Back to top

Sabbath Bible Lessons

Павловото евангелие до Галатите

 <<    >> 
10. лекција Сабота, 4. декември 2021.

Одење во Духот

„Ви велам: живејте по Духот, и нема да им угодувате на телесните страсти” (Галатјаните 5:16).

„Ако сите чекориме по стапките на Човекот од Голгота, нашите горди срца би биле покорени со Христовата благодат. Нема да има расправии меѓу браќата и со смиреност секој би ги ценел другите повеќе од себе. Вашата љубов кон другите би била изразена со зборови и дела на нежност, а љубовта Христова би ги стопила овие студени, тврди срца”. – The Signs of the Times, March 9, 1888.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ:   1 Сведоштво, 612-620. 

Недела 28. ноември

1. ПОВИК НА СЛУЖБА

а. Спротивно на самото исповедање на верата, кој е најсилниот доказ дека сме дозволиле Божјиот закон навистина да биде запишан во нашите срца? Галатјаните 5:13,14; Матеј 5:43-48.

„Религијата која е заснована на оправдување со дела не може да ја доведе душата во согласност со Бога. Строгата и крута правоверност на фарисеите, без скромност, нежност и љубов, за грешниците претставувала само камен за сопнување. Тие биле слични на солта која го изгубила вкусот бидејќи немале сила која би го сочувала светот од расипаност. Единствената вистинска вера е онаа која ‘дејствува преку љубовта’ (Галатјаните 5:6), и ја чисти душата. Таа е слична на квасецот и го преобразува карактерот“. – Мисли од гората, 53.

„Верата работи преку љубов и ја чисти душата. Таа е поврзана со послушност, верно извршување на Христовите зборови. Христијанството е секогаш многу практично; прилагодувајќи се на сите околности во реалниот живот. ‘Вие сте мои сведоци’. На кого? - На светот; затоа што каде и да одите, треба да го ширите своето влијание. Христос мора да престојува во вашата душа, и вие мора да зборувате за Него и да го откривате шармот на Неговиот карактер“. – Messages to Young People, p. 200.


Понеделник 29. ноември

2. ДА ОБРНЕМЕ ВНИМАНИЕ НА НАШИОТ СТАВ

а. Какво предупредување ни е дадено против злобната навика остро да ги критикуваме другите, и зошто се случува ова? Галатјаните 5:15; Псалм 59:12.

„Сопственото јас секогаш ќе негува високо ценење за себеси. Кога луѓето ја губат својата права љубов, тие не ги држат Божјите заповеди, и потоа почнуваат да се критикуваат еден со друг. Овој дух постојано ќе тежнее да господари до крајот на времето. Сатаната настојува да го поттикнува, на тој начин што браќата во своето незнаење би се обиделе да се изедат еден со друг. Бог не се прославува туку многу се обесчестува; Божјиот Дух се нажалува.

Сатаната ликува затоа што знае дека ако успее да го наведе братот да го набљудува братот во црквата и во службата, некои ќе станат толку малодушни и обесхрабрени што ќе ја напуштат својата должност. Ова не е дело на Светиот Дух; силата одоздола работи на коморите на умот и во храмот на душата да ги смести своите особини таму каде што треба да бидат Христовите атрибути“. – Ум, карактер, и личност, 2, стр. 636,637.

б. Како можеме да се ослободиме од коренот на поделба - нељубезните мисли? Ефесјаните 5:8; Колосјаните 3:12-15.

„Сите што се изјаснуваат за христијани нека ја отворат вратата на своето срце за Неговиот Дух и за Неговата благодат; тогаш Христовиот мир ќе владее во нивните срца и ќе се открие во нивниот карактер, така што нема да има раздор, расправии, конкуренција, лутина и уништување на другите, ниту борба за превласт. Најголемиот и сериозен напор ќе биде да се живее Христовиот живот. Ние треба да го покажеме Неговиот дух на милост и да не даваме прилика никој да го следи нашиот пример во правењето зло.

Исус бил учтив, добронамерен. Тој бил послушен на сите заповеди на својот Отец, не размислувајќи за своја удобност или било каков себичен интерес“. – This Day With God, p. 207.

