Back to top

Sabbath Bible Lessons

ПАВЛОВОТО ЕВАНГЕЛИЕ ДО: Римјаните

 <<    >> 
6. лекција Сабота, 5. февруари 2022.

Од ропство до успех

„Она, што законот не можеше да го направи, бидејќи беше ослабен поради телото, го изврши Бог, испраќајќи Го Синот Свој во тело, подобно на телото на гревот, и како жртва за гревот, Тој го осуди гревот во телото, за да се исполни заповедта на Законот во нас, кои живееме не по телото, туку по Духот” (Римјаните 8:3,4).

„Христијанскиот живот не е преобликување или подобрување на стариот, туку преобразување на природата. Нашето ‘јас’ и гревот умираат, и потоа настапува целосно нов живот”. – Копнежот на вековите, 172.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ:   The SDA Bible Commentary [E. G. White 
  Comments], vol. 6, pp. 1076–1078. 

Недела 30. јануари

1. ИЛУСТРАЦИЈА

а. Каква била состојбата на стариот Израел кога се обидувале да го држат Божјиот морален закон со свои сили? Римјаните 10:1-3.

„Тие немале вистинска претстава за Божјата светост, за тежината на грешноста на сопственото срце, за целосната неспособност само со своја сила да му се потчинуваат на Божјиот закон”. – Патријарси и пророци, 371,372.

б. Која практична илустрација ја користел Павле за да ја објасни врската помеѓу човештвото и Божјиот морален закон — и како можеме да бидеме мртви во однос на осудата на тој закон? Римјаните 7:1-4.

„Свртете го својот поглед од туѓите несовршености и цврсто фокусирајте го на Христа. Со скрушено срце, проучавајте го Неговиот живот и карактер. Вие не само што треба да бидете повеќе просветлени, туку и оживеани, за да можете да ја видите гозбата што е пред вас и да јадете и пиете од телото и крвта на Божјиот Син, што е Неговото Слово. Со вкусување на добрата реч на животот, хранејќи се со Лебот на животот, можете да ја видите силата на светот кој треба да дојде и да бидете повторно создадени во Христа Исуса”. – This Day With God, p. 46.


Понеделник 31. јануари

2. ПАВЛЕ УМИРА, НЕ ЗАКОНОТ

а. Која е главната цел на моралниот закон? Римјаните 7:7-9.

„Што да речеме пак? Зар Законот е грев? Никако! Но јас го разбрав гревот преку Законот, зашто и похотата не би ја познал, ако Законот не велеше: ‘Не биди похотлив!’ Но гревот, поттикнат од заповедта, предизвика во мене секаква похота; бидејќи гревот без Законот е мртов. Некогаш живеев без Законот; но кога дојде заповедта, гревот оживеа“ (Римјаните 7:7-9).

Тогаш (Павле) ја сфатил сета одвратност на гревот; а неговата самодоверба и истакнатост исчезнале. Тој станал понизен. Тој повеќе не си припишувал никаква заслуга на добрина и побожност. Тој престанал да размислува за себе повеќе отколку што требало да мисли и сета слава и чест му ја припишал на Бога. Тој веќе не копнеел по величина. Престанал да се стреми кон одмазда и повеќе не бил толку чувствителен на прекори, осуди, занемарување и презир. Тој повеќе не барал земни пријателства, позиции и чест. Не ги туркал другите да се воздигнуваат себеси. Тој станал благороден, пристапен, кроток и смирен по срце, затоа што учел во училиштето Христово. Тој зборувал за Христос и Неговата љубов и станувал сè повеќе како Него. Целата своја енергија ја посветил на приведување на душите кај Христа. Кога поради неговата несебична работа во спасување на душите, паднал во неволја, се наведнал во молитва и неговата љубов кон нив станала уште поголема. Неговиот живот бил скриен со Христос во Бога, а тој го сакал Исуса со сета жар на својата огнена природа. Секоја црква му била драга, секој член бил предмет на неговиот интерес, бидејќи на секоја душа гледал како на богатство стекнато со крвта Христова“. – The SDA Bible Commentary [E. G. White Comments], vol. 6, p. 1076.

б. Опишете го раното искуство на Павле со Божјиот закон. Римјаните 7:10-12.

