Back to top

Sabbath Bible Lessons

Lessons From the Book of Acts (2)

 <<    >> 
9. лекција Сабота, 28, август 2021.

Апостолот под истрага

„И ми рече (Господ): Оди! Јас те праќам далеку - кај незнабошците.” (Дела 22:21).

„Оние што се повикани да се соединат со Христа, мораат да остават сè за да Го следат”. – Христовите поуки, 36,37.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ:   Делата на апостолите, 408-418. 

Недела 22. август

1. ОТКРИВАЊЕ НА ХРИСТА

а. На што нè потсетува односот кон Павле? Дела 21:33-36; Лука 23:18.

„Кога Божјиот Син бил изведен пред судот, Евреите извикувале: ‘Распни Го, распни!’ Затоа што Неговиот чист живот и светото учење ги осведочувале за гревот и ги осудувале; и од истата причина мнозина во своите срца извикуваат против Божјата Реч”. – Counsels to Parents, Teach¬ers, and Students, p. 425.

б. Зошто божественото провидение го отворило патот за одбрана на Павле? Дела 21:37-39.

„Среде метежот, апостолот останал мирен и присебен. Тој во душата се потпирал на Бога и знаел дека небесните ангели се околу него. Тој не можел да го напушти храмот без да се обиде да им ја изнесе вистината на своите сонародници. Затоа, тој се свртел кон заповедникот, и со почит му се обратил на грчки јазик, велејќи: ‘Можам ли да ти кажам нешто?’... Побарал да му се дозволи да зборува со народот. Господ му дал на Својот слуга влијание врз римскиот офицер и барањето било исполнето”. – Sketches From the Life of Paul, p. 218.


Понеделник 23. август

2. ЧЕСТИТА ОДБРАНА

а. Наведете неколку главни моменти од одбраната на Павле? Дела 21:40; 22:1-11.

„Апостолот никогаш не можел да го заборави своето обраќање од прогонувач на сите што верувале во Христа, во оној кој поверувал во Него. Какво значење имала оваа преобразба врз целиот негов подоцнежен живот! Какво охрабрување било кога работел на страната на Оној што некогаш го исмевал и презирал! Никогаш не можел да го заборави уверувањето што му било дадено во првиот дел од неговата служба. Тој можел да зборува мудро затоа што имал искуство и лично знаење за Господ Исус Христос. Тој имал жива, постојана вера затоа што го развил чувството на Христовото присуство во сите негови дела. Тој добивал сила во молитвата и како верен Христов војник секогаш ги очекувал наредбите на својот Капетан”. – The SDA Bible Commen¬tary [E. G. White Comments], vol. 6, p. 1065..

б. Зошто Павле бил потполно сигурен дека Бог го повикал да му служи на незнабожечкиот свет? Дела 22:12-21.

„Господ бил тој кој пред Павла поставил задача да стапи во големото мисионско поле на незнабожечкиот свет. За да го подготви за тоа обемно и тешко дело, Бог тесно го поврзал со себе и пред неговите восхитени очи ги открил сцените на небесната слава и убавина”. – Делата на апостолите, 159.

в. Како реагирала толпата кон Павле, и каков бил резултатот? Дела 22:22-24.

„(Римскиот заповедник) не го разбирал излагањето на Павле на еврејски, и врз основа на општата возбуда заклучил дека неговиот затвореник мора да биде виновен за некое големо злосторство...

Телото на апостолот, како на обичен злосторник, било врзано и подготвено за камшикување. Покрај себе немал ниту еден пријател. Се наоѓал во римска касарна, опкружен само со брутални војници”. – Sketches From the Life of Paul, p. 220.

г. Зошто Павле бил поштеден од уште потешки искушенија? Дела 22:25-29.


Вторник 24. август

3. ПРЕД СОВЕТОТ

а. Како започнало сослушувањето на Павле пред советот, и што пророкувал тој? Дела 22:30; 23:1-5.

„Под влијание на Светиот Дух, Павле изрекол пророчки укор, сличен на она што Христос го изговорил, разоткривајќи го лицемерието на Евреите. Пресудата изречена од апостолот била ужасно исполнета кога незаконскиот и лицемерен првосвештеник бил убиен од страна на атентаторите во еврејската војна”. – The SDA Bible Commentary [E. G. White Comments], vol. 6, p. 1065.

б. Како Павле мудро го пренасочил фокусот на сослушувањето? Дела 23:6-9.

„Фарисеите биле многу строги во поглед на надворешното почитување на формите и обичаите и биле исполнети со арогантност, световност и лицемерна самоправедност. Садукеите го негирале воскресението на мртвите и постоењето на ангели и биле скептични дури и во однос на Бога. Оваа секта била составена воглавном од недостојни луѓе, од кои мнозина биле развратни во своите навики“. – The SDA Bible Commentary [E. G. White Comments], vol. 5, p. 1077.

„Овие две сопернички партии почнале меѓусебно жолчно да се расправаат, и така се скршила силата на нивното заедничко противење против Павле...

Во конфузијата што настанала, садукеите со сите сили настојувале да се доберат до апостолот за да го погубат, а фарисеите биле исто толку ревносни во настојувањето да го заштитат”. – Делата на апостолите, 411,412.

