Исуса. Глас на архангел и Божја труба ќе допрат до заспаните и мртвите во Христа ќе станат први, пред живите да добијат бесмртност“. – Делата на апостолите, 258.

в. Што се случува со непокајаните? Марко 8:38; Откровение 6:14-17.

„Во животот на сите оние кои ја отфрлаат вистината, постојат моменти кога совеста се буди, кога сеќавањето ги изнесува на виделина мачните спомени за лицемерниот живот, а душата ја мачи залудно каење. Но, што е сето тоа во споредба со грижата на совеста во оној ден кога ‘ќе ве нападне ужас како бура, и зло како виор ќе мине над вас, кога ќе ве снајде неволја и мака’ (Изреки 1:27). Оние што решиле да го убијат Христа и Неговиот верен народ, сега ја гледаат славата што ги опкружува“. – Големата борба, 644.


Четврток 13. април

5. ПОДГОТВЕНОСТ

а. Каков карактер ни е неопходен за да бидеме подготвени да бидеме сведоци на овие завршни настани? 1 Јованово 2:28; 3:1-9.

„Коренот на праведноста лежи во побожноста. Секое човечко суштество е праведно само ако има вера во Бога и ако одржува жива врска со Него. Како што цветот во поле има корен во почвата, како што тој мора да добива воздух, роса, дожд и сончеви зраци, така ние мораме да го добиваме од Бога она што е потребно за животот на душата. Дури кога ќе станеме учесници во Неговата природа, можеме да стекнеме сила да се покориме на Неговите заповеди. Ниту еден човек, моќен или непознат, искусен или неискусен, не може да води меѓу своите ближни чист, силен живот ако тој живот не е сокриен со Христа во Бога. Ако е поголема активноста меѓу луѓето, тогаш поблиска треба да биде комуникацијата на срцето со Бога“. – 7 Сведоштво, 194.

б. Што прават сите оние што го чекаат Христово враќање? Марко 13:35-37; Јаков 5:7,8; 1 Солунјаните 5:1-6.

„Бидејќи времето е кратко, треба да работиме со трудољубивост и двојна енергија...

‘Бидете будни и молете се’ е наредба што често се повторува во Светото Писмо. Во животот на оние што ќе ја послушаат оваа наредба ќе има поток на среќа што ќе ги благослови сите со кои ќе дојдат во контакт. Лутите и раздразливите луѓе ќе станат пријатни и кротки, гордите ќе станат кротки и понизни“. – Counsels to Parents, Teachers, and Students, p. 293.


Петок 14. април

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Која била постојаната надеж на сите верници од времето кога нашите прародители биле протерани од Едемската градина?

2. Како знаеме дека Христовото доаѓање е буквално?

3. Од оние што живеат на земјата, кој всушност ќе може да го види Неговото враќање?

4. Зошто Исус повторно доаѓа?

5. Како се подготвуваш да го видиш Исуса?

 <<    >>