Back to top

Sabbath Bible Lessons

ПАВЛОВОТО ЕВАНГЕЛИЕ ДО: Римјаните

 <<    >> 
9. лекција Сабота, 26. февруари 2022.

Семоќноста на семоќниот Бог

„А Исаија извика за Израел: ‘Кога Израеловите синови би биле бројни како морскиот песок, само остатокот ќе биде спасен’, зашто ќе го заврши делото и ќе реши по правда: ‘Господ ќе го изврши во потполност словото на земјата’” (Римјаните 9:27,28).

„Оној што владее на небесата е единствен што го гледа крајот уште од почеток - единствен на кого еднакво му се познати тајните на минатото и на иднината, и единствен кој, од онаа страна на болката, на темнината и пропаста предизвикани со гревот, го гледа остварувањето на своите намери на љубовта и благословите”. – Патријарси и пророци, 43.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ:   Делата на апостолите, 372-382. 

Недела 20. февруари

1. БОЖЈИ ИЗРАЕЛ

а. Кои се карактеристиките на Аврамовите деца? Јован 8:37-39; Создавање 26:5.

„Евреите тврделе дека потекнуваат од Аврам; но со тоа што не ги правеле делата на Аврам, тие докажале дека не се негови вистински деца. Само оние кои се во духовна хармонија со него се сметаат за негови вистински потомци”. – This Day with God, p. 183.

„А апостол Павле кажува: ‘Оние што се потпираат на верата, се синови Авраамови’ (Галатјаните 3:7). Но Аврам својата вера ја посведочил со дела... Апостол Јаков кажува: ‘Верата, ако нема дела, сама по себе е мртва’ (Јаков 2:17). А Јован, кој толку се задржувал на љубовта додава: ‘Бидејќи љубовта кон Бога се состои во ова: да ги пазиме заповедите Негови, а Неговите заповеди не се тешки’ (1. Јованово 5:3)”. – Патријарси и пророци, 153,154.

б. Што секогаш имаат на ум денешните вистински Израелци? Римјаните 9:24-29.


Понеделник 21. февруари

2. БОЖЈАТА БЛАГОДАТ ОТКРИЕНА

а. Зошто Бог бил принуден да го отфрли Израел како нација? Римјаните 9:31-33; 10:1-3.

„Водачите на еврејскиот народ очигледно не ја оствариле целта што ја поставил Бог пред својот избран народ. Оние на кои Господ им ја доверил вистината, се покажале недостојни за таква доверба и Тој одбрал други да го извршуваат неговото дело. Сега тие водачи во своето слепило му дале полн замав на она што го нарекувале праведен гнев против оние кои ги отфрлиле нивните омилени доктрини. Не ја признавале ниту можноста дека самите не ја сфаќаат правилно Божјата реч или дека погрешно ги толкуваат и ги применуваат светите списи. Постапувале како наполно да го загубиле разумот”. – Делата на апостолите, 78.

б. Зошто незнабошците можеле да бидат „накалемени“ како наследници на Божјото царство? Римјаните 9:30; 10:9-13; Исаија 42:6,7.

„Спасителот сакал на своите ученици да им ја изложи вистината за уривање на ‘преградниот ѕид што го делеше’ Израел од другите народи, вистината дека незнабошците преку евангелието можат да станат ‘сонаследници’ со Евреите и ‘соучесници во ветувањето во Исуса Христа’ (Ефесјаните 2:14; 3:6). Таа вистина била делумно откриена кога ја наградил верата на капетанот во Капернаум и кога им го проповедал евангелието на жителите на Сихар. Уште појасно се покажала при Неговата посета на Феникија, кога ја исцелил ќерката на жената Хананка. Тие настани им помогнале на учениците да сфатат дека меѓу оние што мнозина ги сметале за недостојни за спасението, се наоѓаат души кои копнеат за светлината на вистината.

