Back to top

Sabbath Bible Lessons

Lessons From the Book of Acts (2)

 <<    >> 
11. лекција Сабота, 11. септември 2021.

Сведочење на царот

„Но, откако добив помош од Бога, стојам до ден денес и им сведочам на мали и на големи, зборувајќи само за она што беа го зборувале Пророците и Мојсеј дека треба да се случи” (Дела 26:22).

„Христовата круна треба да се издигне над дијадемите на земните владетели”. – 6. Сведоштво, 402.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ:   Делата на апостолите, 427-438. 

Недела 5. септември

1. ПОСЛЕДИЦА ОД ОТФРЛАЊЕ НА СВЕТЛИНАТА

а. Бидејќи Феликс ги ставил световните задоволства, алчноста и амбициозното политиканство пред светлината што му ја донел Павле, што уследило во неговиот живот? Дела 24:26,27.

„(Феликс) навестил дека Павле лесно би можел да биде пуштен на слобода кога би уплатил една поголема сума пари. Но апостолот поседувал премногу благороден карактер за да се согласи да биде ослободен со поткуп. Немал никаква вина и не сакал да се спушти дотаму со компромис со злото да ја купува својата слобода”. – Делата на апостолите, 426,427.

„(За време на непријателството во Кесарија меѓу Грците и Евреите) Феликс, чие непријателство кон Евреите секоја година станувало посилно, сега им дал слобода на своите војници да ги ограбуваат куќите на богатите.

Овие смели постапки на неправда и суровост не можеле да останат незабележани. Евреите поднеле официјална жалба против Феликс и тој бил повикан во Рим да одговори на нивните обвинувања. Тој многу добро знаел дека неговиот начин на изнуда и угнетување им дал многу причини за жалба, но сепак се надевал дека ќе ги помири и одоброволи. Затоа, иако искрено го почитувал Павле, тој решил да ја задоволи нивната злоба оставајќи го во ќелија. Сепак, сите негови напори биле залудни. Иако избегнал прогонство или смрт, тој бил отстранет од функцијата и лишен од најголемиот дел од неговото нелегално стекнато богатство. Друзила, како соучесник во неговата вина, потоа загинала, заедно со нивниот единствен син во ерупција на Везув. Неговите последни денови завршиле во срамота и осаменост”. – The SDA Bible Commentary [E. G. White Comments], vol. 6, p. 1066.


Понеделник 6. септември

2. БЕЗБЕДНОСТ НА НЕОЧЕКУВАН НАЧИН

а. Објаснете ја политиката на Фест, кој го заменил Феликс. Дела 25:1-6.

„Фест решително останал при својата намера на Павле да му овозможи праведно судење во Цезареја. Бог во своето провидение влијаел врз решението на Фест животот на апостолот да биде продолжен”. – Делата на апостолите, 429.

б. Како продолжило сослушувањето, и со каков резултат? Дела 25:7-12. Зошто за Павле било побезбедно да оди кај Цезар отколку во Ерусалим? 2. Тимотеј 3:12.

„Така уште еден Божји слуга, поради омразата родена од верската закоравеност и самоправедност, бил присилен за заштита да им се обрати на незнабошците. Истата оваа омраза во свое време го присилила пророкот Илија помош да побара од вдовицата во Сарепта, како што ги присилила и весниците на евангелието да ја напуштат Јудеја за пораката на евангелието да им ја однесат на незнабошците. На истата оваа омраза наидува и Божјиот народ кој живее денеска. Кај мнозина кои тврдат дека се Христови следбеници се наидува на иста гордост, формализам и себичност, на ист дух на противење - на сè она што заземало толку истакнато место во срцето на Евреите. Во иднина многу таканаречени Христови претставници ќе заземат став сличен на оној што го заземале еврејските свештеници и поглавари спрема Христа и апостолите. Во големата криза низ која наскоро ќе мора да поминат, верните Божји слуги ќе наидат на иста упорност, на иста свирепост, на решителна и непреодолива омраза.

