Back to top

Sabbath Bible Lessons

Lessons From the Book of Acts (2)

 <<    >> 
5. лекција Сабота, 31. јули 2021.

Апел до умот и срцето

„Бог, пак, не осврнувајќи се на времињата на незнаење, сега редум им заповеда на сите луѓе да се покаат” (Дела 17:30).

„Нашите напори не смеат да престанат, затоа што јавните состаноци се прекинати веќе некое време. Сè додека има заинтересирани, ние мора да им овозможиме да ја дознаат вистината”. -– Evangelism, p. 337.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ:   Делата на апостолите, 225-242. 

Недела 25. јули

1. ДИСКУСИЈА ВО ТЕКОТ НА ТРИ САБОТИ

а. После Филипи, опишете ја следната мисија на Павле и Сила. Дела 17:1-3.

„По напуштањето на Филипи, Павле и Сила тргнале кон Солун. Таму имале привилегија да се обратат на голем број на луѓе во синагогата, постигнувајќи добри резултати. Нивниот изглед сведочел за нивната неодамнешна срамота на која неодамна биле изложени и барале од нив да објаснат низ што поминале. Тие го сториле тоа без да се возвишат, туку ја величале Божјата милост која го овозможила нивното избавување. Сепак, апостолите, сметале дека немаат време да се задржуваат на своите страдања. Тие го носеле товарот на Христовите пораки и биле длабоко сосредоточени на Неговото дело.

Павле ги објаснувал старозаветните пророштва во врска со Месијата и зборувал во согласност со овие пророштва со животот и учењата на Христос, што сите негови слушатели кои ги прифатиле изнесените докази можеле јасно да ги разберат”. ¬– Sketches From the Life of Paul, pp. 81, 82.

„Павле бил адвентист; тој го прикажал важниот настан за второто Христовото доаѓање со таква моќ и образложување така што оставал длабок впечаток во умовите на Солунјаните, кој никогаш не исчезнал”. ¬– Sketches From the Life of Paul, pp. 83.


Понеделник 26. јули

2. ВОЗБУДА

а. Како била примена пораката во Солун? Дела 17:4.

„Кога вистините на евангелието биле објавени во Солун со таква сила, тоа го привлекло вниманието на големите собири”. ¬– Делата на апостолите, 229.

б. Опишете го начинот на кој начин непријателот на душите го манифестирал својот љубоморен гнев, и што ние денес можеме да научиме од ова искуство. Дела 17:5-8.

„(Завидливите Евреи) ги возбудиле страстите на недостојната толпа со лукаво смислени лаги и ја поттикнале жестоко да ја нападнат куќата на Јасон, привремениот дом на апостолите. Ова го направиле во бес кој повеќе им прилега на диви ѕверови отколку на луѓе. Од Евреите им било наредено да ги изнесат Павле и Сила и да ги одведат до надлежните органи, обвинувајќи ги дека ги предизвикале сите овие превирања и кревање на бунт.

Меѓутоа, кога упаднале во куќата, откриле дека апостолите не биле таму. Пријателите кои предвиделе што ќе се случи, набрзина ги одвеле надвор од градот...

Оние што ја проповедаат непопуларната вистина во нашево време, ќе се соочат со решителен отпор како и апостолите. Тие не треба да очекуваат поповолен прием од огромното мнозинство на таканаречени христијани, отколку Павле од страна на неговите еврејски браќа. Против нив ќе се подигнат здружени спротивставени елементи; бидејќи, колку и да се разликуваат организациите едни од други во своите чувства и религија, нивните сили ќе се обединат во газењето на четвртата заповед во Божјиот закон.

Оние кои не сакаат самите да ја прифатат вистината се најревносни во обидот и другите да не ја прифатат; не недостасуваат оние кои упорно измислуваат лаги, и ги разгоруваат ниските страсти кај луѓето за да ја направат Божјата вистина безвредна. Но, Христовите гласници мора да се вооружат со будност и молитва, да одат напред со вера, цврстина и храброст и да продолжат во името на Исус, како што правеле апостолите. Тие мора да го предупредат светот, учејќи ги престапниците на законот што е грев и укажувајќи им на Исус Христос како нивен голем и единствен лек за отстранување на истиот”. ¬– Sketches From the Life of Paul, pp. 84-86.


Вторник 27. јули

3. СПРАВУВАЊЕ СО РАЗЛИЧНИ УМОВИ

а. Какви благослови се пронајдени во Верија, и како ова е поука за нас? Дела 17:10-12.

„Во минатото имало отпади и Господ дозволил да се развиваат такви работи за да покаже колку лесно Неговиот народ ќе биде измамен кога ќе се потпира на човечки зборови, наместо да го пребарува Светото Писмо за себе, како што правеле благородните Веријци, за да проверат дали овие работи се вистинити или не”. ¬– Selected Messages, bk. 2, p. 394.

„Секој што тврди дека верува во претстојното Христово доаѓање нека го проучува Светото Писмо како никогаш порано; зашто сатаната одлучил да ги испроба сите можни средства за да ги задржи душите во темнина и да го заслепи умот пред опасностите во времето во кое живееме. Секој верник нека ја земе својата Библија со сериозна молитва, за да биде просветлен од Светиот Дух за она што е вистина, за да знае повеќе за Бога и за Исус Христос, кого Тој го испратил. Барајте ја вистината како скриено богатство и разочарајте го непријателот. Времето на испитување е пред нас, бидејќи гласниот вик на третиот ангел веќе започна да ја открива Христовата правда, Откупителот кој ги простува гревовите. Ова е почеток на светлината на ангелот, чија слава ќе ја исполни целата земја, затоа што задачата на секој до кого стигнала предупредувачката пораката е да го воздигне Исуса, и да го претстави пред светот”. ¬– Selected Messages, bk. 2, p. 362,363.

