Back to top

Sabbath Bible Lessons

Lessons From the Book of Acts (2)

 <<    >> 
10. лекција Сабота, 4. септември 2021.

Сведочете со чиста совест

„А затоа и сам се трудам секогаш да имам чиста совест пред Бога и пред луѓето” (Дела 24:16).

„Совеста лишена од навреда кон Бога и човекот, срце што чувствува најнежно сочувство кон луѓето, особено кон оние што можат да се придобијат за Христа, ќе ги поседуваат атрибутите што ги имал Христос. Сите такви ќе бидат проткаени со Неговиот Дух. Тие ќе имаат резервоар за убедување и складиште за едноставна речитост”. – Testimonies to Ministers and Gospel Workers, p. 120.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ:   Делата на апостолите, 419-426. 

Недела 29. август

1. ТЕРТИЛ, ГОВОРНИК

а. Опишете на кој начин ласкавото лицемерие и лагата се користени на почетокот на сослушувањето на Павле пред намесникот Феликс. Дела 23:34,35; 24:1-9.

„Тука Тертил се спуштил до најбесрамна лага. Феликс по карактерот бил злобен и достоен за презир... Неговите постапки, проникнати со суровост и угнетување, го довеле до тоа да биде омразен од сите. Предавничката суровост на неговиот карактер се манифестирала во бруталното убиство на првосвештеникот Јонатан, кому во голема мерка му бил должен за својата позиција...

Преку измамнички вештини на Симон Магус, еден кипарски волшебник, Феликс ја навел (Друзила) да го напушти својот сопруг и да стане негова сопруга. Друзила била млада и убава и, згора на тоа, Еврејка. Таа била посветено приврзана за својот сопруг, кој направил голема жртва да ја добие нејзината рака. Навистина постоеле мали изгледи да ја натераат да се откаже од своите национални предрасуди и да ја разбуди одвратноста кај својот народ со цел да воспостави прељубничка врска со еден суров и стар развратник“. – Sketches From the Life of Paul, pp. 235, 236.

„Оние што го слушале Тертила знаеле дека тие ласкави зборови се наполно невистинити, но нивната желба Павле по секоја цена да биде осуден била посилна од нивната љубов кон вистината”. – Делата на апостолите, 419,420.


Понеделник 30. август

2. ВО СОВРШЕН МИР

а. Како Павле отворено ја започнал својата одбрана пред Феликс? Дела 24:10-13

„Феликс бил доволно остроумен за да проникне во намерите и во карактерот на Павловите тужители. Знаел од какви побуди му ласкаат и видел дека не се во состојба, ниту пак имаат факти, да ги поткрепат своите обвинувања изнесени против Павла. Обраќајќи му се на обвинетиот, тој го повикал сам да одговара за себе. Павле не трошел пофални зборови и комплименти, туку едноставно рекол дека радо ќе се брани пред Феликса, знаејќи дека веќе долго е судија и дека добро ги познава еврејските закони и обичаи. Зборувајќи за обвинувањата изнесени против него, јасно покажал дека ниту едно од нив не е вистинито. Изјавил дека не предизвикал нереди ниту во еден дел на Ерусалим, ниту пак го осквернил светилиштето”. – Делата на апостолите, 420,421.

б. Каков концепт му претставил Павле на намесникот? Дела 24:14,15.

„Како последица на Адамовиот грев, смртта преминала на целиот човечки род. Сите, без разлика, одат во гроб. А благодарение на планот на спасението, сите ќе излезат од своите гробови“. – Големата борба, 544.

в. Зошто целта на животот на Павле е корисна за сите? Дела 24:16; Исаија 26:3,4.

„Внатрешниот мир и уверувањето дека сме исправни пред Бога ќе го засили и закрепи умот како што росата ја крепи нежната билка. Волјата тогаш е вперена во добар правец и потчинета, па според тоа и одлучна, но слободна од претерувања. Мислите се пријатни затоа што се посветени. Ведрината на духот која можеш да ја стекнеш ќе биде на благослов за сите кои те опкружуваат. Овој мир и спокојство со време ќе стане твоја вистинска природа и ќе зрачи со своите драгоцени зраци на сета твоја околина, за повторно да се врати кон тебе. Колку повеќе го негуваш тој духовен мир, толку повеќе тој ќе расте во тебе. Тоа е живо задоволство кое не ги руши моралните енергии туку ги поттикнува на уште поголема делотворност. Совршениот мир е небесна карактеристика и него го поседуваат ангелите. Бог нека ти даде да го стекнеш тој мир“. – 2. Сведоштво, 327.