На сите кои во тие тешки денови бестрашно ќе му служат на Бога според своја сопствена совест, ќе им биде потребна храброст, решителност и познавање на Бога и на Неговата Реч, зашто сите што ќе му останат верни на Бога ќе бидат гонети. Нивните најчисти побуди и нивните најблагородни напори ќе бидат погрешно толкувани, а нивното име озлогласено и презрено. Сатаната со сета своја измамничка сила ќе настојува да влијае врз срцето и да го затемни умот за злото да го претстави како добро, а доброто како зло. Доколку е посилна и почиста верата на Христовите следбеници и порешителна нивната послушност кон Бога, сатаната сè повеќе ќе се труди против нив да ги поттикне оние што го газат Божјиот закон, а тврдат дека се на вистинскиот пат. Ќе биде потребно најсилно надевање и најголемо јунаштво и одлука за да се одржи верата која еднаш им е дадена на светите”. – Делата на апостолите, 430,431.


Вторник 7. септември

3. БОЖЕСТВЕН ПЛАН

а. По Божја промисла, кој друг требало да се сретне со Павле? Дела 25:13-22.

„Павле се повикал на цезарот и Фест не можел да постапи поинаку, туку да го прати во Рим. Но, извесно време не можел да се најде соодветен брод... Така на Павле му се дала можност причините за својата вера да ги изнесе пред најистакнатите луѓе во Цезареја, а исто така и пред царот Агрипа Втори, последен од Иродовата лоза”. – Делата на апостолите, 433.

б. Опишете ја сцената и воведната средба меѓу Павле и Агрипа во судот – и како небото гледало на тоа. Дела 25:23-27.

„Во чест на своите гости, Фест се трудел таа пригода да ја стори што посвечена. Раскошната облека на намесникот и на неговите гости, мечовите на војниците и сјајните оклопи на нивните заповедници претставувале мошне раскошна сцена.

И тогаш Павле, сè уште во окови, истапил пред собирот. Каква разлика! Агрипа и Верникија имале власт и положба, што со себе носат и световно одобрување. Но тие биле наполно лишени од оние особини што ги цени Бог. Го престапувале неговиот закон и биле расипани во срцето и во животот. Небото се гнасело од нивниот начин на работа.

Остарениот затвореник, сè уште врзан во синџири за својот стражар, со својата појава немал ништо заради што светот би му укажува почести. Но за тој човек, навидум без пријатели, без богатство и положба, кој заради својата вера во Божјиот Син бил заточеник во ќелија, будно се интересирало целото небо. Ангелите биле негови чувари и придружници. Кога би светнала славата само на еден од тие блескотни весници, би го засенчила сиот царски раскош и сета нивна горделива растурливост. Царот и неговите дворјани би испопаѓале ничкум наземи, како и некогаш римските стражари крај Христовиот гроб”. – Делата на апостолите, 433,434.

„Целото небо се интересирало за овој еден човек, кој сега стоел како затвореник поради неговата вера во Синот Божји. Возљубениот Јован вели: ‘Затоа светот не нè знае, зашто не Го спозна Него’. Светот не го познава Христа, ниту ќе ги познава оние кои Христа го прикажуваат со својот пример. Тие се синови Божји, деца на царското семејство; но светот не ги прифаќа нивните кнежевски тврдења. Тие можат да ја разбудат нивната љубопитност, но тие не се ценети или разбрани. Тие се за нив неинтересни и непривлечни”. – Sketches From the Life of Paul, p. 254.


Среда 8. септември

4. ПОКАЈАНИТЕ ГРЕШНИЦИ СВЕДОЧАТ

а. Што можеме да научиме од начинот на кој Павле го започнал своето сведоштво? Дела 26:1-8.

„Христијанството ќе го направи човекот господин (џентлмен). Христос бил љубезен дури и кон Неговите прогонители; и Неговите вистински следбеници ќе го покажат истиот дух. Погледнете го Павле кога бил изведен пред владетелите. Неговиот говор пред Агрипа е илустрација на вистинска љубезност и убедлива елоквентност. Евангелието не ја препорачува формалната учтивост што е релевантна во светот, туку учтивоста што произлегува од вистинската љубезност на срцето”. – Gospel Workers, p. 123.