б. На кое место Павле набрзина бил испратен и зошто? Дела 17:13-15.

„Атина била метропола на незнабоштвото. Тука Павле не наишол на необразовано и лековерно население како во Листра, туку на луѓе прочуени по својата интелигенција и култура. Каде и да се запрел погледот, можеле да се видат статуи на нивните богови и обожавање на херои на историјата и поезијата претворени во богови, а величествената архитектура и сликарството ја прикажувале националната слава и обожавањето на незнабожечките идоли. Убавината и сјајот на уметноста ги засенчувале сетилата на луѓето. На секој чекор се издигнувале масивни облици на неискажливо раскошни светилишта и храмови. Скулптурите, рељефите и олтарите ја прикажувале победата на оружјето и на јуначките дела на славните луѓе. Поради сето тоа, Атина претставувала пространа галерија на уметноста”. ¬– Делата на апостолите, 233.


Среда 28. јули

4. ИНТЕЛИГЕНТНИ... НО СЕПАК ИЗМАМЕНИ

а. Опишете го Павловото запознавање со атинската култура. Дела 17:16-21.

„Во тој голем град, каде што не се знаело за служба на вистинскиот Бог, Павла го тиштело чувство на осаменост и копнеел за љубов и помош од своите соработници. За него овде немало човечко пријателство и се чувствувал мошне осамен. Во посланието до Солунјаните, тој своето чувство го изразил со зборовите: ‘Сметавме дека би било добро да останеме сами во Атина’ (1. Солунјаните 3:1). Пред него се наоѓале привидно непремостиви пречки и неговиот обид да допре до срцата на луѓето изгледал речиси безнадежен.

Очекувајќи да дојдат Тимотеј и Сила, Павле не стоел со скрстени раце. Тој ‘разговараше со Евреите во синагогата и со побожните, а и секој ден на пазарот со кого ќе се најдеше’ (Дела 17:17). Но негова главна задача во Атина била пораката на спасението да им ја однесе на оние кои немале вистинска претстава за Бога и за Неговата волја во врска со човечкиот род. Набргу апостолот дошол во судир со паганството, со неговиот најзаводлив и најпримамлив облик...

Некои биле подготвени апостолот да го исмеат како човек кој општествено и интелектуално е далеку зад нив...

(Сепак) и тие, како и сите други што доаѓале со него во допир, набргу увиделе дека тој располага со знаење поголемо од нивното. Јачината на неговиот ум влевала почит кај учените, додека неговите сериозни и логични причини и силата на неговата речитост го привлекувале вниманието на сите присутни. Слушателите сфатиле дека тој не е никаков новак, туку човек кој може да им се обрати на луѓето на сите слоеви со уверливи, цврсти докази во прилог на своето учење. И така апостолот бестрашно стоел, борејќи се со своите противници на нивна почва, спротивставувајќи ѝ се на логиката со логика, на филозофијата со филозофија, а на речитоста со речитост”. ¬– Делата на апостолите, 234-236.

б. Што пропуштаат да сфатат денешните обожаватели на природата (екологијата)? Дела 17:22-28.

„Тој (човекот) сам по себе не може да ја толкува природата, а да не ја стави над Бога. Неговата состојба е слична на состојбата на Атињаните кои, покрај останатите олтари посветени на обожавањето на природата, изградиле еден олтар на кој било напишано ‘на непознатиот Бог’. Бог ним навистина им бил непознат. Тој е непознат на сите што, без водство на божествениот Учител, се обидуваат да ја проучат природата. Тие неизбежно ќе дојдат до погрешни заклучоци”. ¬– 8. Сведоштво, 257.


Четврток 29. јули

5. РЕАЛНОСТ И ФОКУС

а. Кој апел упатен до Атињаните претставува отрезнувачки потсетник за нас, на кои ни е доверена многу поголема светлина, и кои живееме во времето на истражниот суд? Дела 17:29-31.

„Пред некој да може да стапи во становите на блаженството, неговиот случај мора да биде испитан, а неговиот карактер и неговите дела мора да излезат на преглед пред Бога. На сите ќе им се суди според извештајот напишан во книгите, и секој ќе прими плата според своите дела. Овој суд не се случува во мигот на смртта. Да обрнеме внимание на Павловите зборови: ‘Зашто определи ден кога праведно ќе му се суди на светот преку одредениот од Него Човек, откако ги увери сите со Неговото воскресение од мртвите’ (Дела 17:31). Овде апостолот јасно кажува дека за судот на светот е одредено посебно време кое тогаш било во иднина”. ¬– Големата борба, 548.

б. Како завршила работата на Павле во Атина? Дела 17:32-34.

„На крајот од својата работа, тој (Павле) очекувал да види резултати од неговата работа. Од големото собрание (во Атина) што ги слушало неговите елоквентни зборови, само тројца се обратиле во вера. Тој тогаш одлучил дека од тој момент ќе ја задржи едноставноста на евангелието. Тој бил убеден дека ученоста на светот е немоќна да ги придвижи човечките срца, но дека евангелие е Божја моќ за спасение”. ¬– The SDA Bible Commentary [E. G. White Comments], vol. 6, p. 1062.


Петок 30. јули

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Што можам да научам од ревноста на апостолите по нивната болка во Филипи?

2. Како наскоро ќе се повтори општото искуство на Павле во Солун?

3. Кој став откриен во Верија е од суштинско значење за нас денес?

4. На кој начин денешното општество личи на она што постоело во Атина?

5. Која поука, која Павле ја научил во Атина, треба да ја научам и јас?

 <<    >>