Back to top

Sabbath Bible Lessons

ПАВЛОВОТО ЕВАНГЕЛИЕ ДО: Римјаните

 <<    >> 
2. лекција Сабота, 8. јануари 2022.

Сите сме грешници

„Сите згрешија и лишени се од славата Божја” (Римјаните 3:23).

„Многумина се измамени во врска со состојбата на нивните срца. Тие не сфаќаат дека природното срце е измамливо повеќе од сè и неверојатно лукаво”. – Selected Messages, bk. 1, p. 320.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ:   Римјаните 3:9-23
  Библ. комен., vol. 6, pp. 1069–1072. 

Недела 2. јануари

1. ОВА ГИ ЗАСЕГА СИТЕ!

а. Како Павле ја опишува вистинската состојба и на религиозните и на нерелигиозните луѓе? Римјаните 3:9,10.

„Сите имаат иста грешна природа. Сите се подложни на грешки. Никој не е совршен. Господ Исус умрел за грешниците, за да им биде простено. Не е наша работа да осудуваме. Христос не дошол да осуди, туку да спаси”. – In Heavenly Places, p. 292.

б. Каква дијагноза дава Павле за моралната и духовната состојба на човештвото - и како оваа пресуда одекнува и денес? Римјаните 3:11-19.

„Мојата душа беше скршена од болка кога ми беше покажано во каква слаба состојба се наоѓаат оние што се изјаснуваат како Божји народ. Беззаконието се умножило и кај мнозина љубовта оладила. Малкумина христијани тоа прашање го гледаат во вистинска светлина и се однесуваат како што треба дури и кога јавното мислење и воспоставените обичаи не го осудуваат погрешното. Колку се малку оние кои ги воздржуваат своите страсти, затоа што чувствуваат морална обврска да го сторат тоа и затоа што стравот Божји им е пред очите! Возвишените човечки способности се заробени од апетотот и расипаните страсти”. – 2 Сведоштво, 347.


Понеделник 3. јануари

2. ЦЕЛИОТ СВЕТ Е ВИНОВЕН ПРЕД БОГА

а. Имајќи ја во предвид совршената Божја праведност, каква е состојбата на целиот свет - вклучувајќи ги и сите оние што можеби се сметаат себеси за праведни? Римјаните 3:19.

„(Мнозина) се обвиткани со сопствената праведност и се задоволни со достигнувањето на сопственото човечко мерило на карактерот; но колку е страшен нивниот неуспех кога не успеваат да го достигнат божествениот стандард и не можат сами по себе да ги исполнат Божјите барања”. – Selected Mes¬sages, bk. 1, p. 320.

„Целиот свет стои осуден пред големиот морален стандард на праведноста. На големиот суден ден, секоја душа што живеела на земјата ќе прими суд, во согласност со тоа дали нејзините дела биле добри или лоши во светлината на Божјиот закон. Секоја уста ќе биде затворена кога ќе се прикаже крстот со Жртвата на умирање, а неговото вистинско значење ќе го види секој ум кој бил заслепен и расипан од гревот. Грешниците ќе стојат осудени пред крстот со неговата таинствена Жртва наведната под бескрајното бреме на човечките престапи. Колку брзо ќе исчезне секој трик, секој лажен изговор! Човечкото отпадништво ќе се покаже во својата одвратна природа. Луѓето ќе видат кој бил нивниот избор. Тие тогаш ќе знаат дека го избрале Варава наместо Христос, Кнезот на мирот”. – The Signs of the Times, March 7, 1895.

б. Која е – а која не е – користа од Божјиот закон? Римјаните 3:20.

„’Бидејќи преку Законот се познава гревот’ (1. Јованово 3:4; Римјаните 3:20). За да ја увиди својата вина, грешникот мора својот карактер да го испитува според големото Божјо мерило на правдата. Законот е огледало што го покажува совршенството на еден исправен карактер и го оспособува човекот да ги открие сопствените недостатоци.