„Да се оди во светлина значи да се донесе одлука, да се размислува, да се примени силата на нашата волја во сериозен напор да го претставиме Христа во сладоста на карактерот. Тоа значи да се ослободите од темнината. Не мора да бидете задоволни само ако кажете: ‘Јас сум Божјо дете!’ Дали гледаш во Исуса, и гледајќи се менувате во Неговото подобие? Да се оди во светлина значи напредок и развој во духовното достигнување...

Колку е страшно да го замаглиш патот на другите фрлајќи сенка и темнина врз себе! Секој нека внимава на себе! Не обвинувајте ги другите за недостатоците во вашиот карактер“. – Sons and Daughters of God, p. 200.


Вторник 30. ноември

3. ПРИ НЕЉУБЕЗНО ОДНЕСУВАЊЕ...

а. Како биле предупредени христијаните во сите времиња за сериозната грешка што се случила во деновите на Павле? 1. Коринтјаните 6:1-8.

„(Павле) имал искушенија какви ти никогаш не си доживеал ниту пак ќе бидеш повикан да поднесеш, но сепак не обрнувал внимание на нив, тој не се занимавал со нив туку ја величел Божјата благодат”. – Ум, карактер, и личност, 2, стр. 461.

„Кога се појавуваат проблеми во црквата, не треба да се обраќаме за помош кај адвокатите кои не се од нашата вера. Бог не сака да им ги откриваме црковните тешкотии на оние што не се плашат од Него. Тој не сака да се потпираме на помошта на оние што не ги почитуваат Неговите барања. Оние што им веруваат на таквите советници покажуваат дека немаат вера во Бога. Поради недостаток на вера, Господ е многу обесчестен, а со своето однесување тие си наштетуваат на самите себе. Додека се обраќаат кон неверниците за да ги решат тешкотиите во црквата, тие всушност се колат и јадат едни со други, за да се ‘истребат еден со друг’ (Галатјаните 5:15).

Овие луѓе го отфрлаат Божјиот совет и го прават токму она што Тој им наредил да не го прават. Тие покажуваат дека го избрале светот за свој судија, а нивните имиња се напишани на небото покрај имињата на неверниците. Христос повторно е распнат и изложен на отворен срам. Нека знаат овие луѓе дека Бог не ги слуша нивните молитви. Тие го навредуваат Неговото свето име, и Тој ќе ги остави на ударите на сатаната додека не ја видат нивната глупост и не го бараат Господа, признавајќи го својот грев.

Прашањата поврзани со црквата треба да се чуваат во нејзините граници. Ако со христијанинот се постапува лошо, мора трпеливо да поднесе; ако е измамен, не смее да оди на суд. Наместо тоа, нека претрпи загуба или неправда”. – Selected Messages, bk. 3, pp. 299, 300.

б. Ако во црквата се однесуваат неправедно или нељубезно кон нас, што треба да имаме на ум? Римјаните 12:19; Евреите 12:14,15.

„Бог ќе се справи со секој недостоен член на црквата кој го измамува својот брат или Божјото дело; христијанинот не смее да се бори за своите права. Бог е тој што ќе се справи со оној што ги крши овие права. (Римјаните 12:19). Се води евиденција за сето ова, и Господ објавува дека ќе им се одмазди на сите нив”. – Selected Messages, bk. 3, pp. 300.

„Нека се отстрани секој корен на горчина”. – 5 Сведоштво, 241.


Среда 1. декември

4. ОСНОВА ЗА ПОБЕДА

а. На скалите на христијанското посветување, што доаѓа пред трпението и зошто? 2. Петрово 1:3-7.

„Неумерениот човек не може да биде трпелив. Неумерени не се само оние што пијат алкохолни пијалаци. Гревот на неумереноста во јадењето, пречестите и преобилни оброци, јадење премногу богата и нездрава храна го попречува здравото функционирање на органите за варење, неповолно влијае на мозокот, го изопачува расудувањето, и човекот станува неспособен разумно, трезвено и здраво да мисли и работи. Токму тоа е извор на постојани тешкотии и расправии во црквата. Поради тоа, за припадниците на Божјиот народ да Му бидат угодни, прославувајќи го и со телото и со душата, мораат ревно да се спротивставуваат на задоволувањето на апетитот, трудејќи се во сѐ да бидат умерени”. – 1 Сведоштво, 618,619.

