Back to top

Sabbath Bible Lessons

Павловото евангелие до Галатите

 <<    >> 
12. лекција Сабота, 18. декември 2021.

МАНИФЕСТИРАЊЕ НА СЛАБОСТИ И ГРЕШКИ

„Ако живееме со Дух, по Духот сме должни и да постапуваме. Да не бараме лажна слава, еден друг да не се предизвикуваме, еден на друг да не си завидуваме” (Галатјаните 5:25,26).

„Не треба да бидеме толку ревносни во однос на нашите браќа, и во таа ревност да ја занемариме работата што треба да ја направиме за себе. Грешките на другите нема да ги направат нашите случаи поправедни”. – This Day With God, p. 83.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ:   2. Свед., 50-55; 3. Свед., 93,94; 5. Свед., 246-248, 603-613. 

Недела 12. декември

1. НИЕ И ОСТАНАТИТЕ

а. Кој безвременскиот повик на Павле одекнува и до нашите денови? Галатјаните 5:25,26.

„Оние кои не се духовни, честопати изгледаат како да имаат ревност која е далеку поголема од ревноста на вистинските Божји деца. Тоа е затоа што тие се решени нивните намери и нивните планови да успеат. Тие си велат: ‘Ќе ја посветам целата сила на моето битие во овој план и ќе работам постојано додека не видам дека е успешен. Ќе истраам додека не победам’. Но, честопати целата религија што човекот ја има се наоѓа во оваа амбициозна ревност, за која тој смета дека потекнува од Христос. Одземете му го тоа и ништо нема да остане. Таквите луѓе се како фарисеите кои давале десеток од нане, копар и ким, но ги занемариле поважните начела на законот, правдата, милоста и љубовта кон Бога”. – The Ellen G. White 1888 Materials, pp. 1374, 1375.

„Сите што сакаат да учат од Христа мора да бидат испразнети од човечката мудрост. Душата мора да биде очистена од секаква суета и гордост, ослободена од сите предрасуди, а Христос мора да биде устоличен во срцето. Постојаните конфликти во душата кои произлегуваат од себичноста и самодоволноста мора да бидат задушени, а понизноста и кротоста мора да го заземат местото на нашата природна самодоверба”. – Sermons and Talks, vol. 1, pp. 271, 272.


Понеделник 13. декември

2. ДА СЕ УЧИМЕ НА БОЖЈИОТ ПАТ

а. Со какво искуство понекогаш се соочуваат скоро сите луѓе? Псалм 69:5,16-19.

„Какви и да се вашите стравувања и неволји, изнесете го својот случај пред Господа. Вашиот дух ќе биде засилен да издржи. Пред вас ќе се отвори пат по кој ќе се спасите од засраменоста и тешкотиите”. – Копнежот на вековите, 329.

б. Имајќи ја во предвид оваа реалност, објаснете како треба да се однесуваме кон некој што згрешил. Галатјаните 6:1; Матеј 18:15.

„Ако те жалости тоа што твоите ближни и пријатели работат на своја штета, ако западнале во грешки, придржувај се до библиското правило. ‘Оди насамо и укажи му на неговиот престап’ (Матеј 18:5). Ако се обраќаш на оној кој по твое мислење греши, гледај да му се обратиш во дух на кротост и понизност; зошто човечкиот гнев не ја врши правдата Божја. Грешникот може да се упати на правиот пат само во дух на кротост, благост и нежна љубов. Биди внимателна во своите постапки. Избегнувај сè што во твојот поглед, движење, збор или глас потсетува на гордост или самодоверба. Чувај се од зборови и погледи кои би те воздигнале или би ја истакнале твојата добрина и правда наспроти оние кои грешат. Чувај се ниту од далеку да не искажуваш потценување, вообразеност или презир. Грижливо избегнувај секаков знак на гнев и кога треба отворено да зборуваш, твоите зборови не смеат да бидат навредливи обвинувања, туку знак на сесрдна љубов. И над сè, во твоите зборови не смее да има ниту сенка на омраза или нерасположение, огорчување или грубост. Од срце исполнето со љубов може да се излеваат само добрина и благост. Сите тие драгоцени плодови не треба да те спречат да зборуваш најсериозно и најсвечено, како очите на ангелите да почиваат на тебе, и како да се наоѓаш пред Божјиот суд. Имај на ум дека успехот на предупредувањето во голема мера зависи од начинот на кој тоа е изнесено. Не запоставувај ја сесрдната молитва, за да се исполни твојот дух со понизност и Божјите ангели да делуваат на срцата до кои сакаш да допреш и да ги омекнеш со небесно влијание до таа мера така што твоите напори ќе вродат со плод. Ако ти следи успех не си го припишувај на себе како заслуга. Само Бог треба да се возвишува, зашто Тој го прави сето тоа”. – 2 Сведоштво, 52,53.