„Апостол Павле раскажувајќи го своето искуство, изнесува важна вистина во врска со делото што треба да се изврши при преобраќањето. Тој вели: ‘Живеев без Законот’ - не чувствувал осуда; ‘но кога дојде заповедта’, кога Божјиот закон ја разбудил неговата совест, ‘гревот оживеа Јас пак умрев’. Тогаш тој се видел себеси како грешник, осуден со божествениот закон. Запомнете дека Павле, а не законот, е тој што умира”. – The SDA Bible Commentary [E. G. White Comments], vol. 6, p. 1076.

в. Објаснете го судирот помеѓу законот и грешникот. Римјаните 7:13–17.

г. Опишете ја борбата на телесниот ум кој бара своја сопствена праведност. Римјаните 7:18–21.


Вторник 1. февруари

3. ЕДИНСТВЕН ИЗЛЕЗ

а. Како верникот кој се кае гледа на Божјиот морален закон? Римјаните 7:22. Од друга страна, што тој сфаќа за себе? Римјаните 7:23.

„Оној што мисли со своите дела и со држење на Законот да го стекне Небото се обидува да направи нешто што е невозможно. Нема безбедност за оној, кој поседува само надворешна вера, облик на побожност“. – Копнежот на вековите, 172.

б. Што Павле со жалост заклучил за својата духовна состојба - и како тоа го повториле и раните адвентни верници? Римјаните 7:24.

„Грешниците чувствуваа дека совеста им се буди. ‘Вистинската Светлина, Која го осветлува секој човек, што доаѓаше во светов’ ги осветли скриените катчиња на нивните души и ги откри сокриените дела на темнината. Нивните души и срца ги обзеде длабоко осведочување. Се осведочија за гревот, за правдата и за судот што доаѓа. Ја сфатија праведноста на Јехова и чувствуваа страв што во својата грешност и нечистотија мораат да се појават пред Оној кој ги испитува и чита срцата. Со страв во својата душа извикнаа: ‘Кој ќе ме избави од ова смртно тело?’“. – Големата борба, 461.

в. Каде единствено може да се најде надеж? Римјаните 7:25 (прв дел). Сепак, каков е природниот, човечкиот тек на мислите и зошто тоа треба драстично да се промени? Римјаните 7:25 (втор дел); Исаија 55:7.

„Со својот ум ние треба да му служиме на Божјиот закон, но умот на мнозина од нас е потполно во служба на светот. И бидејќи нивниот ум потполно е обземен од интересите на овој свет и со служењето на себе си, тие не можат во исто време да му служат и на Божјиот закон”. – 1 Сведоштво, 150.

„Мораме да разбереме колку е неопходно да умреме за себе. Распнувањето на сопственото ‘јас’ ќе ја стави душата во поволна положба. Ги молам оние (меѓу вас) кои се изјаснуваат дека се христијани, да умрат сами за себе за да бидат поттикнати на нов живот со силата на Светиот Дух. Сатаната делува со секаква измама на неправдата кај оние што пропаѓаат. Секојдневно ни е потребна Божјата преобразувачка сила, инаку нема да можеме да одиме по Христовите стапки. Кога умот ќе се просветли и ќе сфати што е чистота и посветување, а срцето ќе одговори на повиците на Светиот Дух, резултатот ќе биде секојдневно преобраќање”. – The Upward Look, p. 269.


Среда 2. февруари

4. СЕГА НЕМА ОСУДА

а. Што можеле на крајот да изјават Павле, како и раните адвентисти, откако целосно го потчиниле својот ум на Христа? Римјаните 8:1,2.

„Кога им беше откриен крстот на Голгота со својата неизмерна жртва за гревовите на човештвото, увидоа дека само Христовите заслуги можат да ги отстранат нивните престапи; само тоа може да го помири човекот со Бога. Со вера и со понизност го примија Божјото Јагне што ги зема гревовите на светот. Со Христовата крв добија ‘проштевање на минатите гревови’“. – Големата борба, 461.

„Иако животот на еден христијанин се одликува со понизност, не би требало кај него да се види тага и самопотценување. Сите ние имаме предност да живееме таков живот, кој Бог може да го одобри и благослови. Нашиот небесен Отец не сака секогаш да се чувствуваме така како да сме во темнина или под некоја осуда. Не е доказ за вистинска понизност ако одиме со наведната глава, а срцето ни е исполнето со мисли за себе. Можеме да дојдеме кај Исуса и да бидеме очистени, и да застанеме без срам и грижа на совест пред Законот. ‘И сега нема никакво осудување за оние кои се во Исус Христос’ (Римјаните 8:1)“. – Големата борба, 477.

