Back to top

Sabbath Bible Lessons

ПАВЛОВОТО ЕВАНГЕЛИЕ ДО: Римјаните

 <<    >> 
5. лекција Сабота, 29. јануари 2022.

Не повеќе робови на гревот

„Гревот нема да господари над вас, зашто вие не сте под Законот, туку под благодатта” (Римјаните 6:14).

„Христовото откупување не е само еден вешт начин да се простат нашите гревови, тоа претставува божествен лек за отстранување на престапите и обновување на духовното здравје. Тоа е средство определено од небото со помош на кое Христовата праведност не само што може да биде над нас, туку и во нашите срца и карактери”. ¬– The SDA Bible Commentary [E. G. White Comments], vol. 6, p. 1074.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ:   Римјаните 6 (цело поглавје); 
  The Signs of the Times, January 27; 
  February 3, 1898: “Knowing Christ.” 

Недела 23. јануари

1. БОЖЈАТА СИЛА ВО ОПРАВДУВАЊЕТО

а. Што се случува кога грешникот кој се кае е оправдан? Матеј 6:12; Јован 1:12,13.

„Покајникот прима простување бидејќи Христос е ‘Јагнето Божјо, Кое ги зеде гревовите на светот врз Себе’ (Јован 1:29). Божјото ветување гласи: ‘Гревовите ваши да се и алово црвени - како снег ќе ги побелам; да бидат црвени и како пурпур - како волна ќе станат бели’ (Исаија 1:18). ‘Ќе ви дадам ново срце... ќе го внесам во вас Мојот дух’ (Езекиел 36:26,27)”. ¬– Мисли од гората, 8.

„Простувањето кое Бог го дава не е само судски акт кој нѐ ослободува од осудата. Тоа не е само простување на гревот, туку и ослободување од гревот. Тоа е излив на спасоносната љубов која го преобразува срцето”. ¬– Мисли од гората, 114.

„Оние кои го примаат Христа како Спасител, Кој ги простува гревовите, се облечени во Неговата светла облека. Тој им го отстранува гревот и им ја дава Својата праведност. Нивната радост сега е целосна...

Оној што е вистински преобратен ќе биде толку исполнет со Божјата љубов што ќе копнее да им ја пренесе на другите радоста што самиот ја поседува”. ¬– Manuscript Releases, vol. 13, p. 212.


Понеделник 24. јануари

2. МРТВИ ЗА ГРЕВОТ, ЖИВИ ЗА ХРИСТА

а. Откако ќе се оправдаме со вера, дали сме слободни да живееме во грев? Римјаните 6:1,2.

„Со верна послушност на вистината, тие го утврдуваат својот повик и својот избор”. ¬– The SDA Bible Commentary [E. G. White Comments], vol. 6, p. 1115.

б. Што всушност симболизира крштевањето? Римјаните 6:3-5.

„Во спомен на Христовото воскресение, ние заедно со Него сме погребани при крштевањето, а потоа, слично на Неговото воскресение, стануваме од водениот гроб за да живееме нов живот”. -– Рани списи, 217.

„Сите што се синови или ќерки Божји ќе се одречат од безбожноста и световните похоти. Сите оние кои ќе застанат на страната на Господа, како гранки на вистинската Лоза, ќе бидат нахранети и ќе бидат поттикнати од Лозата да донесат сличен род. Тие ќе соработуваат со Бога, практикувајќи побожност според своите способности, чекорејќи во нов живот - секојдневно покајание пред Бога и вера во нашиот Господ Исус Христос”. ¬– The Review and Herald, February 23, 1897.

в. Кога верникот умира за гревот? 2 Коринтјаните 5:14; Римјаните 6:6. Како може тој/таа да го одржи ова искуство? Римјаните 6:11-13; 1 Коринтјаните 15:31.

„Павловото посветување настапило како плод на непрестана борба со самиот себе. Тој рекол: ‘Секој ден умирам’ (1. Коринтјаните 5:31). Неговата волја и неговите желби секој ден доаѓале во судир со должностите и Божјата волја. Наместо да се управува според своите склоности, тој ја вршел Божјата волја, без разлика колку со тоа ја распнувал својата природа”. ¬– 8 Сведоштво, 313.