в. На кој начин Павле бил заштитен, и на што нè потсетува тоа? Дела 23:10.

„Нашата положба пред Бога не зависи од количината на светлина што сме ја добиле, туку од начинот на кој го употребуваме она што го имаме. Така, дури и незнабошците, кои ќе го изберат она што е право, колку што можат тоа да го разликуваат, се во поповолна положба од оние, кои добиле голема светлина и тврдат дека му служат на Бога, но ја запоставуваат светлината и во својот секојдневен живот работат спротивно на она што го исповедаат”. – Копнежот на вековите, 239.


Среда 25. август

4. САМ ВО ТЕМНИНАТА

а. Какви биле мислите на Павле додека бил сам ноќе во затворот во замокот, и што му донело утеха? Дела 23:11.

„Подоцна, кога размислувал за тоа мачно доживување, Павле почнал да стравува дека неговото тогашно однесување можеби не било по Божја волја. Можеби згрешил што воопшто и дошол во Ерусалим? Можеби неговата топла желба да се соедини со своите браќа резултирала со вакви несреќни последици?

Ставот на Евреите како божемен Божји народ пред незнабожечкиот свет предизвикал голема загриженост и болка во душата на апостолот. Какво мислење за нив ќе имаат тие незнабожечки војници? Евреите тврдат дека се поклоници на Јехова, а проникнати со слеп и наполно беспричински бес се нафрлаат да ги уништат дури и сопствените браќа кои не се согласуваат со нив по прашањето на верата и својот најсвечен верски собор го претвораат во сцена на судири и дивјачка конфузија. Павле чувствувал дека на Божјото име му е нанесен срам пред незнабошците.

Сега се наоѓал во затвор и знаел дека неговите непријатели со очајна пакост ќе се послужат со сите средства да го убијат. Дали е можно неговата работа и неговите заложби за црквата да завршиле и сега ќе се појават бесни волци? На Павле на срце му лежело Христовото дело и тој со длабока страхопочит размислувал за опасностите во кои се наоѓаат расеаните цркви, изложени на прогони од исти такви луѓе на какви што наишол во Синедрионот. Потиштен и обесхрабрен, Павле плачел и се молел на Бога.

Во тој мрачен миг Господ не го заборавил својот слуга. Тој го заштитил од бесот на убиствено расположениот џган во предворјето на храмот; Тој бил со него пред Синедрионот; Тој бил со него и во тврдината; Тој и сега му се открил на својот сведок, одѕивајќи се на неговата сесрдна молитва да му го покаже патот. ‘Ноќта му се јави Господ и му рече: „Не плаши се, Павле! И како што сведочеше за Мене во Ерусалим, така ќе треба да сведочиш и во Рим’ (Дела 23:11)”. – Делата на апостолите, 412,413.

б. Што ја открива Божјата подготвеност да нè утеши во темнината, исто како што направил за Павле, и за Давид кога бил сам во пустината? Псалм 63:5,6.

„Во сите времиња и на секое место, во сите таги и страдања, кога изгледите се мрачни, а иднината неизвесна, а ние се чувствуваме беспомошни и осамени, Утешителот ќе биде испратен како одговор на молитвата на верата”. – Christian Service, p. 251.


Четврток 26. август

5. ОД СТРАНА НА СВОЈОТ НАРОД

а. Следниот ден, каков план смислил непријателот на душите? Дела 23:12-15.

„Додека Господ го храбрел својот слуга, непријателите на Павле желно ковале заговор и правеле планови како да го уништат”. –Делата на апостолите, 413.

б. Преку кого Бог го разоткрил злобниот заговор? Дела 23:16-21.

в. Како единствено главниот капетан можел да го поништи планот, и што треба да научиме и сфатиме од прогонот против Павле? Дела 23:22-33.

„Ова не бил прв случај Божји слуга да најде меѓу незнабошците прибежиште од злобата на оние кои тврделе дека се Божји народ... Иако еврејските поглавари тврделе дека ревнуваат за Божјата чест и за добро на Израел, тие всушност биле непријатели и на Бога и на Израел. Со збор и со пример тие всушност сè повеќе го оддалечувале народот од послушноста кон Бога и го одвеле толку далеку, што Бог не можел да биде негова одбрана за време на неволјите”. – Делата на апостолите, 416,417.

„Сатаната постојано дејствува преку своите орудија за да ги обесхрабри и да ги уништи оние што ги избрал Бог да извршат некое големо и добро дело. Тие можат да бидат подготвени да го жртвуваат и животот за напредок на Христовото дело, но големиот измамник им влева на нивните браќа сомнеж во врска со нивната исправност; но, ако се прифатат, тие сомнежи ја поткопуваат довербата во искреноста на нивниот карактерот со што ги осакатуваат нивните напори”. – Делата на апостолите, 418.


Петок 27. август

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Како однесувањето на Павле се разликувало од однесувањето на неговите сонародници?

2. Што му овозможило на Павле да ги издржи многубројните страдања што го снашле?

3. Кој се однесувал најлошо кон Павле – незнабошците, фарисеите или садукеите?

4. Зошто можеме да се утешиме од Божјата грижа за Павле во затворот во замокот?

5. Објаснете го спротивставениот став помеѓу римскиот капетан и Евреите?

 <<    >>