Back to top

Sabbath Bible Lessons

Павловото евангелие до Галатите

 <<    >> 
5. лекција Сабота, 30. октомври 2021.

Да се живее целосно по Божјата милост

„Се распнав заедно со Христос; и јас веќе не живеам, туку Христос живее во мене. А тоа што сега живеам во тело, живеам со верата во Синот Божји, Кој ме возљуби и Себе се предаде за мене” (Галатјаните 2:19,20).

„Вистинската вера ја присвојува Христовата праведност и грешникот станува победник со Христа затоа што станал учесник во божествената природа; така се обединуваат божественото и човечкото”. ¬– God’s Amazing Grace, p. 177.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ:   5 Сведоштво, 219-231. 

Недела 24. октомври

1. БОЖЈАТА ОЖИВУВАЧКА БЛАГОДАТ

а. Како Павле ја прикажува Божјата благодат во планот на спасението - и ставот со кој ние треба да ја прифатиме? Галатјаните 2:15-18; Ефесјаните 2:8-10.

„Поглавар на пастирите е Судија и Тој ни ги прикажува возвишените начела според кои ќе се водат постапките кога Тој ќе се пресмета со своите слуги оправдани со вера, на кои им се суди според нивните дела. Верата работи преку љубов и ја чисти душата од морална расипаност како таа би можела да стане храм Божји”. ¬– This Day With God, p. 208.

„Без вера невозможно е да му угодиме на Бога. Живата вера му овозможува на оној кој ја поседува да се фати за Христовите заслугите и му овозможува да најде голема утеха и задоволство во планот на спасението”. ¬– Selected Messages, bk. 1, p. 364.

„Иако треба да бидеме во согласност со Божјиот закон, ние нема да се спасиме со делата на законот; сепак, без послушност кон него не можеме да се спасиме. Законот е мерка со која се мери карактерот. Меѓутоа, не е возможно да се држи Божјиот закон без Христовата оживувачка благодат. Само Исус може да нè очисти од секој грев. Тој нас не нè спасува со законот, но нема да нè спаси ниту во непослушноста на законот”. ¬– Faith and Works, pp. 95, 96.


Понеделник 25. октомври

2. РАЗБИРАЊЕ НА БЛАГОДАТТА

а. Со што се споредува секој обид спасението да го добиеме со наша сила или со некакви наши наводни достигнувања? Создавање 4:3-5.

„Ако човек може да се спаси со своите дела, тој би можел да најде во себе некаква причина за радост. Обидот на човекот да добие спасение со сопствена сила е прикажан со Каиновата жртва”. ¬– Selected Messages, bk. 1, p. 363.

б. Што всушност Божјата благодат чини за нас? Тит 2:11-14; 3:4-7.

„Исус стои во Светињата над светињите за да се појави пред Бога за нас. Таму тој не престанува постојано да го застапува својот народ, потполн во Него. Меѓутоа, иако Тој на овој начин нè претставува пред Отецот, тоа не треба да нè наведе да претпоставиме дека Неговата милост ни е загарантирана и да станеме безгрижни, рамнодушни и самозадоволни. Христос не е слуга на гревот. Ние сме потполни во Него, прифатени во Возљубениот, само ако со вера останеме во Него”. ¬– Faith and Works, p. 107.

в. Објаснете ја длабочината на нашата огромна потреба од Божјата благодат. 2 Коринтјаните 3:3-5; Галатјаните 2:19.

„Ние се оправдуваме со вера. Душата што го разбира значењето на овие зборови никогаш нема да биде вообразена или задоволна сама со себе. Ние не смееме да бидеме самодоволни и да мислиме само за себе. Светиот Дух е нашата сила во работата на градење и обликување на карактерот според божествениот пример. Кога мислиме дека сами сме во состојба да ги обликуваме своите искуства, сите ние обично правиме големи грешки. Никогаш не можеме сами да ги победиме искушенијата. Меѓутоа, оние кои имаат вистинска вера во Христа ќе бидат изградени со помош на Светиот Дух. Оној во чие срце живее верата, се развива во прекрасен храм за Господово живеалиште. Тој се раководи со Христовата милост и се развива пропорционално во сразмер со тоа колку се потчинува на учењата на Светиот Дух”. ¬– Тhe SDA Bible Commentary [E. G. White Comments], vol. 6, p. 1109.


