Back to top

Sabbath Bible Lessons

Lessons From the Book of Acts (2)

 <<    >> 

ПРЕДГОВОР

Додека учениците од Саботната школа ширум светот продолжуваат да го изучуваат вториот дел од Делата на апостолите, има многу причина зошто треба да бидеме благодарни. Светиот Дух ни е достапен исто како што и бил достапен на раната црква - и тој ќе се излее без мерка.

„Треба ли да бидеме помалку срдечни од апостолите? Зар нема преку жива вера да бараме да се исполнат ветувањата кои ги поттикнале длабините на нивните битија да Му се обратат на Господа Исуса, барајќи исполнување на Неговите зборови: ‘Барајте и ќе добиете?’ (Јован 16:24)...

Како што учениците, исполнети со силата на Духот, излегле да го проповедаат евангелието, така и Божјите слуги треба да излезат денес. Исполнети со несебична желба да им ја пренесат пораката на милост на оние кои се наоѓаат во мракот на заблудата и неверувањето, ние треба да се зафатиме за Господовото дело. Тој ни одредил работа која треба да ја завршиме во соработка со Него, и Тој ќе влијае на срцата на неверниците да го спроведат Неговото дело во далечните региони. Веќе многумина го примаат Светиот Дух и безживотната рамнодушност веќе не го попречува патот.

Зошто е запишана историјата на делото на учениците, кои работеле со света ревност, исполнети и вдахновени од Светиот Дух, ако не за Господовиот народ да црпи вдахновение од тие записи и посрдечно да се залага за Него? Исто така многу е важно, а и повеќе од тоа, Господ денес да го стори за Својот народ она што го правел за него во минатото. Секој член на црквата мора денес да го прави она што тогаш го правеле апостолите. И ние треба да работиме со многу поголема ревност. Светиот Дух мора повеќе да учествува во нашата работа, бидејќи сè поголемото беззаконие бара поодлучен повик на покајание.

Секого кого го осветлува светлината на сегашната вистина мора да чувствува сожалување кон оние кои се во темнина. Секој верник мора да шири јасни, блескави зраци. Господ сака да изврши дело слично на она кое го извршил преку Своите овластени весници по денот на Педесетница. Зар денес, кога е близу крајот на сите нешта, ревноста на црквата не треба да ја надмине ревноста на раната црква? Ревноста за Божјата слава ги поттикнала учениците со голема сила да сведочат за вистината. Зар таа ревност не треба да запали во нашите срца пламен на копнеж да ја објавуваме сторијата за Откупителната љубов, за Христа и тоа распнатиот? Зар не треба Божјата сила уште помоќно да се открие денес, отколку во времето на апостолите?“ – 7. Сведоштво, 32,33.

„Работете, браќа, работете додека ви се дава прилика за тоа, додека трае денот. Работете „зашто настапува ноќ кога не ќе може никој да работи” (Јован 9:4). Вие не сфаќате колку брзо ќе дојде таа ноќ. Сега имате можност, искористете ја“. – 5. Сведоштво, 732.

Оддел на генералната конференција за Саботна школа

 <<    >>