Вторник 31. август

3. ВЕЧНОСТ НАСПРОТИ УДОБНОСТ

а. Кое прашање го предизвикало гневот на Евреите против Павле? Дела 24:17-21.

б. Во која смисла Феликс бил слаб како да се справи со случајот? Дела 24:22,23.

„Апостолот зборувал од длабината на душата со очигледна искреност и во неговите зборови се чувствувала тежина и моќна уверливост. Во своето писмо, упатено до Феликса, Клаудиј Лисие го изнел своето лично сведоштво за Павловото однесување. Освен тоа, сам Феликс многу подобро ја познавал еврејската вера отколку мнозина што претпоставувале. Фактите што Павле јасно и искрено ги изложил во врска со овој случај, на Феликса му овозможиле уште подобро да проникне во побудите што ги навеле Евреите Павла да го обвинат за поттикнување на предавство и бунт. Намесникот не сакал неоправдано да осуди еден римски граѓанин само затоа да ги задоволи неговите тужители, ниту пак сакал да им го предаде ним да го убијат без праведно судење. Меѓутоа, Феликс при своите постапки не се раководел од никакви повисоки побуди, туку од лични интереси. Тој бил роб на славољубието и на желбата за унапредување. Стравот да не им се замери на Евреите не му дозволувал да постапи наполно праведно со овој човек за кого знаел дека е невин, и затоа решил да го одложи судењето додека не дојде Лисие, велејќи: ‘Кога ќе дојде заповедникот Лисие, ќе го решам вашето дело’”. – Делата на апостолите, 421,422.

в. Како ставот како тој на Феликс го жалости Духот? Дела 24:24,25.

„Тој (Феликс) ја омаловажил последната понудена милост и никогаш веќе не му бил упатен Божји повик”. – Делата на апостолите, 427.

„Таквите (Семејството на братот К) заземаат неутрален став мислејќи дека е сосем доволно тоа што не војуваат против вистината. Меѓутоа, светлината кои тие толку негрижливо ја запоставуваат исчезна во темнината. Тие настојуваат да ја смират својата совест говорејќи му на Божјиот Дух: ‘Оди засега, а кога ќе имам време ќе те повикам’. Така очекуваното време никогаш нема да дојде. Тие пропуштаат златна прилика која никогаш повеќе нема да им се пружи на таков начин, бидејќи светот ја засолнува светлината која веќе еднаш ја одбиле. Интересите на овој живот и милината на возбудливите задоволства ги обземаат нивните мисли и срце, додека нивниот најдобар Пријател, благиот и милостив Спасител, останува отфрлен и заборавен”. – 4. Сведоштво, 108.


Среда 1. септември

4. ИЗГОВОРИ, ИЗГОВОРИ...

а. Наведете некои вообичаени изговори за тоа дека не можеме целосно да му се посветиме на Христа, како и исходот од сите нив. Лука 14:15-20,24.

„Изговорите за одбивање на повикот на гозба, опфаќаат цела лепеза на изговори за одбивање на евангелскиот повик. Луѓето изјавуваат дека не можат да ги загрозат своите световни изгледи за успех, прифаќајќи ги барањата на евангелието. Тие своите земни интереси ги сметаат за многу поважни од вечните. И така токму благословите што ги примиле од Бога станале пречка која нивната душа ја одделува од нивниот Творец и Откупител. Тие не сакаат да бидат прекинати во своите земни потфати и затоа им велат на гласниците на милоста: ‘Сега оди си, а кога ќе најдам време, ќе те повикам’ (Дела 24:25). Други, пак, ги посочуваат тешкотиите што би се појавиле во нивните општествени односи доколку би го прифатиле Божјиот повик. Тие велат дека не можат да си дозволат да ги нарушат односите со своите роднини и познаници. И така тие докажуваат дека спаѓаат меѓу лицата опишани во параболата. Домаќинот на гозбата смета дека тие со своите слаби изговори покажале презир кон Неговиот повик.