Вторник 14. декември

3. ЗЛАТНОТО ПРАВИЛО НА ГОВОРОТ

а. Што треба да ни помогне да се спротивставиме на искушението да им кажеме на другите за туѓите грешки? Лука 6:31; Изреки 25:9.

„Ти себе си се оправдуваш кога зборуваш лошо за својот брат, сестра или сосед пред другите и што преземаш чекори кои Бог ги заповедал. Ти велиш: ‘Ете, никому не му зборував, сè додека не ми падна толку тешко, така што повеќе не можев да се воздржам’ Што ти падна толку тешко? Зар тоа не е запоставување на сопствената должност и она ‘Така вели Господ’? Ти си виновна за грев зашто не отиде на престапникот да му ги изнесеш неговите грешки во четири очи. Штом не постапи така и не го послуша Бога, како не би била обременета ако твоето срцето не ти закоравило, додека си ја фрлила под нозе Божјата заповед и дека во своето срце го мразиш својот брат или сосед? И каков пат одбра за да го олесниш својот товар? Бог те укорува за гревот што пропушти да го укажеш на својот брат за неговата грешка, а ти се правдаш и се утешуваш со друг грев -зборуваш за грешките на својот брат на други лица! Дали е правилно да си олеснуваме себеси на тој начин што ќе направиме грев?” – 2 Сведоштво, 53.

б. Ако му пријдеме на некого укажувајќи му на неговиот грев, како може да реагира таа личност? Изреки 14:16. Сепак, која е нашата должност, без оглед на ризикот?

„Помогнете им на оние што згрешиле, така што ќе им ги раскажете своите искуства. Покажете им како, кога сте направиле сериозни грешки, трпението, добрината и подготвеноста да помогнат на вашите соработници, ви дала храброст и надеж”. – Здравје и среќа, 494,495.

„Можеби сите твои напори за да спасиш заблудени ќе бидат напразни. Тие може ќе ти вратат зло за добро. Можеби повеќе ќе се разлутат отколку да се убедат. Што ќе биде ако не го послушаат добриот совет и продолжат по лошиот пат по кој тргнале? Тоа често ќе се случува. Понекогаш ниту најблагиот, ниту најнежниот прекор нема да има никакво дејство. Во таков случај, благословот којшто сакаше да го дадеш на друг советувајќи му да појде по патот на правдата, да не прави зло туку добро, ќе ти се врати лично на тебе. Ако луѓето продолжат упорно да грешат, биди љубезна со нив и препушти ги на својот небесен Татко. Ти си ја олеснила својата душа, нивниот грев не лежи повеќе на тебе, ниту ти учествуваш во него. И ако загинат, нивната крв ќе падне на нивната глава”. – 2 Сведоштво, 53,54.


Среда 15. декември

4. СКРУШЕНИ ОД СОПСТВЕНИТЕ СЛАБОСТИ

а. Зошто треба да ја совладаме навиката да оговараме? Тит 3:2; Јаков 4:11.

„Не зборувај зло за никого. Не слушај зло за никого. Доколку нема слушачи нема да има ниту озборувачи. Ако некој зборува зло во твое присуство, укори го. Немој да го слушаш, па колку и да е неговото однесување пријатно, а гласот благ. Тој може да изразува наклоност, а сепак да дофрлува прикриени сугестии и така да извалка нечиј карактер.

Одлучно одбивај да слушаш, дури и ако клеветникот се жали дека чувствува товар и дека морал да прозборува. И навистина тоа бил товар - товар на проклета тајна која ги раздвојува најдобрите пријатели. Одете вие кои се чувствувате оптоварени и ослободете се од товарот на начин како што одредил Бог. Најнапред одете и укажете на својот брат за неговите грешки во четири очи”. – 2 Сведоштво, 54.