Законот му ги открива на човекот неговите гревови, но не обезбедува лек. Додека на послушниот тој му ветува живот, во исто време објавува дека смртта е плата за престапникот. Само Христовото евангелие може грешникот да го ослободи од осудата и нечистотијата на гревот. Тој мора да се покае пред Бога чијшто Закон го престапил и да покаже вера во Христа, жртвата за неговото помирување. Со тоа тој добива ‘проштевање за минатите гревови’ и станува учесник во божествената природа. Тој е Божјо дете, зашто примил Дух на посинување со кој вика: ‘Ава, Оче!’”. – Големата борба, 467.


Вторник 4. јануари

3. БЛАГОДАТТА СЕ ИЗЛЕВА

а. Бидејќи не можеме да бидеме оправдани со нашата послушност кон законот, кој е единствениот начин да се оправдаме пред Бога? Римјаните 3:21-25.

„Припишувањето на Христовата праведност доаѓа преку вера која оправдува, а тоа оправдување е она за кое Павле толку искрено се залагал. Тој вели: (цитат од Римјаните 3:20-31).

„Милоста е незаслужена наклонетост, а верникот е оправдан без никаква сопствена заслуга, без никакви права со кои би можел да дојде пред Бога. Тој се оправдува преку откупувањето што е во Христос Исус, кој стои во небесните дворови како Замена и Гаранција на грешникот. Но, иако е оправдан поради Христовите заслуги, тој не е слободен да врши неправда. Верата работи со љубов и ја прочистува душата. Верата пупи и цути и носи жетва на скапоцени плодови... Христос и верникот стануваат едно, а убавината на Неговиот карактер се открива во оние кои се животно поврзани со Изворот на моќта и љубовта. Во Христа се наоѓа богата ризница на оправдувачка праведност и милоста што ја посветува”. – Selected Messages, bk. 1, pp. 397, 398.

б. Како може Бог да биде праведен и, во исто време, да го оправда грешникот? Римјаните 3:26; 2 Коринтјаните 5:19,21.

„Законот бара праведност, праведен живот, совршен карактер, а човекот не е во состојба да го даде тоа. Тој не може да удоволи на барањата на Божјиот свет закон. Меѓутоа, Христос, доаѓајќи на Земјата како човек, живеел свет живот и изградил совршен карактер. Тој го нуди тоа како бесплатен дар на сите што сакаат да го примат. Неговиот живот е замена за човечкиот живот. Така, благодарение на Божјото трпение, тие добиваат простување за минатите гревови. Повеќе од тоа, Христос ги исполнува луѓето со Божји особини. Тој изградува човечки карактер според божествениот, ускладувајќи ја духовната сила и убавина. Така, во оној што верува во Христа се исполнува праведноста на законот. Така, Бог може да биде ‘праведен и да го оправдува оној што верува во Исуса’ (Римјаните 3:26)”. – Копнежот на вековите, 762.


Среда 5. јануари

4. ОПРАВДАН СО ВЕРА

а. До каков заклучок доаѓа Павле откако го објаснил нашето оправдување пред Бога? Римјаните 3:20,28; Галатјаните 2:16.

„Прописите на законот нè просветлуваат, но тие никого не можат да оправдаат. ‘Измерен си на кантар и се најде многу лесен’, тоа е натпис кој се однесува на секој од нас. Но Христос е наш посредник, и прифаќајќи Го како наш Спасител, можеме да се повикаме на ветувањето: ‘И така, оправдани преку верата, имаме мир со Бога, преку нашиот Господ, Исус Христос’ (Римјаните 5:1)”. – In Heavenly Places, p. 156.

б. Што се случува со оние кои се оправдани со вера? Римјаните 3:21; 5:5.