Човекот кој рекол: ‘Се оженив и затоа не можам да дојдам!’, претставник е на голем број на луѓе. Постојат многу сопружници кои му дозволуваат на својот брачен другар да ги спречи да го прифатат Божјиот повик. Сопругот вели: „Иако сфаќам дека ми е должност да го прифатам повикот, сепак, не можам да решам сè додека мојата сопруга се противи. Таа со своето влијание многу ми отежнува да го сторам тоа!“ Кога сопругата ќе го чуе повикот на милоста: ‘Дојдете, зашто веќе сè е подготвено!’, таа одговара: ‘Те молам, извини ме! Мојот сопруг ги одбива повиците на милоста. Вели дека во тоа го спречуваат неговите работи. Морам да го поддржам мажот ми и затоа не можам да дојдам!’ Срцата на децата се поттикнати и тие сакаат да дојдат, но силно се приврзани за таткото и мајката кои не го прифаќаат евангелскиот повик, па мислат дека и од нив не може да се очекува да дојдат. И тие велат: ‘Оправдај ме!’

Сите тие го одбиваат повикот на Спасителот затоа што се плашат од поделба во семејството. Тие претпоставуваат дека, ако одбијат да го послушаат Бога, ќе си обезбедат мир и напредок во домот; но, ова е заблуда. Сите што сеат себичност, себичност и ќе пожнеат. Отфрлајќи ја Христовата љубов, тие го отфрлаат и она што на човечката љубов и дава чистота и постојаност. Не само што ќе го загубат небото, туку и ќе пропуштат вистински да уживаат во она заради што го жртвувале небото”. – Христовите поуки, 224,225.


Четврток 2. септември

5. ИЗЛЕВАЊЕ БЕЗ МЕРКА

а. Наместо да се изговараме, што се случува кога целосно ќе му се предадеме на водството на Светиот Дух? Дела 3:19; Исаија 44:22,23; Псалм 110:3.

„Ние сме вклучени во борбата за вечен живот; и во оваа битка, благодатта се соочува со природата, а целата сила на сопственото ‘јас’ се спротивставува на победата. Малкумина го наоѓаат патот на самоодрекување полн со крстови, а уште помалку го следат... Дали ќе истраете и нема да се уморите од правење добро? Оваа христијанска војна подразбира судири и постојана будност. Совршената победа може да биде ваша само ако радосно го подигнете крстот Христов”. – Letters and Manuscripts, Letter 48, 1888.

„Божјите слуги, со лица осветлени од свето помазание, ќе брзаат од едно до друго место да ја објават небесната вест. Илјадници гласови низ целата земја ќе ја објавуваат опомената. Ќе се прават чуда, болни ќе оздравуваат, а верните ќе ги придружуваат знаци и чуда. И сатаната ќе прави лажни чуда; ќе стори и оган да падне од небото пред луѓето (Откровение 13:13). На овој начин жителите на земјата ќе бидат присилени да се решат за кого ќе се определат.

Веста ќе се шири не толку со докажување колку со длабоко осведочување на Божјиот Дух. Доказите се изнесени. Семето е посеано и сега ќе никне и ќе донесе плод. Списите што ги распространиле мисионерските соработници го извршиле своето влијание, но мнозина врз кои вистината имала длабок впечаток, биле спречени вистината потполно да ја сфатат или да ја послушаат. Меѓутоа, сега зраците на светлината проникнуваат насекаде и вистината се гледа кристално јасна, а искрените Божји деца ги кинат врските што ги задржувале до сега. Семејните и црковните врски сега се немоќни да ги задржат. Вистината им е подрагоцена од сè друго. И покрај силите што се здружиле против вистината, голем е бројот на оние што ќе застанат на Господова страна”. – Големата борба, 612.


Петок 3. септември

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Зошто првосвештеникот Ананија го донел Тертил на сослушувањето на Павле?

2. Зошто е од витално значење да се одржува чиста совест преку признавање и покајание?

3. Како можам да одолговлекувам во некои области од животот, како што тоа го правел Феликс?

4. Кои неубедливи изговори можам да ги изнесам кои го гушат гласот на Светиот Дух?

5. Како можам да учествувам во излевањето на Светиот Дух во целост?

 <<    >>