Back to top

Sabbath Bible Lessons

Lessons From the Book of Acts (2)

 <<    >> 
  Сабота, 7. август 2021.

Дар во првата сабота За одделот за образование при ГК

Сега, повеќе од кога било постои потреба да се инвестира во образованието на нашите деца. Бидејќи тие се бомбардирани со работи од овој свет, станува сè потешко да ги заштитиме од лукавството на непријателот. Она што некогаш беше ограничено во својата достапност сега е буквално прикачено на нашите деца преку „паметните“ телефони и други уреди. Како можеме да бидеме оспособени за евангелското дело кога нашите деца не се безбедни од злото?

„Вистинското образование е обучување за служба. Секој Божји син и ќерка е повикан да биде мисионер; повикани сме да му служиме на Бога и нашите ближни; и целта на нашето воспитување треба да биде пракса, која ќе нè оспособи за оваа служба“ – Здравје и среќа, 395.

Долги години, црквата се надеваше на лесно достапна програма за образование на нашите деца. Сега одделот на Генерална Конференција тоа го смета за приоритет. Со помош и соработка од нашите наставници и воспитни единици ширум светот, работата на подготовка на оваа наставна програма е во тек.

Проектот е огромен, и вашите дарежливи придонеси можат да помогнат во три работи: подготовка на материјалите, превод на материјалите и нивно ставање на располагање на оние што живеат во сиромашни места.

Потребно е да се направи целосна наставна програма од градинка до 12-то одделение. Ова бара време, средства и добро квалификуван персонал за да се подготват учебници и работни тетратки. Вашата поддршка ни дава можност да подготвиме материјали со најдобар квалитет, така што учениците кои ги користат да бидат „оспособени за корисност во овој живот и за служба на Бога низ сета вечност“. - Counsels to Parents, Teachers, and Students, p. 495.

Материјалите се подготвени за лесен превод за да можат лесно да бидат прилагодени за црквите ширум светот. Вашата поддршка овозможува да подготвиме материјали за употреба и во домашни и во црковни училишта.

На некои места, многу луѓе финансиски не можат да си ги дозволат овие материјали кои ќе ги содржат предметите како математика, јазик, општествени науки, кои ќе ги подготват најмладите да ја однесат евангелската порака во целиот свет.

Однапред ви се заблагодаруваме, и Господ да ги благослови и дарот и дарителите.

Одделот на Генерална Конференција за образование

 <<    >>