„Христос е застапник на грешникот. Оние кои го прифаќаат Неговото евангелие Го гледаат со отворено лице. Тие ја гледаат поврзаноста на Неговата мисија со законот и ја признаваат Божјата мудрост и слава откриени од Спасителот. Христовата слава се открива во законот, кој претставува препис на Неговиот карактер, а Неговото преобразувачко влијание се чувствува во душата сè додека луѓето не станат слични на Неговото подобие. Тие стануваат учесници во божествената природа и сè повеќе наликуваат на својот Спасител, напредувајќи чекор по чекор во согласност со Божјата волја, сè додека не достигнат совршенство.

Законот и евангелието се во совршена хармонија. Секој го поддржува другиот. Во сета своја величественост, Законот има убедлив ефект врз совеста, предизвикувајќи грешникот да ја почувствува својата потреба од Христовата жртва на помирување. Евангелието ја препознава моќта и непроменливоста на Законот. ‘Преку Законот се познава гревот’, вели Павле. Чувството на грешност, поттикнато од Законот, го тера грешникот кон Спасителот. Во својата потреба, човекот може да се повика на силните аргументи од крстот на Голгота. Тој може да полага право на Христовата праведност, зашто таа му се дава на секој што се кае”. – The SDA Bible Commentary [E. G. White Comments], vol. 6, p. 1096.

в. Со каква вера се оправдува грешникот? Римјаните 1:17; Галатјаните 5:6.

„Да се стремиме кон онаа вера која работи со љубов и го чисти срцето, за да можеме да му го претставиме Христовиот карактер на светот”. – Christian Education, p. 93.


Четврток 6. јануари

5. НОВИОТ ЗАВЕТ

а. Кои ветувања се вклучени во заветот на благодатта (Новиот завет)? Евреите 8:6,10-13.

„’Новиот завет’ е заснован на ‘подобри ветувања’ - на ветување за проштавање на гревот и за божествена милост која е во состојба да го прероди срцето и да го доведе во хармонија со начелата на Божјиот закон. ‘Но еве го заветот, што ќе го склучам со домот Израелов по оние дни, вели Господ: ќе го вложам Мојот закон внатре во нив, и ќе го напишам во срцата нивни... ќе им ги простам беззаконијата нивни, и за гревовите нивни нема веќе да се сеќавам’ (Еремија 31:33,34).

Истиот Закон, кој бил напишан на камени плочи, Светиот Дух ги врежал на плочите на срцето. Наместо нашето јалово настојување да ‘утврдиме’ некоја своја правда, ние треба да ја прифатиме Христовата праведност. Неговата крв е средство за измирување за нашите гревови. Неговата послушност ни се припишува нам. Тогаш срцето, преродено со Светиот Дух донесува ‘духовен плод’. Благодарение на Христовата милост, ќе успееме да живееме со послушност кон Божјиот Закон напишан во нашето срце. А ако го имаме во себе Христовиот Дух, ќе живееме онака како што живеел Тој”. – Патријарси и пророци, 372.

б. Кога е запишан Божјиот закон во нашите срца? Римјаните 5:1-5; Псалм 40:8.

„Светлината што свети од крстот ја открива Божјата љубов. Неговата љубов нè привлекува кон Него. Ако не се спротивставуваме на оваа привлечна сила, ќе бидеме доведени пред крстот и ќе се покаеме за гревовите, кои го распнале Спасителот. Тогаш Божјиот Дух преку вера буди нов живот во душата. Мислите и желбите се доведуваат во потчинетост на Христовата волја. Срцето и умот се обновуваат според ликот на Оној што дејствува во нас, да си покори сѐ на Себеси. Тогаш Божјиот закон е запишан во мислите и срцето, па можеме да кажеме со Христа: ‘Наоѓам задоволство да ја творам Твојата волја, О Боже мој’ (Псалм 40:8)”. – Копнежот на вековите, 176.


Петок 7. јануари

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Зошто треба да бидеме многу внимателни за моралната чистота во денешниот свет?

2. Која е целта на Божјиот закон?

3. Како треба да влијае на мојот живот Христовото страдање на Голгота?

4. Зошто имаме толку голема потреба од Спасител?

5. Како можам да живеам новозаветен живот?

 <<    >>