Back to top

Sabbath Bible Lessons

Павловото евангелие до Галатите

 <<    >> 
  Сабота, 4. декември 2021.

Дар во првата сабота за црковна зграда во Сентеш, Унгарија

Унгарија е една од 50-те земји на мултикултурниот континент во Европа. Во историјата на Реформното движење, Унгарија одиграла значајна улога. Како се развивала ситуацијата во Европа до 1915. година, Реформното движење започнало да се шири од оваа земја. Четвртата седница на Генералната конференција исто така се одржала тука во 1934. година. За време на Втората светска војна, нашите браќа и сестри претрпеле големи страдања, а некои дури и ги дале своите животи за својата вера.

Бројот на нашите членови исто така се зголемил благодарение на напорите на многуте наши предци, имаме пет црковни згради во оваа земја. Во изминативе години успеавме да реновираме една црква со помош на даровите од првата сабота и за тоа им сме благодарни на нашите браќа ширум светот, на нивната великодушност.

Еден од најголемите проблеми со кои се соочуваме овде во Унгарија е тој што во нашите редови недостасуваат две генерации - и затоа нашиот товар на грижа за црковните згради и нивното реновирање е преголем и ги надминува нашите можности. Со Божја милост, би сакале да го избегнеме пренесувањето на тој товар на идните генерации, за да можат да ги инвестираат сите свои средства и способности во мисионерската работа во оваа земја.

Една од црковните згради на која најмногу и треба реновирање се наоѓа во Сентеш, каде имаме петнаесет членови и многу млади на различна возраст кои ревносно учествуваат во мисионерски активности. Таа зграда е мала и е изградена по стари методи. Постои потреба не само за реновирање на зградата, туку и за нејзина модернизација и проширување, па дури и би можеле да купиме или изградиме нова зграда. Од вашата великодушност зависи што ќе успееме да постигнеме.

„Погледнете на живите потоци кои од самиот свој извор ја освежуваат жедната земја по должината на целиот свој тек. Каков благослов донесуваат тие потоци! Некој би можел да помисли дека еден таков извор со текот на времето би можел да пресуши. Но не е така. Составен дел на Божјиот план е истечната вода што своите благослови ги нуди на тој начин, никогаш да не пресуши; таа ден по ден и година по година тече по својот тек, при што постојано, и прима, и дава“ – Мојот живот денес, 223.

Се молиме Бог да ве благослови и веруваме дека Тој десеткратно ќе ви врати за вашиот прилог.

Одделот на Генерална Конференција за добротворна служба

 <<    >>