Back to top

Sabbath Bible Lessons

Lessons From the Book of Acts (2)

 <<    >> 
4. лекција Сабота, 24. јули 2021.

Слава во внатрешноста на ќелијата

„Не радувај се на мојата мака, непријателко моја! Иако сум паднат, јас ќе станам; макар што сум сега во мрак - Господ е мојата светлина” (Михеј 7:8).

„Христос бил таму покрај нив (Павле и Сила), а светлината на Неговото присуство ја растерала темнината со славата на небесните дворови”. – ¬Мисли од гората на благословите, 35.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ:   Делата на апостолите, 214–220. 

Недела 18. јули

1. СРЦЕ ЗАНЕСЕНО ОД ЉУБОВ

а. Кога Христос е во нашите срца, што ќе се случи ако сме затворени поради вистината? Михеј 7:8.

„Нашите непријатели можат да нè стават во затвор, но затворските ѕидовите не можат да ја прекинат комуникацијата помеѓу Христос и нашите душа. Оној што ја гледа секоја наша слабост, кој е запознаен со секое искушение, е над сите земни сили; и ангелите можат да дојдат кај нас во осамени ќелии, носејќи светлина и мир од небото. Затворот ќе биде како палата, бидејќи тука престојуваат богати со вера, а мрачните ѕидови ќе бидат осветлени со небесна светлина”. ¬– Gospel Workers, p. 424. [1892 edition.].

„Божјата слава навлегла преку ѕидовите на затворот, исполнувајќи ја со славни зраци на небесна светлина и најтемната ќелија. Неговите светци може да страдаат, но нивните страдања, како на апостолите во минатото, ќе придонесат во ширење на нивната вера, ќе придобијат души за Христа и ќе го прослават Неговото свето име“. – The Upward Look, p. 315.

„Господ знае сѐ за Своите верни слуги кои поради Него лежат во затвор или се прогонети на осамени и пусти острови. Тој ги теши со Своето присуство. Кога верникот заради вистината ќе се најде на обвинителна клупа и тоа пред неправедни судии, Христос стои покрај Него. Секое обвинување против него, паѓа на Христа. Христос повторно се осудува во лицето на ученикот. Кога некој од нив ќе се најде како затвореник меѓу затворските решетки, Христовата љубов го исполнува срцето со свет занес“. – Копнежот на вековите, 669.


Понеделник 19. јули

2. ПОУКА ЗА НАС

а. Со оглед на однесувањето на Павле и Сила во затворот во Филипи, што треба да имаме во предвид? Филипјаните 2:14,15.

„Во најдлабоката темнина и самотијата на затворот (Павле и Сила) се тешеле еден со друг со зборови на молитва и му пееле похвални песни на Бога затоа што се удостоиле да поднесат срам за него. Нивните срца ги разведрувала длабока и сесрдна љубов кон делото на нивниот Откупител. Павле размислувал за прогонувањето на Христовите ученици во кое и самиот некогаш учествувал и сега се радувал што му се отвориле очите и срцето за да ја сфати и почувствува силата на возвишената вистина која некогаш ја презирал.

Другите затвореници многу се зачудиле кога од најдолната темница слушнале молитви и пеење. Тие навикнале да слушаат само крикови и лелеци, клетви и пцости кои ја нарушувале ноќната тишина, но никогаш порано не чуле од таа мрачна ќелија добар збор на молитва и похвала. И стражарите и затворениците зачудено се прашале кои можат да бидат тие луѓе кои, иако настинати, гладни, жедни и измачени, сепак можат да се радуваат“. – Делата на апостолите, 213,214.

„Павле и Сила поднеле загуба на сè што имале. Биле сурово камшикувани и на најнемилосрден начин фрлени во влажна ќелија на дното на затворот, додека нозете во толку мачна положба им биле стегнати во направи за мачење. А дали поради тоа до ушите на чуварот допрел барем еден глас на нивно незадоволство или поплака? О, не? Низ тишината на ноќта од ќелијата се слушале само песни на радост и благодарност на Бога. Длабоката и сесрдна љубов на овие ученици според делото на својот Откупител им давала сила да страдаат поради тоа.