Вторник 26. октомври

3. ДОВЕРБА ВО ОНОЈ КОЈ ДАВА БЛАГОДАТ

а. Како можеме да ги искусиме придобивките од Божјата благодат во нашите животи? Евреите 12:1-3.

„Сè што човекот е во состојба да направи без Христа е извалкано од себичност и грев; но она што се прави преку вера е прифатливо за Бога. Кога се трудиме да го придобиеме небото преку Христовите заслуги, тогаш душата напредува. Гледајќи на Исус, Зачетникот и Свршителот на нашата вера, можеме да напредуваме од сила во сила, од победа во победа; зашто Божјата милост преку Христа го осигурила нашето целосно спасение”. ¬– Selected Messages, bk. 1, p. 364.

„Никој не може да се оправда со своите дела, какви и да се. Човекот може да се ослободи од вината за гревот, осудата на законот и казната за престапот само преку силата на Христовото страдање, смрт и воскресение. Верата е единствениот услов под кој може да се добие оправдување, а верата вклучува не само верување, туку и доверба”. ¬– Selected Messages, bk. 1, p. 389.

„Кога грешникот ќе ја согледа неспоредливата убавина на Исус, гревот повеќе не му изгледа привлечно; бидејќи го гледа Возљубениот, меѓу десет илјади други, Оној кој целиот е прекрасен. Тој преку лично искуство ја сфаќа моќта на Евангелието, чија величина на идеи може да се спореди само со вредноста на крајната цел”. ¬– Faith and Works, p. 107.

б. Како можеме да избегнеме отфрлање на Божјата благодат? Галатјаните 2:21.

„Цврстата вера нема да одведе никого во фанатизам или да го натера да се однесува како мрзливиот слуга. Волшебната моќ на сатаната е таа што ги наведува луѓето да гледаат на себе, наместо на Исуса. Христовата праведност мора да оди пред нас, ако славата Господова стане наша задна стража. Ако ја вршиме Божјата волја, ќе примиме големи благослови како Божји бесплатен дар, но не поради некои заслуги во нас; тие немаат никаква вредност. Правете го она што е Божја волја и на тој начин ќе го почитувате Бога и ќе станете повеќе од победници преку Оној кој нè љубел и го дал својот живот за нас, за да имаме живот и спасение во Исус Христос”. ¬– Faith and Works, p. 27,28.

„Вистинската вера, иако за спасение целосно се потпира на Христа, ја наведува душата на совршено покорување на Божјиот закон. Верата се манифестира во дела”. ¬– Тhe SDA Bible Commentary [E. G. White Comments], vol. 6, p. 1073.


Среда 27. октомври

4. ДА ОСТАНЕТЕ ЧИСТИ ИЛИ ДА СЕ ИЗВАЛКАТЕ?

а. Како можеме да го сумираме прекрасното искуство на живеење по Божја благодат? Галатјаните 2:20.

„Со Божја благодат, можеме да го постигнеме сето она што Бог го бара од нас”. ¬– Faith and Works, p. 94.

„Склоностите што владеат во непрепороденото срце мора да бидат потиснати со благодатта Христова, така што паднатиот човек ќе може да влезе во рајот и да ужива во друштвото на чисти, свети ангели. Кога човекот ќе умре за гревот и кога воскреснува во нов живот во Исус Христос, божествената љубов го исполнува неговото срце, неговиот ум се посветува; тој пие од неисцрпен извор на радост и знаење, а светлината на вечниот ден го осветлува неговиот пат, бидејќи Светлината на животот е секогаш со него”. ¬– God’s Amazing Grace, p. 250.