„Кога станавте од водениот гроб за време на крштевањето, признавте дека сте умреле за гревот, дека вашиот живот е променет - скриен со Христа во Бога. Вие се претставивте како оние кои се мртви за гревот и очистени од своите вродени или стекнати склоности кон злото. За време на тој свечен обред, вие се заветувавте пред Бога дека ќе останете мртви за гревот. Вашата уста и вашиот јазик треба да бидат посветени. Вие треба да зборувате за Божјата добрина и да го славите Неговото свето име. На тој начин треба да бидете голема помош и благослов за црквата”. ¬– The SDA Bible Commentary [E. G. White Comments], vol. 7, p. 908.


Вторник 25. јануари

3. ЗАГАРАНТИРАНА ПОБЕДА

а. Што е вклучено во умирањето за гревот и себеси? Римјаните 6:15-18; Колосјаните 3:1-5,8-10.

б. Каде треба да се фокусираат нашите чувства? Колосјаните 3:2; Евреите 12:2.

„Ако небото се стекнува со страдање, тогаш тоа ќе биде доста евтино. На тој пат мораме постојано да се одречуваме од себеси и секој ден да умираме за себеси, гледајќи само на Исуса и имајќи ја пред очи постојано Неговата слава”. ¬– Рани списи, 67.

„Кога Божјите слуги што ја проповедаат денеска Божјата реч повеќе би го издигнувале Христовиот крст, нивната проповедничка работа би била далеку поуспешна. Кога грешниците би можеле да бидат наведени да фрлат еден сесрден поглед на крстот и кога би стекнале вистинска претстава за распнатиот Спасител, тие би ја сфатиле длабината на Божјата милост и сета одвратност на гревот”. ¬– Делата на апостолите, 209.

в. Какво уверување ни е дадено дека навистина можеме да го победиме гревот со Исусовата сила? Римјаните 6:14; 1 Јованово 5:4; 1 Коринтјаните 15:57.

„Невозможно е со сопствени сили да се спротивставиме на барањата на својата падната природа. Преку тој канал, сатаната ќе се обидува да не доведе до искушение. Христос знаел дека непријателот ќе се приближи на секое човечко суштество за да ја искористи наследената слабост и со лажни сугестии да ги улови оние чија доверба не се темели на Бога. Поминувајќи по патот низ кој морал да помине човекот, Спасителот го подготвил патот за ние да можеме да победиме. Негова волја не е да се најдеме во неповолна положба во судирот со сатаната. Тој сака да не ја изгубиме храброста пред нападите на змијата. ‘Не плашете се’, вели Тој, ‘зашто Јас го надвладеав светот’. (Јован 16:33)

Секој, кој се бори да ја совлада моќта на апетитот, нека гледа на Спасителот во пустината. Да го погледнеме во Неговата агонија на крстот како извикува: ‘Жеден сум!’ Тој издржал сѐ што можеме и ние да поднесеме. Неговата победа е и наша победа.

Исус се надевал во мудроста и силата на Својот небесен Татко. Тој вели: ‘Господ ми помага и затоа не се посрамив’ (Исаија 50:7)”. ¬– Копнежот на вековите, 122,123.


Среда 26. јануари

4. РОБОВИ НА ГРЕВОТ ИЛИ СЛУГИ НА ПРАВЕДНОСТА

а. Како можеме да победиме како што Христос победил? 2 Петрово 1:4.

„’Се приближува кнезот на овој свет’, вели Исус, ‘и во Мене тој нема ништо’. (Јован 14:30) Во Него немало ништо што би одговорило на вештото лукавство на сатаната. Тој не се согласувал на грев. Не им попуштал на искушенијата, дури ни во своите мисли. Така може да биде и со нас. Христовата човечка природа била соединета со божествената; Тој бил подготвен за борба со помош на Светиот Дух, Кој живеел во Него. Тој дошол да не направи учесници во божествената природа. Додека сме соединети со Него преку вера, гревот нема власт над нас. Бог посегнува кон раката на верата во нас за да ја насочи да се фати за Христовото божество, за да постигнеме совршенство на карактерот”. ¬– Копнежот на вековите, 123.

