Back to top

Sabbath Bible Lessons

Павловото евангелие до Галатите

 <<    >> 
8. лекција Сабота, 20. ноември 2021.

Евангелие во својата чистота

„Затоа не си веќе роб, туку син; ако си, пак, син, тогаш си и наследник Божји преку Исус Христос” (Галатјаните 4:7).

„Бог му дал на човекот совршено правило на животот во својот закон. Ако му биде послушен, тој ќе живее според него благодарение на Христовите заслуги. Ако го престапи, законот има моќ да го осуди. Законот ги праќа луѓето кај Христа, а Христос ги упатува назад на законот”. – Our High Calling, p. 138.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ:   Selected Mess., 1, pp. 233–235, 340–344; 
  Manuscript Releases, vol. 9, pp. 181–187. 

Недела 14. ноември

1. НАШАТА ЕДИНСТВЕНА НАДЕЖ

а. Што треба да научиме од фокусот на Павле, особено кога ја споделувал непопуларната вистина со другите? 2. Коринтјаните 4:5; Галатјаните 3:9-12.

„(Павле) им го проповедал Христа на незнабошците како нивна единствена надеж за спасение, но во почетокот не говорел ништо одредено за законот. Но, кога нивните срца биле допрени од описот на Христа како Божји дар на светот и од она што било содржано во делото на Искупителот, во Неговата скапоцена жртва со која ја покажал Божјата љубов кон човекот, Павле со најелоквентна едноставност ја покажал оваа љубов кон целото човештво - Евреите и незнабошците - дека ќе можат да се спасат ако му ги предадат своите срца. Така, кога длабоко осведочени и потчинети на светото влијание, Му се предале на Господа, тој им го претставил Божјиот закон како тест за нивната послушност. Ова бил неговиот начин на работа – да ги прилагоди своите методи за да придобие души. Ако бил избрзан и невешт во управувањето со Словото, тој не би успеал да допре ниту до Евреите, ниту до незнабошците.

Тој ги водел мислите на незнабошците кон прекрасните вистини за Божјата љубов... На прашањето зошто била потребна таква огромна жртва, тој се враќал на симболите и на старозаветните списи, откривајќи го Христа во законот, и тие се обратиле кон Христа и кон законот”. – The Southern Work, p. 77.


Понеделник 15. ноември

2. ДОВЕДЕНИ КАЈ ХРИСТА

а. Со што се споредува законот кога е во прашање Христос и нашата голема потреба од Него? Галатјаните 3:23-26; Јован 15:5.

„Грешникот гледајќи во големото морално огледало, ги гледа недостатоците на својот карактер. Тој се гледа себеси онаков каков што навистина е, извалкан и осуден. Но, тој знае дека законот во никој случај не може да ја отстрани вината или да го помилува престапникот. Тој мора да оди подалеку од ова. Законот е само учител што го доведува кај Христа. Тој мора да гледа кон својот Спасител кој ги носи гревовите на другите. И додека Христос му се открива на крстот на Голгота, умирајќи под товарот на гревовите на целиот свет, Светиот Дух му го покажува Божјиот став кон сите што се каат за своите престапи: ‘Зашто Бог толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син, та секој што верува во Него да не загине, туку да има вечен живот’ (Јован 3:16). – Selected Messages, bk. 1, p. 213.

„Ме прашаа за законот во Галатите. Кој закон е воспитувач што нè доведува до Христа? Мојот одговор е: и церемонијалниот закон и моралниот кодекс на Десетте заповеди”. – Selected Messages, bk. 1, p. 233.

„Преку Христа, и само Христа, изворите на животот можат да ја оживеат човековата природа, да ги променат неговите вкусови и да ги насочат неговите склоности кон небото”. – Selected Messages, bk. 1, p. 341.

„На барањата на законот од десетте заповеди не треба да гледаме само како на некои забрани, туку како на милост. Неговите забрани се сигурна гаранција за среќа за послушните. Примен во Христа, тој ќе ни донесе чистота на карактерот која ќе ни донесе радост низ вечните времиња. За послушните, законот претставува заштитен ѕид. Во него ја гледаме добрината на Законодавецот кој, откривајќи им ги на луѓето непроменливите начела на правдата, се обидува да ги заштити од злата што произлегуваат од престапот...