Доколку Божјата вистина го исполнува нашето срце, ги обзема нашите чувства и го контролира нашиот живот, и ние ќе се радуваме да страдаме и трпиме поради вистината. Ниту ѕидовите на затворот, ниту направите за мачење нема да можат да нè заплашат ниту да нè спречат во нашата голема задача. О, душо моја, појди на Голгота! Да обратиме внимание на понизноста на Божјиот Син во овој живот. Тој ‘бил човек на болката и запознаен со тагата’. Да размислуваме длабоко за понижувањето на кое се согласил, за Неговата агонија во Гетсиманија и ќе сфатиме што значи самооткажувањето. Ако страдаме поради сиромаштија и немаштија, да знаеме дека низ сето тоа минал и Христос - Височеството на небото. Но тој поднесувал сиромаштво поради нас. Му припаѓаме ли на сталежот на побогатите? - Тој бил најбогат. Но Тој се согласил за ние да се збогатиме со Неговото сиромаштво. Во Христа имаме најизразен пример на самооткажување... Но ние не правиме ниту дваесетти дел од она што би можеле да го направиме кога би биле будни“. – 3. Сведоштво, 406,407.


Вторник 20. јули

3. СЕМОЌНИОТ ИНТЕРВЕНИРА

а. Кога Семоќниот ги слушал молитвите и пофалбите што се издигале од ќелијата на полноќ, што сторил Тој, и како ова може да ги охрабри верните души во последните денови од земната историја? Дела 16:26; Псалм 103:13,17-22.

„Павле и Сила Му упатувале молитви и пофални песни на Бога, и ангели биле пратени од небото за да ги ослободат. Земјата почнала да се тресе од чекорите на тие небесни весници, а вратата на ќелијата се отворила и заробениците можеле слободно да излезат”. ¬– My Life Today, p. 20.

„Бидејќи декретот, издаден од разни христијански владетели против оние што ги држат Божјите заповеди ќе ги лиши од заштита на властите и ќе ги препушти во рацете на оние што сакаат да ги уништат, Божјиот народ ќе бега од градовите и селата... Но мнозина, од сите народи и сите сталежи, високи и ниски, богати и бедни, црни и бели, ќе бидат фрлени во најнеправедно и најсвирепо ропство. Возљубените од Бога ќе поминуваат тешки денови, врзани во синџири, зад затворски решетки, осудени на смрт, а некои во мрачни и одвратни ќелии, очевидно препуштени да умрат од глад. Ниедно уво не ќе сака да ги слушне нивните лелеци; ниту една човечка рака не ќе биде подготвена да им помогне.

Дали Бог ќе го заборави Својот народ во овој час на искушение? Дали го заборавил верниот Ное кога претпотопниот свет бил погоден со казни? Дали го заборавил Лот кога од небото паднал оган да ги спали градовите во низината? Дали го заборавил Јосиф, опкружен со идолопоклоници во Египет? Дали го заборавил Илија кога Језавела му се заканила со судбината на Вааловите пророци? Дали го заборавил Еремија во мрачната и страшна јама? Дали ги заборавил трите храбри момчиња во огнената печка? Или Даниел во лавовската јама?...

„Зашто, кој чепка во вас, чепка во зеницата на окото Мое” (Захарија 2:8).

Иако непријателите можат да ги фрлат во затвор, сепак, ѕидовите на затворите не можат да ја прекинат комуникацијата меѓу нивните души и Христа. Оној кој ја познава секоја нивна слабост, кој е запознаен со сите нивни искушенија, поголем е и помоќен од сите земни сили; и ангелите ќе ги посетат во нивните осамени ќелии и ќе им донесат небесна светлина и мир. Затворот ќе биде како палата, зашто тука ќе престојуваат оние што се богати со вера, и мрачните ѕидови ќе бидат осветлени со небесна светлина, како тогаш кога Павле и Сила на полноќ се молеле и пееле песни на благодарност во затворот во Филипи.

Божји судови ќе ги погодат сите оние што ќе се обидат да го угнетуваат или да го уништат Неговиот народ“. – Големата борба, 626,627.


Среда 21. јули

4. ДОПРЕНИ ОД БОЖЈОТО ЧУДО

а. Како реагирал чуварот кога видел дека земјотресот им овозможил на затворениците да избегаат, и какво моќно сведоштво за Христа изнел Павле? Дела 16:27-30.

