Back to top

Sabbath Bible Lessons

ПАВЛОВОТО ЕВАНГЕЛИЕ ДО: Римјаните

 <<    >> 
4. лекција Сабота, 22. јануари 2022.

Плодови на вера

„И така, оправдани преку верата, имаме мир со Бога, преку нашиот Господ, Исус Христос. Преку Него со верата добивме и пристап кон оваа благодат, во која стоиме, и се гордееме со надежта во славата Божја” (Римјаните 5:1,2).

„Кога Божјиот Дух ќе владее со разумот и со срцето, тогаш обратената душа своите доживувања ги преточува во нова песна, зашто сфаќа дека во нејзиното животно искуство се исполнило Божјото ветување, дека престапите ѝ се простени и гревот покриен. Таа душа пред Бога искрено се кае за престапот на Божјиот закон и со вера го прифаќа Христа кој умрел за да го оправда човекот“. ¬– Делата на апостолите, 476.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ:   Selected Messages, bk. 1, pp. 345–349. 

Недела 16. јануари

1. ПРОСТЕНО НИ Е ПРЕКУ ВЕРА

а. Што е оправдување, и зошто е тоа суштински важно? Матеј 9:2; Римјаните 5:1.

„Простувањето и оправдувањето се една иста работа. Преку верата, верникот преминува од позиција на бунтовник, дете на гревот и сатаната, во позиција на лојален поданик на Исус Христос, не поради неговата вродена добрина, туку затоа што Христос го прифаќа како Свое дете преку посвојување. Грешникот добива простување на своите гревови, затоа што тие гревови биле пренесени на неговиот Заменик и Гарант”. ¬– The SDA Bible Commentary [E. G. White Comments], vol. 6, p. 1070.

„Што е оправдување со вера? Тоа е Божјо дело, со кое човечката слава се фрла во прашина, а за човекот се чини она што тој самиот не може да го направи за себе“. – Testimonies to Ministers, p. 456.

б. Каква е надежта на оние кои се оправдани со вера? Римјаните 5:2.

„Достапна е изобилна благодат за да може душата што верува да се сочува слободна од гревот, бидејќи целото небо ни е на располагање со своите неограничени ресурси. Ние треба да црпиме од изворот на спасението”. ¬– Selected Messages, bk. 1, p. 394.


Понеделник 17. јануари

2. ЦЕЛТА НА НЕВОЛЈАТА

а. Зошто Бог дозволува да дојде неволја врз Неговиот народ? Римјаните 5:3,4; 2 Солунјаните 1:4.

„Кога Бог ќе дозволи да наидат искушенија и неволји тоа е за наша ‘полза, та да учествуваме во Неговата светост’ (Евреите 12:10). Искушението колку и да изгледа горчливо и тешко, ако се поднесува со вера, ќе се покаже како благослов. Некој тежок удар кој ги уништува земните радости, може да послужи како средство нашиот поглед да го насочиме кон небото. Колку има такви кои никогаш не би го запознале Исуса да не ги натерало страдањето да побараат утеха во Него.

Животните неволји се Божји работници кои треба да ја отстранат нечистотијата и грубоста од нашиот карактер. Делкањето, сечењето, длабењето, мазнењето и полирањето кои тие го вршат е болен процес. Не е лесно да се биде пристиснат во направа за мазнење. Но вака обработениот камен е подготвен да го заземе своето место во небесниот храм. Мајсторот не би работел толку грижливо и темелно на некој безвреден материјал. Само скапоцените камења се полираат за да можат да се вградат во палатата”. ¬– Мисли од гората, 10.

б. Како е запишан Божјиот закон во нашите срца по оправдувањето? Римјаните 5:5 (спореди со Евреите 8:10). Што тогаш ќе се види во нашите животи? Матеј 6:33.

„Прифаќањето на Христа е она што му дава вредност на човечкото битие. Неговата жртва им носи живот и светлина на сите кои го прифаќаат Христа за свој личен Спасител. Божјата љубов преку Исус Христос се излева во срцето на секој член на Неговото тело, носејќи ја со себе животната сила на законот на Бог Отецот. На тој начин Бог може да живее со човекот, а човекот може да живее со Бога”. ¬– Selected Messages, bk. 1, pp. 299, 300.