„Законот е израз на Божјата мисла. Кога ќе го прифатиме во Христа, тој станува и наша мисла. Тој нè издига над моќта на нашите телесни желби и склоности, над искушенијата што водат кон грев”. – The SDA Bible Commentary [E. G. White Comments], vol. 6, p. 1110.

б. Како нашето ветување на Христа преку крштевањето има за цел да ја потврди промената во нашите животи? Галатјаните 3:27; Римјаните 13:14.


Вторник 16. ноември

3. ПОВРЗАНИ ВО СОВРШЕНО ЕДИНСТВО

а. Наведете еден клучен аспект на вистинските Христови следбеници. Галатјаните 3:28.

„Сите членови на човечкото семејство што му се предаваат на Христа, сите што ќе ја слушнат вистината и ќе и бидат послушни, стануваат деца на едно семејство. Неуките и мудрите, богатите и сиромашните, незнабошците и робовите, бели или црни - за сите овие души Исус платил откуп. Ако веруваат во Него, Неговата крв која чисти се применува на нив. Името на црнецот е запишано во книгата на животот заедно со името на белиот. Сите тие се едно во Христа. Расата, положбата, националноста или бојата на кожата не можат да ги воздигнат или понижат луѓето. Карактерот го прави човекот. Ако црвениот (американски Индијанец), Кинез или Африканец му го предава своето срце на Бога, во послушност и вера, Исус не го сака ништо помалку поради неговата боја на кожата. Тој го нарекува Негов сакан брат”. – Selected Messages, bk. 2, p. 342.

„Бидејќи Божјите деца се едно во Христа, како Исус гледа на општествените слоеви и разлики, на поделбата што го одделува човекот од неговиот ближен поради бојата на кожата, расата, положбата, богатството, раѓањето или достигнувањата? Тајната на единството лежи во еднаквоста на сите што веруваат во Христа”. – Selected Messages, bk. 1, p. 259.

б. Објаснете ја нашата христијанска должност бидејќи постојат нееднаквости во општеството. Ефесјаните 6:5-9.

„Христос и Неговата мисија често погрешно се прикажуваат и многумина сметаат дека се исклучени од евангелското дело. Меѓутоа, тие не треба да се чувствуваат исклучени од Христа. Не постои ниту една препрека која човекот или сатаната би можеле да ја подигнат, а која верата не би можела да ја совлада”. – Копнежот на вековите, 403.

„Ниту една личност, ниту еден народ не е совршен вo секоја своја постапка и секоја помисла. Секој мора по нешто да научи од другиот. Според тоа, Бог сака различните народности тесно да се поврзат, подеднакво да расудуваат и да се стремат кон една иста цел. Тогаш ќе се покаже единство кое е во Христа...

Угледајте се на Исуса, браќа; угледајте се на Неговите постапки и Неговиот дух и нема да имате никакви потешкотии да им пристапите на тие разновидни слоеви”. – 9 Сведоштво, 180,181.

„Христијанството создава силна алка на единство меѓу господарот и робот, меѓу царот и неговите приврзаници, меѓу проповедникот на евангелието и најпонижениот грешник кој во Христа се исчистил од сите свои гревови. Сите тие се испрани во иста крв, освежени со ист Дух и станале едно во Исуса Христа”. – Делата на апостолите, 460.


Среда 17. ноември

4. ЧИСТОТАТА НА ВЕРАТА ВО НЕГОВАТА ЖРТВА

а. Објасни ја привилегијата на посвојување во Божјото семејство. Галатјаните 3:29; 4:1-7. Како се случува ова? Јован 1:12,13.

„Со овој едноставен чин, верувајќи му на Бога, Светиот Дух зачнал нов живот во вашето срце. Вие како дете сте се родиле во Божјото семејство и Тој ве сака, како што го сака Својот Син.”. – Патот кон Христа, 51.

