Back to top

Sabbath Bible Lessons

ПАВЛОВОТО ЕВАНГЕЛИЕ ДО: Римјаните

 <<    >> 
  Сабота, 5. февруари 2022.

Дар во првата сабота за добротворна служба

„Вистина, ви велам: доколку сте го направиле тоа за еден од овие Мои најмали браќа, за Мене сте го направиле“ (Матеј 25:40).

Исус овде се поистоветува Себеси со Својот народ кој страда. Јас бев гладен и жеден. Јас бев странец. Јас бев болен. Јас бев гол. Јас бев во затвор. Кога уживавте во храната од вашите обилни трпези, јас гладував во колиба или на улица недалеку од вас. Кога ја затворивте вратата пред Мене, додека вашите добро опремени соби стоеја празни, немав каде да ја потпрам главата. Вашите гардеробери беа полни со бројни свечени костуми и фустани на кои непотребно ги трошевте средствата што можевте да им ги дадете на сиромашните. Немав ни удобна облека. Додека уживавте во вашето здравје, јас бев болен. Несреќните околности ме фрлија во затвор и ме врзаа со окови, кршејќи го Мојот дух, лишувајќи ме од слободата и надежта, додека вие слободно шетавте. Какво единство изразува Исус овде меѓу Него и Неговите ученици кои страдаат! Тој нивниот случај го прикажува како Свој. Тој целосно се поистоветува со страдалникот“. — Welfare Ministry, p. 40.

За жал, меѓу нив се и многу наши браќа ширум светот кои се наоѓаат токму меѓу овие „најмали“ кои беа погоре споменати. Освен оние кои се наоѓаат во регионите уништени од природни катастрофи, епидемии и пандемии, многумина живеат во екстремна сиромаштија предизвикана од граѓански војни, политички судири и други вистински социјални трагедии кои зад себе оставаат многу вдовици и сираци. Одделот на Генералната конференција за добротворна служба работи на тоа не само да ги задоволи основните потреби како што се храната, облеката и здравјето, туку и да обезбеди алтернативни извори на приход - поттикнување на мали заеднички бизниси, фарми и пекари, како и изградба на училишта и набавка на земјоделска механизација и семиња - се со цел да се изнајдат начини да се создадат подобри услови за живот, без потреба да се потпираат на надворешна помош. Ова претставува голем предизвик, но ние веруваме во божествената помош а ние сме зајакнати со финансиската поддршка од нашите браќа и сестри. Денес, кога донираме, да се потсетиме дека му служиме на „еден од овие Мои најмали“ браќа. Ве молиме бидете дарежливи и несебични; ако е потребно направете и жртва. Да го понудиме најдоброто од себе во оваа донација, за да можеме, кога ќе ја имаме привилегијата да се сретнеме со нашиот Спасител, да бидеме меѓу оние кои со задоволство ќе ги слушнат зборовите: „За Мене сте го направиле“!

Одделот на Генерална конференција за добротворна служба

 <<    >>