„Зар нема да го прифатиме непријателството што Христос го поставил меѓу човекот и змијата?” ¬– That I May Know Him, p. 16.

б. Како Павле ја опишува состојбата на човекот кога е одвоен од Бога? Ефесјаните 2:1-3; Римјаните 6:20,21. Но, што се случува кога ќе му се предадеме на Христа? Римјаните 6:19,22,23.

„Сатаната работи во децата на непослушност, имајќи не само пристап до нивните умови, туку и дејствувајќи преку нивното влијание, свесно и несвесно, за да ги привлече другите во истата непослушност”. ¬– Selected Messages, bk. 1, p. 94.

„Душата што му се предава на Христа станува Негова тврдина, која Тој ја држи во еден бунтовен свет и Тој не сака во неа да се признае некоја друга власт освен Неговата. Душата која се држи така во поседот на небесните сили, е несовладлива за нападите на сатаната. Но ако не се предадеме под контрола на Христа, над нас ќе владее злиот. Неминовно мораме да бидеме под власт на едната или на другата голема сила, кои се борат за превласт во светот. Не е неопходно да избереме служба на царството на темнината за да потпаднеме под нејзина власт. Доволно е само да занемариме да се соединиме со царството на светлината. Ако не соработуваме со небесните сили, сатаната ќе го заземе срцето и ќе го направи свое живеалиште”. ¬– Копнежот на вековите, 324.


Четврток 27. јануари

5. ДАРОТ НА ВЕЧНИОТ ЖИВОТ

а. Што им е ветено на оние кои остануваат верни на Христа? Колосјаните 1:21-23; Римјаните 6:23 (втор дел).

„Кога ја полагаме нашата доверба во Исус Христос, работејќи со послушност преку праведност, Божјите ангели работат во нашите срца за праведност”. ¬– Selected Messages, bk. 1, p. 94.

б. Како Христос го дефинирал вечниот живот во Својата посредничка молитва - и под кој услов е можен вечниот живот? Јован 17:3; 1 Јованово 5:12,13,20.

„(Јован 17:3). Овие зборови значат многу. Само со познавање на Христа можеме да го спознаеме Бога. Оној кој е испратен од Бога ги повикува сите да ги послушаат овие зборови. Тоа се Божји зборови и секој треба да внимава на нив; затоа што ќе бидат судени по нив. Да се познава Христос во спасоносна смисла значи да се оживее со духовно знаење и да се извршуваат Неговите зборови. Без ова, сè друго е безвредно”. ¬– The Signs of the Times, January 27, 1898.

„Познавањето на Бога претставува еден вид знаење кое ќе биде трајно како вечноста“ ¬– Fundamentals of Christian Education, p. 392.

„Вистинското познавање на Исус Христос значи многу повеќе отколку да се има само одредена претстава за Христа - дека Тој е Спасителот на светот. Ние мора да имаме лично знаење и искуство во Исуса Христа, искуствено познавање на Христа, да знаеме што е Тој за нас, а што сме ние за Него. Ова е искуство кое секој го посакува. Сега јас не можам да го добијам за некој од вас, ниту вие можете да го добиете за мене. Делото што треба да се направи за нас ќе се изврши преку пројавување на Божјиот Свет Дух на човечките умови и срца. Срцето мора да биде очистено и посветено”. ¬– This Day With God, p. 213.

„Да се познава Бог, значи да се љуби Бог”. ¬– Копнежот на век., 22.


Петок 28. јануари

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Кога Создателот создава ново срце во мене, што се случува со моите приоритети?

2. Кога имам ново срце, што ќе се случи со начинот на кој зборувам?

3. Што се случува кога ќе продолжам да ги насочувам моите чувства кон Христа?

4. Каква е мојата човечка природа без Христа, - и што се менува кога целосно ќе му ја предадам волјата на Христа?

5. Зошто е толку важно за мене да го познавам Исус како мој Пријател и Спасител?

 <<    >>