„Колку е прекрасен планот за откуп во својата едноставност и комплетност! Тој не само што предвидува целосно простување на грешникот, туку и обновување на престапникот, овозможувајќи му да биде прифатен како син Божји. Преку послушност тој може да стекне љубов, мир и радост. Неговата вера може да го обедини во својата слабост со Христа, изворот на божествената сила, и благодарение на Христовите заслуги може да го стекне Божјото одобрување, бидејќи Христос ги исполнил барањата на законот и ја припишува својата праведност на душата која се кае и верува”. – That I May Know Him, p. 96.

б. Поради злото на гордоста во нашата човечка природа, која нова уредба воспоставил Христос во својата црква, и како Галатите покажале дека не го ценат дури ни Неговото распнување? Јован 13:14; Галатјаните 4:8-10.

„Оваа уредба (на понизност) не му зборува толку на човечкиот разум, колку на неговото срце. Таа е потребна за неговата морална и духовна природа. Ако на Неговите ученици таа не им била потребна, Христос немало да ја воспостави и да ја вклучи во Тајната вечера. Христова желба била да им остави на Своите ученици уредба која им била потребна - да ги оттргне од обредите и церемониите што дотогаш ги почитувале и сметале за важни, а кои со прифаќањето на евангелието веќе ја изгубиле сета сила. Продолжувањето на овие обреди би било навреда за Јехова”. – The SDA Bible Commentary [E. G. White Comments], vol. 5, pp. 1139, 1140.

„Во галатските цркви, отворената и нескриена заблуда ја потиснувала евангелската вера. Христос, вистинскиот темел на верата, практично бил отфрлен поради застарените церемонии на јудаизмот”. – Sketches From the Life of Paul, p. 190.


Четврток 18. ноември

5. ТРУДОТ НА ЉУБОВТА

а. Што можеме да научиме сите ние од нежните повици на Павле? Галатјаните 4:11-18.

„Да се постапува мудро со различни класи на умови, под различни околности и услови, е задача која бара мудрост и расудување просветлено и осветено со Божјиот Дух. Секој Христов проповедник треба да ја научи важноста да ја прилагоди својата работа кон состојбата на оние на кои сака да им помогне. Нежноста, трпението, одлучноста и цврстината се подеднакво потребни; но тие треба да се практикуваат со одредено разликување на случаите и околностите. Само со одржување близок однос со Бога, Неговите слуги можат да се надеваат дека мудро ќе се справат со сите искушенија и тешкотии што се појавуваат во црквите.

Павле им го претставил Христовото евангелие на Галатјаните во неговата чистота. Неговите учења биле во согласност со Светото писмо, а Светиот Дух сведочел за неговите дела. Затоа тој ги предупредил своите браќа да не слушаат ништо што е во спротивност со вистината на која биле научени”. – Sketches From the Life of Paul, p. 190.

б. Како законот и евангелието споени ни даваат надеж? Галатјаните 4:19-21.

„Никој што верува во Исус Христос не е роб на Божјиот закон; зашто Неговиот закон е закон на животот, а не на смртта, за оние што ги почитуваат Неговите прописи. Сите што ја сфаќаат духовноста на законот, сите што ја сфаќаат неговата моќ како детектор на гревот, се беспомошни како и самиот сатана, ако не го прифатат откупот што е предвиден за нив во помирителната жртва на Исус Христос... Преку вера во Христа, можно е да се почитува секој принцип на законот”. – Manuscript Releases, vol. 8, p. 98.


Петок 19. ноември

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Зошто е од суштинско значење да се истакне Христос додека зборуваме за Божјиот морален закон?

2. Како тие што го отфрлаат или Христос или законот, си наштетуваат на самите себе?

3. Како можам подобро да го промовирам единството во Христа меѓу оние што се поинакви од мене?

4. Зошто е погрешно ако христијаните денес продолжуваат со еврејските обреди?

5. Како можам да имам пристап сличен на Павле во делот на стекнување души?

 <<    >>