Така Христос продолжувал да ги поучува своите ученици на вистината дека во Божјото царство не постојат територијални граници, касти ниту аристократија и дека мораат да одат кај сите нации, носејќи им ја пораката за љубовта на Спасителот. Но тие дури подоцна наполно сфатиле дека Бог сторил ‘од една крв сите народи да се населат по целата земја, откако им определил одредени времиња и граници на нивните живеалишта, за да го бараат Бога, та нема ли некако да го напипаат и најдат, бидејќи Тој не е далеку од ниеден од нас’ (Дела 17:26,27)”. – Делата на апостолите, 19,20.


Вторник 22. февруари

3. БОГ ГО САКА ЦЕЛИОТ СВЕТ

а. Објаснете го контрастот помеѓу лагата на сатаната и Божјиот непристрасен план за човечкиот род. Галатјаните 3:28; 1 Тимотеј 2:3-6; 2 Петрово 3:9.

„Христос сакал да ги спаси сите. Тој не можел да поднесе некој да биде изгубен. О, кога човечкото семејство би можело да ги види последиците од гревот во злосторствата, насилството и криминалот што постојат во светот! Кога би можеле да видат како Божјиот лик во човекот бил преобразен во подобие на сатаната!” – That I May Know Him, p. 67.

„(Христос) умрел со најсрамна смрт и принел целосна и потполна жртва за никој да не загине, туку сите да дојдат до покајание. Тој направил помирување за секоја верна душа која се кае, за да можат сите во Него да го најдат носителот на гревот”. – That I May Know Him, p. 100.

„Божја волја не е некој да загине, туку сите да добијат вечен живот”. – Testimonies to Ministers, p. 394.

„Сите се едно во Христа. Полот, статусот, националноста или бојата на кожата не можат да ги воздигнат или понижат луѓето. Карактерот го прави човекот”. – Christian Service, p. 218.

б. Каква задача му е дадена на сиот Божји народ? Матеј 28:18-20; Римјаните 10:14,15.

„На средбата одржана на една гора во Галилеја се собрале сите верници кои можеле да бидат повикани“. – Копнежот на вековите, 818.

„Облечен со неограничена власт, им дал налог на Своите ученици: ‘Одете и научете ги сите народи, крштавајќи ги во името на Отецот, и Синот, и Светиот Дух, и учејќи ги да пазат сè што сум ви заповедал; и ете, Јас сум со вас преку сите дни до свршетокот на светот’ (Матеј 28:19,20)“. – Копнежот на вековите, 819.

„Спасителот, сакал кога Тој ќе се вознесе на небото да посредува за човекот, Неговите ученици да го продолжат делото кое Тој го започнал... Бог сака секоја душа која ја познава вистината да се потруди и други да придобие за вистината, за и тие да ја засакаат“. – 9 Сведоштво, 103.

„Господ Исус сака да соработува со оние, кои можат да станат слободни канали, преку кои луѓето ќе ја примаат Неговата благодат. Прво нешто што треба да го научат сите оние што сакаат да станат Божји соработници е поуката за недоверба во самиот себе и тогаш ќе бидат подготвени на себе да го примат Христовиот карактер. Тоа не може да се добие преку образование во највозвишените научни школи. Тоа е плод на мудроста, која се добива единствено од божествениот Учител“. – Копнежот на вековите, 249.


Среда 23. февруари

4. ПОВИК НА АКЦИЈА

а. Со оглед на неверојатната Божја грижа за светот во кој има расправии, каков повик за акција треба секој од нас да прифати? 1 Коринтјаните 12:13; Римјаните 11:1-4.

„Нека брзо се организираат и обединат работниците кои ќе одат на работа во Христовиот Дух, двајца по двајца, следејќи ги Неговите планови. Дури и да се појави некој Јуда меѓу работниците, Господ ќе се погрижи за делото. Неговите ангели ќе одат напред и ќе го подготват патот. Пред тоа време, жителите на секој голем град треба да ја слушнат веста која ќе ги тестира, а илјадници луѓе треба да се доведат до спознание за вистината. Разбудете ги црквите, извадете ги светилките под садовите.