„Допирот на верата ни ги отвора божествените ризници на моќта и мудроста; и така, преку земните судови, Бог ги остварува чудата на својата благодат. Живата вера е нашата голема потреба денес. Мораме да знаеме дека Исус е навистина наш, дека Неговиот Дух навистина ги прочистува и облагородува нашите срца. Кога Христовите следбеници би имале навистина вистинска вера, заедно со кротоста и љубовта, каква работа би била направена! Какви родови би можеле да се донесат во слава Божја”. ¬– God’s Amazing Grace, p. 265.

б. Зошто Павле многу се загрижил за верниците во Галатија и што треба да научиме од тоа? Галатјаните 3:1; Јован 3:3.

„Апостолот барал од галатиските верници да ги напуштат лажните учители што ги завеле и да се вратат на верата што ја придружуваат неспорни докази на божествено одобрување. Луѓето кои настојувале да ги одвратат од верата во евангелието биле лицемери, непосветени во срцето и расипани во животот. Нивната вера била создадена од низа церемонии и тие сметале дека со тие формалности ќе заслужат Божјо одобрение. Нив не ги привлекувало евангелието кое бара да се прифати налогот: ‘Ако некој не се роди наново, тој не може да го види Божјото царство’ (Јован 3:3). Сметале дека верата втемелена на таа наука бара премногу голема жртва и затоа цврсто се држеле за своите заблуди, мамејќи се и себеси и другите.

На непреродената природа и денеска, исто како и во времето на тие еврејски учители, ѝ одговара светоста на срцето и на животот да ја замени со надворешната форма на верата. И сега, како и тогаш, постојат лажни духовни водачи чиешто учење мнозина желно го слушаат. Сатаната вложува добро пресметани напори надежта на спасение, условена со вера во Христа и со покорување на Божјиот закон, наполно да ја истисне од човечкото срце”. ¬– Делата на апостолите, 386,387.


Четврток 28. октомври

5. ДА СЕ НАСОЧИ СЕТО ВНИМАНИЕ НА ХРИСТА

а. Кое прашање им го поставил Павле на Галатјаните за да ги отворат очите да го препознаат посебниот вид на „маѓепсаност“ со која биле измамени? Галатјаните 3:2-5.

„Сатаната маѓепсува и се обидува да го избрка Христа од душата и сам да владее на Негово место”. – Sons and Daugh¬ters of God, p. 336.

б. Спротивно на тоа, што бил фокусот на Павловото учење? 2 Коринтјаните 4:5,6.

„Кога им нагласил на оние кои не го признавале неговото апостолство: ‘Во ништо не сум помал од познатите апостоли’ (2. Коринтјаните 11:5), Павле тоа не го правел за да се извиши себеси, туку да ја истакне Божјата милост. Оние што се труделе да го потценат неговото звање и неговото дело, се бореле против Христа чијашто милост и сила се манифестирале преку Павле. Отпорот на непријателот го натерал апостолот да заземе решителен став во одбрана на својата положба и авторитет.

Луѓето кои во својот живот ја искусиле силата на Божјата милост, Павле ги повикувал да се вратат на својата првобитна љубов кон вистината на евангелието. Со непобитни докази им укажал на нивната привилегија да станат слободни во Христа, со чијашто откупителна милост се облекуваат во облеката на Неговата праведност сите што исцело му се предаваат. Тој тврдел дека секоја душа, која сака да биде спасена, навистина мора да има лично искуство со Бога”. ¬– Делата на апостолите, 388.


Петок 29. октомври

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Што треба да разберам за Божјата благодат?

2. Како можам да растам во благодатта?

3. Како се манифестира верата?

4. Што било толку опасно во оние кои ги маѓепсале Галатите?

5. Што може да ме доведе во опасност да ја изгубам првата љубов кон Евангелието?

 <<    >>