Back to top

Sabbath Bible Lessons

Павловото евангелие до Галатите

 <<    >> 
  Сабота, 6. ноември 2021.

Дар во првата сабота За литература во сиромашни области

Живееме во ера на информации, но и дезинформации. Има толку многу неконтролирани лажни информации, така што често е премногу тешко во море од лажни да се најде онаа вистинска информација, а тоа одзема и многу време. Ова е особено забележливо во сферата на вестите, но е многу поважно во сферата на религијата, каде што вечната судбина е во прашање, но исто така „додека вистината ги облече чизмите, лагата ќе го обиколи целиот свет“ – 1 Сведоштво, 463.

Дури и со сите корисни дигитални ресурси достапни во денешната технолошка ера, истражувањето покажува интересна шема: Луѓето и понатаму ги сметаат информациите за посигурни - поверодостојни - кога се достапни во печатена форма. Ова може да се должи на фактот дека печатениот материјал е генерално добро осмислен и испорачува одредена доза на постојаност, наспроти побрзите форми на медиуми кои се подложни на сензационализам. Без оглед на причината, луѓето имаат најголема доверба во печатените страници.

Ова е причината зошто трактатите, памфлетите, списанијата и брошурите кои ја содржат сегашната вистина се суштински важни алатки во објавувањето на вечното Евангелие. Производството на такви материјали со себе носи трошок кој, за жал, мнозина не можат да си дозволат да го платат, било да купуваат за себе или за споделување со другите. Затоа, на верниците им е доверена задача да ја носат вистината на драгоцените души кои се наоѓаат во темнина ширум светот. Сите ние имаме света должност и привилегија да им помогнеме да ја примат.

Денешниот дар во првата сабота е наменет за литература за сиромашните земји. Вашиот дарежлив, па дури и пожртвуван дар, може многу да придонесе во помагање на другите да дознаат и да се подготват за второто Христово доаѓање.

„Секој може да помогне за напредок на делото со несебично давање на своите средства и да помогне во разните гранки на делото обезбедувајќи на тој начин средства за печатење на книги и списанија преку кои ќе се шири вистината. Дел од товарот во Божјото дело, исто така, го носат и оние кои со своите пари го потпомагаат развојот на истото; тие соработуваат со Христа, затоа што Бог ги снабдил луѓето со средства, за да можат мудро да ги употребат за свети цели. Тие се од небо дадени средства со кои треба да правиме добро и како примени таленти да ги умножиме преку употреба.“ - The Review and Herald, 9 јануари, 1883.

Оддел за издаваштво на Генералната конференција

 <<    >>