„Христовото царство треба да биде над сите други интереси. Божјиот закон, напишан во нашите срца, ќе ги подреди нашите сопствени интереси на оние кои се повисоки и вечни”. ¬– The Bible Echo, December 9, 1895.

в. Како Бог во целост ја покажува Својата љубов кон нас? Римјаните 5:7,8.

„Откако нѐ направи праведни преку припишаната Христова праведност, Бог нѐ прогласува за праведни и нѐ третира како такви”. ¬– Selected Messages, bk. 1, p. 394.


Вторник 18. јануари

3. ПОМИРЕНИ ПРЕКУ КРВТА ХРИСТОВА

а. Како Исус нè избавува од гневот на законот насочен против грешниците? Римјаните 4:15; 5:9.

„Бог нè повикува да веруваме во Христа како наша помирувачка жртва. Неговата крв е единствениот лек за гревот.

Не е Божја волја да бидеш недоверлив и да си ја измачуваш душата со страв дека Бог нема да те прифати затоа што си грешен и недостоен... Можеш да кажеш: ‘Знам дека сум грешник и затоа ми треба Спасител... Немам никаква заслуга, ниту добрина со која можам да барам спасение, но пред Бога ја принесувам сепомирувачката крв на безгрешното Божјо Јагне, кое ги зема на Себе гревовите на светот. Ова е мојата единствена молба’“. ¬– The Faith I Live By, p. 102.

„Господ Бог преку Исуса Христа ги држи Своите раце подадени кон нас во текот на целиот ден, повикувајќи ги грешните и паднатите. Тој ќе ги прими сите. Тој му посакува добредојде на секого. Неговото Име се слави и возвишува, кога Тој му простува и на најголемиот грешник. Тој ќе го одземе пленот од силниот, ќе ги ослободи заробениците, ќе ја извлече гламјата од пламенот. Со златниот синџир на Својата милост, Бог се спушта до најголемите длабочини на човечката беда и ги подига понижените и од гревот заразени души“. – Здравје и среќа, 161.

„Секое откривање на Бога во душата ја зголемува нејзината способност да спознава и да сака. Постојаната молба на ваквото срце е: ‘Повеќе за Тебе’, а духот секогаш одговара: ‘Многу повеќе’“. – Мисли од гората, 20.

б. Како Бог го овозможува нашето помирување со Него? Римјаните 5:10,11; Ефесјаните 2:13,14,16.

„Кога ќе ја увидите сета стравотија на гревот, кога ќе ја сфатите својата вистинска состојба, немојте да очајувате. Христос дошол ток- му затоа да ги спаси грешниците. Не е наше да го помириме Бога со себе, туку - о чудесна љубов! - сам Бог во Христа го помири ‘светот со Себе’ (2. Коринтјаните 5:19). Тој со својата нежна љубов ги повикува кај себе срцата на своите заскитани деца. Ниту еден земен родител не би можел да биде толку стрплив кон маните и грешките на своите деца како што е Бог, кон оние што сака да ги спаси. Никој не би можел посесрдно да го повикува престапникот. Ниедни човечки усни никогаш не му се обраќале понежно на заскитаниот, отколку Неговите. Сите Негови ветувања, сите Негови предупредувања, се само воздишки на неискажлива љубов“. – Патот кон Христа, 35.


Среда 19. јануари

4. ДВА АДАМА

а. Како Павле го споредува првиот Адам со вториот? Римјаните 5:12-14; 1 Коринтјаните 15:22,45-47.

„Сатаната го искушувал првиот Адам во Едем, а Адам се впуштил во разговор со непријателот, давајќи му на тој начин предност. Сатаната ја применил својата моќ на хипноза над Адам и Ева, и се обидел оваа моќ да ја употреби против Христа. Но, откако биле цитирани зборови од Светото Писмо, сатаната знаел дека нема шанси да победи”. ¬– Ум, карактер и личност, 2, 713.

