Back to top

Sabbath Bible Lessons

ПАВЛОВОТО ЕВАНГЕЛИЕ ДО: Римјаните

 <<    >> 
  Сабота, 1. јануари 2022.

Дар во првата сабота за образовниот центар во Плимут

Перото на вдахновението често ја повторува фразата: „Воспитувајте, воспитувајте, воспитувајте“. Ова се однесува на отворање нови полиња во Господовото лозје, на колпортерите, на медицинските мисионери, на сета младина. „Обучувајте ги младите, обликувајте ги нивните карактери, воспитувајте ги, воспитувајте ги за идниот, бесмртен живот“. – 5 Сведоштво, 590.

Образовниот центар во Плимут се стреми да ја исполни токму оваа мисија. Гледајќи ги школите за мисионство основани од верните браќа во Северна Америка, вклучувајќи ги и училиштата во Тенеси, Пенсилванија, Колорадо и Калифорнија, Западноамериканската Унија сфатила колку е важно да се основа место каде образованието ќе биде во центарот на вниманието. За таа намена во 1950-тите бил купен рурален кампус во Северна Калифорнија, кој повремено се користел, но сега Западноамериканската Унија сака да го официјализира ова и да се погрижи образовната работа во таа институција да се одвива континуирано. Овој имот, кој им е познат на многу реформатори ширум светот како Морија Хајтс, сега е дом на образовниот центар Плимут, заедно со голем број други црковни институции, меѓу кои и основното училиште и земјоделската програма. Ова е идеална локација за училиште надвор од градот кое ќе ги подготви нашите млади да влезат во мисионските полиња и да ја објават последната предупредувачка порака на овој свет.

Со комбинација на обука во кампусот и онлајн наставата, образовниот центар Плимут може да обезбеди пристап до висококвалитетно христијанско образование не само во Калифорнија, туку и ширум светот. Студенти од цела Северна Америка, како и од Пацифичките острови, од Африка и Јужна Америка, ја посетуваа наставата во нашиот кампус. Пандемијата нè научи колку е важно да имаме достапна онлајн програма, за да може да се задоволат потребите на оние кои се спречени лично да дојдат во нашиот центар и да слушаат настава. Сега, додека го собираме овој дар, уште една генерација на студенти од Соединетите Американски Држави и ширум светот ја започнува следната програма за евангелизирање.

Вашата поддршка во овој проект е од витално значење. Секој собран денар ќе биде употребен за производство на повеќе материјали до кои ќе можете да пристапите. Овој дар претставува инвестиција во вас, во вашата локална црква и во вашата заедница. Откако ќе го дадете вашиот дарежлив придонес, продолжете понатаму да ја поддржувате работата на образовниот дел така што ќе ја посетите веб-страницата www.plymouthcollege.us и ќе се регистрирате за часови во образовниот центар Плимут! Таму постојано поставуваме нови курсеви.

Вашите браќа од Западноамериканската Унија

 <<    >>