б. Што се случува ако оној кој е виновен одбива да послуша? Матеј 18:16,17.

„Ако не постигнете успех, поведете со себе еден или двајца пријатели и обратете му се во нивно присуство. Ако и тој чекор остане без успех, известете ја црквата. Ниту еден неверник не треба да дознае за ниту една поединост за таа работа. Да се извести црквата е последниот чекор кој треба да се преземе. Такво нешто не смее да се разгласува на непријателите на нашата вера”. – 2 Сведоштво, 54.

в. Објаснете што може да доведе до вистинска обнова или да ја спречи. Галатјаните 6:2,3.

„Имајте на ум дека делото на обновување претставува наша задача. Тоа дело не може да се врши на горделив, несоодветен и заповеднички начин. Со своето однесување не зборувајте: ‘Имам власт и ќе ја користам’, не го опсипувајте оној кој е во заблуда со обвинувања... Работејќи за своите браќа не смееме да постапуваме така што ќе ги одбиваме, ниту да ги правиме малодушни и очајни, зборувајќи: ‘Ти ме разочара и нема веќе да се трудам да ти помагам’. Оној кој вообразува дека е полн со мудрост и сила, и ги притиска потчинетите, оние кои се во не волја и кои копнеат за олеснување, покажува со тоа фарисејски дух и се облекува во облека на својата таканаречена достоинственост. Во таквиот дух тој Му заблагодарува на Бога што не е како останатите луѓе, верувајќи дека Неговиот живот заслужил пофалба и дека е премногу силен за да биде искушуван. ‘Зашто оној кој сам себе се смета за нешто, а не е ништо, тој се мами самиот себе’“ (Галатјаните 6:3)”. – 6 Сведоштво, 398,399.


Четврток 16. декември

5. НАУЧЕТЕ СЕ НА ПОДЛАБОКА ПОНИЗНОСТ

а. Како можеме да избегнеме да го извалкаме нашето сведоштво за Христа? Галатјаните 6:4,5.

„Едно од најголемите проклетства на нашиот свет (кое се забележува и во црквите и насекаде во општеството) е копнежот за првенство. Луѓето се вдлабочени во желбата да стекнат власт и популарност. На наша жалост и срам, тој дух се манифестирал и во редовите на луѓето кои ја празнуваат саботата. Духовен успех ќе имаат само оние кои во Христовата школа се научиле на кротост и понизност”. – 6 Сведоштво, 397.

„Човекот кој себе се смета за подобар во расудувањето и искуството од своите браќа и кој го презира нивните совети и опомени со тоа покажува дека се наоѓа во опасна заблуда. Срцето е лажливо. Тој треба според библиските мерила да суди за себе и за својот живот... Секој човек на крајот мора да стои сам, не според мислењето на оние кои се за или против него, не според судот на било кој човек, туку според неговиот вистински карактер во Божјите очи. Црквата може да опоменува и да советува, но никого не може да го присили не вистинскиот пат. Тој што упорно одбива да живее според Божјата Реч, мора да ги сноси последиците и да одговара пред Бога за себе”. – 5 Сведоштво, 247,248.

б. Како нашето влијание може да им донесе вистинска надеж на другите? Галатјаните 6:6-10.

„Сè до судот вие нема да ја разберете важноста од влијанието на доброто и внимателно однесување кон непостојаните, неразумните, безвредните. Кога ќе се соочиме со неблагодарноста и предавството кон светата доверба, поттикнати сме да покажеме презир или негодување. Виновниците го очекуваат тоа; тие се подготвени на тоа. Но љубезната воздржаност ги изненадува и честопати ги разбудува нивните подобри импулси и копнежот за поблагороден живот”. – Здравје и среќа, 495.


Петок 17. декември

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Која карактеристика на Луцифер мора да ја искоренат сите христијани?

2. Што треба да разгледам пред да размислам да поправам некој друг?

3. Зошто не можам да ги преземам заслугите дури и кога се чини дека моите зборови помагаат некому?

4. Во кои моменти можеби сум бил виновен во помагање на навиката на оговарање?

5. Зошто времето во кое бев најпонизен можеби било најдобро време за мене?

 <<    >>