Back to top

Sabbath Bible Lessons

Lessons From the Book of Acts (2)

 <<    >> 
  Сабота, 4. септември 2021.

Дар во првата сабота за црква во Доминиканска Република

Доминиканската Република го сочинува источниот дел на Карипскиот остров Хиспаниола, кој го дели со Хаити на запад, а на север се граничи со Атлантскиот океан. Ова е прекрасна, тропска земја позната по светски плажи, одморалишта, голф како и со своите срдечни, пријателски настроени луѓе. Природната убавина која може овде да се пронајдат вклучува дождовни шуми, савани и висорамнини, како и највисоката планина на Карибите. Главниот град, Санто Доминго датира од петтиот век и е богат со историски архитектонски локалитети.

Шпанскиот јазик го зборуваат 80% од 10,8 милиони луѓе, а следат хаитскиот, креолскиот и самана англискиот; економијата воглавном се заснова на рударство, земјоделство, трговија и услужни дејности. Официјалната религија е римокатоличката, со околу 40% активни и 29% формални верници, 18% евангелистички протестанти и 11% се оние кои не се изјаснуваат како припадници на било која религиска група.

Реформното движење на АСД пристигна во оваа земја во раните седумдесетти години, преку доминиканските мисионери кои живееле во САД и кои ја споделија сегашната вистина со своите пријатели и семејства. Некои од овие ревни верници потоа се преселиле назад на својот роден остров за на луѓето лично и со поголема ефикасност да им ја објават веста на вистината. Во овој регион бил испратен и еден проповедник – и со Божја сила, саканата химна на РДАСД за 144 илјади била клучна за отворање на многу врати за библиски студии, а делото беше организирано во 1976. година. Оттогаш, пораката се ширеше понатаму и сега имаме преку 150 членови на црквата и околу 400 редовни ученици на саботна школа.

Со овој раст, природно се појави потреба за цркви во кои би се славел Господ. Со Божја милост, имаме земја за оваа намена во Ла Салвиа, Бонао во северниот дел на островот. Тука се веќе започнати градежните работи, а исто така планираме на Господ да му посветиме и молитвен дом во делот од градот Лос Мина провинција на Санто Доминго. Овдешните браќа доброволно донираа свои средства за овие потреби, но за да се остварат овие цели потребна ни е и ваша помош.

Кога ќе се собира дар во првата сабота, ве молиме великодушно да приложите за спомениците да заблескаат на слава Божја во оваа островска земја. Наша молитва е Господ богато да ги благослови даровите и дарителите!

Вашите браќа и сестри од Доминиканска Република

 <<    >>