„Поради гревот, под власт на лошиот непријател потпаднал не само човекот, туку и целата земја, а со планот на откупувањето сѐ требало да се обнови и да се врати во првобитната состојба. По завршувањето на создавањето, Адам бил поставен за стопан над сета земја. Но кога подлегнал во искушението, тој паднал под власт на сатаната. ‘Зашто кога некој некого победува, тој и го поробува’ (2. Петрово 2:19). Кога човекот станал заробеник на сатаната, тогаш неговата власт преминала во рацете на освојувачот. Така сатаната станал ‘бог на овој свет’ (2. Коринтјаните 4:4). Тој насилно и бесправно ја присвоил власта над земјата која првобитно му била дадена на Адама. Меѓутоа, Христос, со својата жртва принесена за гревот, требало не само да го искупи човекот, туку и да му ја врати загубената власт. Сѐ што загубил првиот Адам, Вториот требало да го врати и да го обнови”. ¬– Патријарси и пророци, 67.

б. Чија праведност ги оправдува сите грешници кои се каат? Римјаните 5:15-18.

„Откако Адам и Ева со својата непослушност донеле смрт на светот, за човечкиот род е принесена скапоцена жртва. Сега таа жртва има поголема вредност од онаа што првично ја имала. Давајќи го Христос, Својот Единороден Син, како откупнина за светот, Бог го дал целото небо”. ¬– Selected Messages, bk. 1, p. 299.

в. Што потврдува Павле за нашата претходна состојба - и единствениот начин на кој можеме да бидеме праведни во Божји очи? Римјаните 5:19.

„Само Христовата крв може да нè искупи; само Неговата благодат може да создаде во нас чисто срце и да ни овозможи да го почитуваме Божјиот закон. Во Него е нашата единствена надеж”. ¬– The Signs of the Times, February 9, 1891.


Четврток 20. јануари

5. ИЗОБИЛНА БЛАГОДАТ

а. Колку и да сме оптоварени од длабочините на нашите гревови, каква надеж ни се дава како предност? Римјаните 5:20.

„Делото на спасение ќе биде довршено. На местото, каде што гревот изобилувал, Божјата милост ќе изобилува многу повеќе. Самата Земја, местото за кое сатаната тврди дека е негово, нема само да биде само откупена, туку и возвишена. Нашиот мал свет, кој поради проклетството на гревот претставува единствена темна дамка во Неговото величествено дело на создавање, ќе биде издигнат над сите останати светови во Божјата вселена. Овде, каде што Божјиот Син престојувал во облик на човек, каде што Царот на славата живеел, страдал и умрел овде, каде што Тој ќе создаде сѐ наново, ќе биде Божјиот шатор со луѓето, ‘и Тој ќе живее со нив, и тие ќе бидат Негов народ и Сам Бог ќе биде со нив и ќе биде нивен Бог’. И низ бескрајните векови, додека спасените живеат во светлината на Господа, тие ќе Го фалат за Неговиот неискажлив Дар за Емануел ‘Бог со нас’“ ¬– Копнежот на вековите, 26.

„Благодарение на љубовта Божја, богатството на Христовата благодат се открива пред црквата и пред светот. ‘Зашто Бог толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син, та секој што верува во Него да не загине, туку да има вечен живот’ (Јован 3:16). Каква прекрасна, неизмерна љубов, која го навела Христа да умре за нас додека ние сè уште бевме грешници! И каква загуба трпи душата која, иако ја сфаќа обврската на законските прописи, го губи од вид фактот дека таму каде што гревот изобилува, многу повеќе изобилува Христовата благодат”. ¬– Gospel Workers, p. 157.

б. Која ќе биде нашата крајна награда за благодатта? Римјаните 5:21.


Петок 21. јануари

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Зошто е важно оправдувањето?

2. Зошто секој од нас треба да се соочи со неволји кои само за него се прилагодени?

3. Како Христовото евангелие внесува надеж во загрижениот, вознемирен свет?

4. Споредете и истакнете ги разликите меѓу двата Адама.

5. На што треба да се сетам кога ме мачи грижа на совест?

 <<    >>