Каде се луѓето кои ќе работат, ќе учат и ќе се мачат во молитва онака како што правел Христос? Не треба да ги ограничуваме нашите напори само на неколку места. ‘Ако ве бркаат од еден град, бегајте во друг’. Следете го Христовиот план. Тој секогаш барал можности за лична работа, секогаш бил подготвен да ги заинтересира и привлече луѓето да ги проучуваат Светите списи. Тој трпеливо работел со луѓе кои не поседувале интелектуално знаење за вистината. Сè додека не ја сфатиме вистинската состојба на нештата, додека трошиме премногу време планирајќи како да стигнеме до душите кои пропаѓаат, сатаната е активен и смислува како да ни го блокира патот...

Премногу труд е вложен да се подигнат цркви на неколку привилегирани локации. Не трошете толку финансиски средства и време на други места како што тоа беше случајот во местото...“. – Medical Ministry, p. 303.

б. Објаснете каков треба да биде нашиот однос и должност кон еврејскиот народ што живее денес. Римјаните 11:5,11,17-21.

„Делото за Евреите, како што е наведено во единаесеттото поглавје од посланието до Римјаните, е дело кое треба да се третира со посебна мудрост. Тоа е дело кое не смее да се игнорира. Божјата мудрост мора да допре до нашиот народ. Со сета наша мудрост и праведност, мораме да го расчистиме царскиот пат. На Евреите треба да им се даде секоја можност да дојдат до светлината“. – The SDA Bible Commentary [E. G. White Comments], vol. 6, p. 1079.

в. Како Божјото владеење ја открива Неговата милост? Римјаните 11:22-25.


Четврток 24. февруари

5. СЈАЈ ПРОТИВ ТЕМНИНАТА

а. Опишете ја последната порака што секој од нас треба да ја сподели со оние со кои доаѓаме во контакт. Исаија 40:10; Римјаните 11:30-32.

„Оние што го очекуваат доаѓањето на Младоженецот треба да им кажат на луѓето: ‘Еве Го вашиот Бог!’ Последните зраци на милосрдната светлина, последната порака на милоста што му е дадена на светот, е откривање на Неговиот карактер на љубовта. Божјите деца треба да ја манифестираат Неговата слава. Со својот живот и карактер, тие треба да откријат што направила Божјата благодат за нив.

Светлината на Сонцето на правдата треба да свети во добри дела - со зборови на вистината и со свети постапки...

Практичната работа ќе има многу поголем ефект од проповедите... Ако Христос престојува во нас, нашите срца ќе биде исполнети со божествено сочувство. Запечатените извори на искрената, Христолика љубов ќе бидат отпечатени“. – Христовите очигледни поуки, 415-417.

б. Опишете го искуството на вистинскиот Божји Израел на крајот од земната историја - и причината за тоа. Откровение 12:17; 14:12; Римјаните 11:33.

„Во ова последно време, Господ во голема мера ќе работи на начин кој е многу различен од вообичаениот ред на нештата и е спротивен на секое човечко планирање. Меѓу нас има луѓе кои секогаш ќе сакаат да го контролираат Божјото дело, па дури и да диктираат што треба да се работи, додека делото ќе оди напред под водство на ангелот кој се придружува на третиот ангел во пораката што ќе му биде дадена на светот. Бог ќе користи начини и средства преку кои ќе се види дека ги презема уздите во Свои раце“. – Evangelism, p. 118.


Петок 25. февруари

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Како можам поцелосно да развијам духовна сила како онаа на Аврам?

2. Што треба да има на ум секој христијанин во ова време на разлики?

3. Како можам да развијам вера која Бог ја препорачува меѓу незнабошците?

4. Во Христовата сила, што можам да направам за да придобијам души за Него?

5. Како може да биде практично моето споделување на пораката на третиот ангел?

 <<    >>