б. Каде можеме да најдеме слобода од гревот - и како Павле нашол избавување од „грешните страсти“? Римјаните 8:3. Спореди со Римјаните 7:5 и 8:2.

„Истата таа сила на воскресение им дава живот на сите што се ‘мртви во престапи и гревови’ (Ефесјаните 2:1). Тој дух на живот во Исуса Христа, ‘силата на Неговото воскресение’, ги ослободува луѓето ‘од законот на гревот и смртта’ (Филипјаните 3:10; Римјаните 8:2). Власта на злото е нарушена, а душата преку вера е чувана од гревот. Оној, кој го отвора своето срце на Христовиот Дух, станува учесник во силната моќ, која ќе го подигне неговото тело од гробот”. – Копнежот на вековите, 209,210.

„Не смееме да мислиме дека нашата сопствена благодат и заслугите ќе нè спасат; Христовата благодат е нашата единствена надеж за спасение... Кога целосно му веруваме на Бога, кога се потпираме на заслугите на Исус како Спасител што ги простува гревовите, ќе ја добиеме сета помош што можеме да ја посакаме”. – Faith and Works, 36.

„Потребни ни се луѓе кои го сакаат Бога, чија вера нема да биде џуџеста, закржлавена, туку постојано ќе стекнуваат нови залихи на вера, духовност и сила држејќи ги Божјите заповеди”. – The Review and Herald, June 19, 1888.


Четврток 3. февруари

5. ТЕЛО ПРОТИВ ДУХОТ

а. Каков избор прават оние што се „наново родени“? Римјаните 8:4-9.

„Ниските страсти имаат свое седиште во телото и дејствуваат преку него. Изразите ‘тело’ или ‘телесен’ или ‘телесни страсти’ се однесуваат на ниската, расипана природа. Телото само по себе не може да дејствува спротивно на Божјата волја. Имаме заповед да го распнеме телото со неговите страсти и желби. Како ќе го направиме тоа? Дали ќе му нане семе болка на телото? Не, треба да ја уништиме желбата за гревот. Мораме да ја отфрлиме секоја расипана мисла и да го заврземе разумот за покорност на Исуса Христа. Сите телесни склоности мораат да се потчинат на повисоката сила од душата. Божјата љубов мора да има целосна власт над нас. Христос мора да седи сам на престолот на нашето срце. Своето тело мораме да го сметаме за Негова откупена сопственост. Деловите на телото мораат да станат орудие на правдата”. – Адвентен дом, 127,128.

б. Каква е нашата духовна состојба ако сме водени од Светиот Дух? Римјаните 8:10-14; 1 Јованово 4:7.

„Нашата ограничена волја мора да се покори на волјата на Бесконечниот; човечката волја мора да се спои со божествената. Тогаш Светиот Дух ќе ни помогне и секоја извојувана победа ќе биде насочена кон обновување на Божјата откупена сопственост, кон обновување на Неговиот лик во душата”. – Our High Calling, p. 153.

„Христос не го заснова спасението на човекот само на неговите тврдења дека верува, туку на верата која се покажува во праведни дела. Од Христовите следбеници се очекува да чинат, а не само да зборуваат. Карактерот се изградува токму низ делата. ‘Сите оние што се управуваат по Духот Божји, се синови Божји’ (Римјаните 8:14). Синови Божји се оние кои Духот ги води, а не оние чии срца се моментно допрени со Духот, не оние кои од време на време се потчинуваат на Неговата сила”. – Мисли од гората, 149,150.


Петок 4. февруари

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Што значи да се биде „во брачна заедница“ со Христа?

2. Што се случува кога се обидуваме да го почитуваме Божјиот закон со наша сила?

3. Каде треба да биде нашиот ум кога се обидуваме да го следиме Христа?

4. Која добра вест ја наоѓаме во воведните стихови од 8. поглавје од Римјаните?

5. Како треба да продолжиме да растеме во искуството опишано во Римјаните 8?

 <<    >>