б. Како понизноста на срцето зрачела од апостолот? Дела 26:9-11.

„Примерите што се дадени во Божјата реч во врска со искреното каење и понизноста покажуваат дух на исповедање во кое нема извинување за гревот, ниту обиди за оправдување.

Павле не се трудел да го прикрие својот грев, туку го изложувал во најцрни бои, без да се обидува да ја намали својата вина. Тој вели: ‘Многу светии затворив, а кога ги убиваа, и јас одобрував, и често ги мачев по сите синагоги и ги принудував да хулат на Исус и, разјарен, без мерка ги гонев нив дури и до туѓите градови’ (Дела 26:10,11). Тој не се притеснувал да каже: ‘Христос Исус дојде во светот да ги спаси грешниците, меѓу кои сум прв јас’ (1. Тимотеј 1:15)”. – 5. Сведоштво, 641.

в. Како Павле го опишал своето искуство, и која должност што му била доверена, исто така и нам ни е дадена сега, непосредно пред Христовото враќање? Дела 26:12-18.

„(Христовото) царство нема да дојде сѐ додека добрата вест за Неговата милост не се разнесе по сите краишта на земјата. Според тоа, ако му се предадеме на Бога и ако придобиеме други души за Него, ние всушност го забрзуваме доаѓањето на Неговото царство. Единствено оние кои се посветуваат на Неговата служба за да им ги отворат очите на слепите, да ги обраќаат луѓето ‘од темнината во светлина и од власта на сатаната кон Бога, па преку верата во Мене да примат простување на гревовите и наследство меѓу осветените’ (Дела 26:18) велат: ‘Еве ме мене, испрати ме мене’ (Исаија 6:8) - единствено тие искрено се молат: ‘Да дојде царството Твое’. – Мисли од гората на благословите, 108,109.


Четврток 9. септември

5. ДАДЕНИ НЕПРОЦЕНЛИВИ МОЖНОСТИ

а. Што Павле изнел како товар на неговото срце? Дела 26:19-23.

б. Како Фест открил недостаток на духовна проникливост? Дела 26:24-26.

в. Објаснете како Светиот Дух силно го привлекувал Агрипа, и што, за жал, го натерало конечно да Му се спротивстави. Дела 26:27- 32.

„Дали со овие зборови умот на Агрипа се вратил во минатото на неговото семејство и на нивните бесплодни напори против Оној кого Павле го проповедал? Дали помислил на неговиот прадедо Ирод и масакрот врз невините деца во Витлеем, на неговиот прадедо Антипа и убиството на Јован Крстител, на неговиот татко Агрипа Први, и мачеништвото на апостол Јаков? Дали видел во несреќите што ги снашле овие цареви докази за Божјото незадоволство како резултат на нивните злосторства против Неговите слуги? Дали сјајот и раскошот тој ден го потсетиле Агрипа на времето кога неговиот татко, цар далеку помоќен од него, стоел во истиот град во блескава облека, додека луѓето викале дека тој е бог? Дали заборавил како, дури и пред да се смират воодушевувачките извици, одмазда, брза и страшна, го снашла арогантниот цар? Нешто од сето ова прелетало во сеќавањето на Агрипа; но неговата суета била поласкана од блескавата сцена пред него, а гордоста и вообразеноста ги избркала сите благородни мисли”. – The SDA Bible Commentary [E. G. White Comments], vol. 6, pp. 1066, 1067.


Петок 10. септември

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Како крајот на животот на Феликс нè потсетува дека земната слава згаснува?

2. Кои особини треба да ги поседуваме кога се соочуваме со предавство?

3. Како во случајот со Павле, зошто Господ понекогаш го одложува патувањето?

4. Што треба да сфатам кога се молам: „Да дојде царството Твое“ (Матеј 6:10)?

5. Како можам да бидам во опасност да ме заведе сјајот на овој свет?

 <<    >>