Back to top

Sabbath Bible Lessons

Павловото евангелие до Галатите

 <<    >> 

ПРЕДГОВОР

Во текот на овој квартал, учениците од саботната школа ширум светот ќе го изучуваат Павловото евангелие, откриено во неговото послание до Галатјаните. Што можеме да научиме од ова кратко, но сепак моќно послание?

„(Во Галатија), мнозина учеле дека е неопходно да се држат еврејските обичаи и церемонии, и дека само почитувањето на законот, без вера во Христовата крв, е доволно за спасение“. – Делата на апостолите, 553.

„Луѓето кои во својот живот ја искусиле силата на Божјата милост, Павле ги повикувал да се вратат на својата првобитна љубов кон вистината на евангелието. Со непобитни докази им укажал на нивната привилегија да станат слободни во Христа, со чијашто откупителна милост се облекуваат во облеката на Неговата праведност сите што исцело му се предаваат. Тој тврдел дека секоја душа, која сака да биде спасена, навистина мора да има лично искуство со Бога“. – Делата на апостолите, 388.

„Апостолот увидел дека мора да се преземат најрешителни мерки и да се упатат најостри опомени за верниците во Галатија да се спасат од опасните влијанија што им се заканувале“. – Делата на апостолите, 385.

„Да бидеш откупен во Христа значи да престанеш да го престапуваш Божјиот закон и да се ослободиш од секој грев; ниедно срце кое е поттикнато од непријателство кон Бога не е во согласност со Христос кој страдал на Голгота, со цел да го одбрани и воздигне законот пред целата вселена“. – Faith and Works, p. 95.

„(Христовата) пролеана крв, Неговото скршено тело, сето тоа ги задоволило барањата на прекршениот закон, и така Тој ја премостил бездната направена од гревот. Тој страдал во тело, за да може да го покрие беспомошниот грешник со своето рането и скршено тело. Победата, постигната со Неговата смрт на Голгота засекогаш пред универзумот ја скршила моќта на сатанските обвинувањата и ги замолкнала неговите лажни тврдења дека Бог е неспособен за самоодрекување и дека затоа тоа не е важно ниту за човечкото семејство“. – God’s Amazing Grace, p. 153.

„Бог сака да се оствари небесниот план, да преовладуваат небесниот божествен поредок и хармонија во секое семејство, во секоја црква, во секоја институција. Ако оваа љубов била навлезена во општеството, ќе видовме реализација на благородните начела во христијанската префинетост и љубезност, и во христијанското милосрдие кон оние што се откупени со Христовата крв. Духовната трансформација би била забележана во сите наши семејства, во сите наши институции, во нашите цркви. Кога навистина ќе се случи оваа трансформација, сите овие сили ќе станат инструменти преку кои Бог ќе ја пренесе небесната светлина на светот и на тој начин, преку божествена дисциплина и обука, ќе ги подготват луѓето за небесното општество. Исус отишол да подготви живеалишта за оние кои, преку Неговата љубов и благодат, се подготвуваат за славни живеалишта“. – God’s Amazing Grace, p. 250.

Господ нека ни помогне да се најдеме меѓу оние кои вистински ќе ја ценат оваа привилегија!

Оддел на Генералната конференција за Саботна школа

 <<    >>