Back to top

Sabbath Bible Lessons

ПАВЛОВОТО ЕВАНГЕЛИЕ ДО: Римјаните

 <<    >> 

ПРЕДГОВОР

Саботно школските лекции за овој квартал се засноваат на посланието на апостол Павле до христијаните кои живеат во Рим. Зошто проучувањето на ова послание е од суштинско значење денес?

„Во тоа свое послание до Римјаните Павле ги изнел големите начела на евангелието. Тој го изложил својот став кон прашањата што ги вознемирувале верниците и од еврејско и од незнабожечко потекло и им кажал дека надежите и ветувањата, кои некогаш им припаѓале особено на Евреите, сега им се понудени и на незнабошците.

Мошне јасно и силно апостолот ја изложил науката за оправдување со вера во Христа. Се надевал дека поуките што им ги упатил на христијаните во Рим ќе им бидат од помош и на другите цркви, но колку малку и нејасно можел да го предвиди и да го наслути далекусежното влијание на своите зборови! Низ сите векови големата вистина за оправдување со вера стоела како силен светилник кој на покајничките грешници им укажувал на патот на животот. Таа светлина ја растерала темнината што го обвивала разумот на Лутера и му ја открила силата на Христовата крв која чисти од гревот. Истата светлина илјадници души, оптоварени со грев, довела кај вистинскиот Извор на проштавање и мир. Секој христијанин има причина да му заблагодари на Бога за посланието упатено до црквата во Рим“. – Делата на апостолите, 373.

Каква била духовната состојба на целиот човечки род од падот во грев? Која е целта на Божјиот морален закон во планот на спасението? Каква е состојбата на секој од нас поединечно пред Бога? Која е улогата на верата во нашето откупување? Дали се оправдуваме со вера или со дела? Дали има некаква заслуга во верата? Дали верата го укинува законот или го потврдува? Можеме ли да го победиме гревот со нашите најдобри напори да го држиме законот? Која е улогата на Светиот Дух во целиот процес на нашата обнова? Каков треба да биде нашиот став кон граѓанските власти?

Мартин Лутер во предговорот на својот коментар за Римјаните изјавил: „Ова послание е всушност главниот дел од Новиот Завет и најчистото Евангелие. Би било сосема соодветно за еден христијанин, не само да го знае напамет, од збор до збор, туку и да го проучува секојдневно, бидејќи тоа е насушен леб за душата. Никогаш не може да се чита или размислува за тоа предолго и премногу длабоко. Колку потемелно го разгледуваме, толку подрагоцено и попријатно ќе ни стане.

Без сомнеж, ова послание одиграло важна улога во реформацијата во 16. век. И сега, како дел од последното реформаторско движење, ни треба јасно разбирање на оваа „најдрагоцена порака“. – Testimonies to Ministers, p. 91.

Нека Господ изобилно ги благослови сите учители и ученици на оваа драгоцена порака!

Оддел на Генералната конференција за Саботна школа

 <<    >>