Back to top

Sabbath Bible Lessons

ПАВЛОВОТО ЕВАНГЕЛИЕ ДО: Римјаните

 <<    >> 
  Сабота, 5. март 2022.

Дар во првата сабота за црквата во Keilor Park, Австралија

Дом на околу пет милиони луѓе, Мелбурн, Викторија, е најјужниот главен град на австралиското копно. Реформното движење на АСД овде е присутно повеќе од педесет години.

Во 1972. година беше изградена црковна зграда во западните предградија на Keilor Park, со волонтерски напори. Кога се градеше, се мислеше дека оваа зграда ќе биде доволно голема. Сепак, со текот на годините нашето членство растеше, се родија многу деца, па се зголеми и бројот на посетители во црквата.

Откако половина век стоеше како светилник на заедницата, црковната зграда во Keilor Park сега има потреба од сериозни поправки. Исто така, таа стана премала да го смести зголемениот број на оние кои присуствуваат на богослужбите. Во последните години темелите околу црковниот објект почнаа да тонат, а ѕидните и покривните конструкции не можат да го издржат ваквото поместување на темелите. Тоа би барало многу комплицирани и скапи поправки.

По долго размислување, браќата дојдоа до заклучок дека реставрацијата на црквата би било најдоброто, наједноставното и најисплативото решение. Значи, наша желба е да ја довршиме изградбата на една поголема црква во која ќе го славиме Бога и ќе им сведочиме на луѓето околу нас. Ние исто така планираме и изградба на нова трпезарија за школа за готвење, здравствени предавања и други јавни активности.

Го добивме потребното одобрение од локалните власти, изготвивме планови за градба и сега сме во фаза на добивање градежна дозвола.

До моментот кога оваа молба ќе стигне до вас, изградбата ќе биде започната а на членовите и пријателите на црквата во Keilor Park им треба вашата помош. Градежна дозвола бара паркингот да биде покриен со асфалт, што значително ни ги зголеми трошоците. Ние очекуваме дека завршувањето на овој проект ќе чини скромни 450.000 австралиски долари. До денес успеавме да собереме 220.000 долари, а ние имаме многу членови, пријатели, па дури и соседи во нашата црква кои се подготвени да го жртвуваат своето време за да ни помогнат во изградбата на нашата нова црковна зграда. „Да станеме и да градиме“ (Неемија 2:18)! Ве молиме придружете се во овој потфат и помогнете ни да го завршиме овој светилник за западниот дел на Мелбурн. Ви благодариме, и нека Бог го благослови секој донатор!

Вашите браќа и сестри од Австралиската Унија

 <<    >>