„(Стражарот) бил сигурен дека смртта ќе биде казна за неговата очигледна неверност. Во горчината на својот дух извикал дека е подобро за него да умре од своја рака отколку да биде подложен на срамно погубување. Тој сакал да се самоубие, кога Павле извикал со силен глас: ‘Не задавај си врз себе никакво зло, бидејќи сите сме овде’.

Суровоста со која стражарот на затворот се однесувал кон апостолите во нив не предизвикала нивно незадоволство; инаку ќе му дозволле да изврши самоубиство. Но, нивните срца биле исполнети со љубов кон Христа и тие не чувствувале злоба кон своите гонители. Стражарот го фрлил мечот и побарал светло. Тој набрзина влегол во внатрешната ќелија и паднал пред Павле и Сила, молејќи ги за прошка. Потоа ги извел на отворено и ги прашал: ‘Господари, што треба да направам, па да се спасам?’

Тој треперел заради Божјиот гнев изразен во земјотресот; бил подготвен да крене рака на себе од страв да не биде казнет од римскиот закон кога помислил дека затворениците избегале; но сега сите овие работи му биле неважни во споредба со новиот и чуден страв кој го вознемирувал неговиот ум и неговата желба да го поседува тој мир и радост што апостолите ги покажале во нивните мошне тешки страдања и маки...

Тој ја увидел својата мизерна состојба за разлика од состојбата на апостолите и со длабока понизност и почит ги замолил да му го покажат патот на животот”. ¬– Sketches From the Life of Paul, pp. 77, 78.

б. Опишете како Светиот Дух делувал во оваа криза. Дела 16:31-36.

„Светото влијание се раширило и на другите затвореници и на сите им се отворило срцето да ја слушнат вистината што ја проповедале апостолите. Биле осведочени дека Бог, на кого му служат тие луѓе, со натприродно чудо ги ослободил од заточение”. ¬– Делата на апостолите, 217.


Четврток 22. јули

5. ДОСТОИНСТВЕНО СТРАДАЊЕ

а. Кога судиите дознале дека Павле и Сила биле римски граѓани, што сториле тие и како апостолите постапиле во согласност со тоа? Дела 16:37-39.

„Поглаварите се плашеле апостолите да не извршат влијание врз народот, а се плашеле исто така и од силата што се вмешала да ги спаси овие невини луѓе.

Придржувајќи се кон упатствата што им ги дал Христос, апостолите не останувале сосила таму каде што нивното присуство не било барано”. ¬– Делата на апостолите, 218.

б. По суровото измачување со кое Павле и Сила се соочиле пред заминувањето, што е интересно, кој кого утешил? Дела 16:40. Што апостолите заклучиле за времето што го поминале во Филипи? Филипјаните 1:29.

„Својата работа во Филипи апостолите не ја сметале за напразна. Тие наишле на силен отпор и прогони, но со посредството на провидението при нивното ослободување и со обратувањето на темничарот и на неговите домашни, биле повеќе отколку надоместени неволјите и страдањата што ги поднеле. Веста за нивното неправедно апсење и за чудесното ослободување се расчула низ целиот регион и работата на апостолите привлекла внимание на голем број луѓе до кои инаку не би можело да се стигне.

Павловиот труд во Филипи помогнал да се основе црква чијшто број на верници постојано се зголемувал. Неговата ревност и побожност, а над сè неговата подготвеност да трпи заради Христа, оставале длабок и траен впечаток врз обратените. Тие ја ценеле драгоцената вистина за која апостолите толку многу се жртвувале и со сето срце се посветиле на делото на својот Откупител”. ¬– Делата на апостолите, 218.


Петок 23. јули

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Ако бидам затворен поради вистината, кој треба да биде мојот приоритет?

2. Како треба да ме мотивираат страдањата на Христос и Неговите апостоли?

3. Што ме учи земјотресот во Филипи за Бога на кој му служам?

4. Опишете како бил трансформиран суровиот чувар на затворот?

5. Кои плодови произлегле од Божјото повикување на Павле да замине во Македонија?

 <<    >>