б. Како Павле накратко го објаснил клучот за победата во овој аспект? Галатјаните 5:16.

„Нам ни е заповедано да го распнуваме телото со неговите склоности и страсти. Како да го направиме тоа? Дали треба да му нанесеме болка на нашето тело? Не! Мораме да ја отстраниме желбата за грев. Расипаните мисли мора да бидат протерани. Секоја мисла мора да се доведе во покорност на Исус Христос. Сите животински склоности мора да се потчинат на повисоките сили на душата. Љубовта кон Бога треба да стане врховен владетел; Христос мора да заземе неподелено место на престолот на срцето. Мора да го гледаме нашето тело како Божја сопственост што Тој ја откупил...

Во искуството на Даниел и неговите другари, имаме пример на победа на начелото над искушението да се препушти на апетитот. Тоа ни покажува дека верските начела им помагаат на младите да постигнат победа над телесните желби и да останат верни на Божјите барања, дури и кога од нив се бараат големи жртви...

Треба да размислиме за зборовите на апостолот кој ги повикува своите браќа, по Божја милост, да ги принесат своите тела ‘како жртва жива, света и благоугодна на Бога’. Тоа е вистинска посветеност. Тоа не е само некоја теорија, чувство, тоа не се само празни зборови, туку живо, активно начело, применето во секојдневниот живот. Тоа бара нашите навики во јадење, пиење и облекување да бидат такви да го чуваат нашето физичко, ментално и морално здравје, за да можеме да ги принесеме нашите тела на Господа не како жртва расипана со зли обичаи, туку ‘како жртва жива, света и благоугодна на Бога’”. – Reflecting Christ, p. 144.


Четврток 2. декември

5. ДА СЕ ПРЕДАДЕМЕ НА УПАТСТВАТА НА ДУХОТ

а. Што можеме да научиме од Христовите начела со кои Павле се управувал во соочувањето со противниците во Галатија? Матеј 5:23,24; 13:27-29.

„Лажните учители на Галатјаните им донеле учења кои биле во спротивност со Христовото евангелие. Павле сакал да ги обелодени и да ги исправи овие грешки. Тој сесрдно сакал овие лажни учители да се одвојат од црквата, но тие под свое влијание потчиниле толку голем број верници што изгледало опасно да се преземе некаква акција против нив. Постоела опасност да се појави кавга и раздор кои би биле штетни за интересите на црквата. Затоа тој настојувал да ги убеди своите браќа дека е од големо значење да си помагаат еден на друг. Тој кажал дека сѐ што законот бара од нас е да се сакаме еден со друг. Ги опоменал да не се впуштаат во расправии и омраза, да не се делат на партии и да не се јадат и проголтуваат еден со друг како диви животни, бидејќи со тоа себеси ќе си донесат несреќа во сегашноста, а пропаст во иднина. Постои само еден пат да се спречат овие зла, а тоа е, како што им рекол апостолот, ‘да живеат по Духот’. Тие мораат со постојана молитва да бараат Свети Дух, бидејќи тој ќе ги доведе до љубов и единство”. – 5 Сведоштво, 243.

„Брате мој, сестро моја, кога ќе се појават тешкотии помеѓу тебе и друг член на Божјото семејство, дали ги следиш библиските упатства? Дали пред да му го принесеш својот дар или молитва на Бога, одиш кај својот брат и разговараш со него во духот Христов?...“ (Матеј 5:23,24). Тогаш ќе можеш да го принесеш со чиста совест; затоа што си го отстранил коренот на горчината”. – The General Conference Bulletin, April 1, 1903.


Петок 3 декември

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. На кој начин Божјиот закон се исполнува во секојдневниот живот, дури и во оваа сегашна генерација?

2. Според вдахновениот апостол, што е врска на совршенството?

3. Зошто е важно да се искорени горчината кон другите?

4. Како самоконтролата во апетитот доведува до подобрување на меѓучовечките односи?

5. На кој начин можам да воспоставам поголема хармонија со луѓе кои наизглед се тешки за соработка?

 <<    >>