Back to top

Sabbath Bible Lessons

Lessons From the Book of Acts (2)

 <<    >> 
2. лекција Сабота, 10. јули 2021.

Појаснување на доктрините

„Браќа, ве молам во името на нашиот Господ Исус Христос, сите вие да зборувате исто, и меѓу вас да нема раздори, туку да бидете совршено соединети во еден ум и во исто мислење” (1. Коринтјаните 1:10).

„Браќата треба да се почитуваат едни со други, да се советуваат заедно и да се молат заедно сè додека не дојде до единство меѓу нив”. – The Review and Herald, December 15, 1885.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ:   Делата на апостолите, 188-197. 
  Testimonies to Ministers, pp. 426–443. 

Недела 4. јули

1. РАЗЛИЧНИ ИДЕИ

а. Каква идеја ширеле некои луѓе од Јудеја меѓу христијаните и зошто тоа предизвикало раздор? Дела 15:1; Тит 1:10,11.

„Во деновите на Павле имало луѓе кои постојано се задржувале на прашањето за обрежување, изнесувајќи докази од Библијата кои ја потврдувале обврската на овој обред за Евреите; но тоа учење станало безначајно во времето на Павле; бидејќи Христос веќе умрел на крстот на Голгота и обрежувањето на телото немало веќе никаква дополнителна вредност.

Симболичната служба и церемониите поврзани за неа биле укинати на крстот. Оној кој го претставувал вистинското, несимболично Јагне Божјо, веќе бил жртвуван за грешниот човек и сенката се изгубила во стварноста. Павле се обидувал да ги насочи умовите на луѓето кон големата вистина од своето време; но оние кои тврделе дека се следбеници на Христа, биле целосно вовлечени во учењето на еврејската традиција и обврската да бидат обрежани”. – The SDA Bible Commentary [E. G. White Comments], vol. 6, p. 1061.

„Овие учители, поборници на еврејството, со голема самоувереност и со сигурност тврделе дека човек, за да се спаси, мора да биде обрежан и да ги исполнува сите прописи на церемонијалниот закон”. – Делата на апостолите, 188.


Понеделник 5. јули

2. ПОТРЕБА ДА ГО ПРОШИРИМЕ РАЗБИРАЊЕТО

а. Што било потребно за да се обезбеди хармонија со обрежувањето и церемонијалниот закон кои укажувале на Христовото прво доаѓање како Јагне Божјо? 1. Коринтјаните 1:10; Дела 15:2.

б. Какви вести биле во можност да донесат учениците од Антиохија? Дела 15:3,4.

„Откако пристигнале во Ерусалим, делегатите од Антиохија го известиле црковниот собор за успехот на нивната служба и забуната што произлегла од некои фарисеи кои биле обратени, велејќи дека обратениците од паганството треба да бидат обрежани и да ги држат Мојсеевите прописи за да бидат спасени”. – Sketches From the Life of Paul, p. 64.

в. Дури и откако го слушнале исполнувањето на пророштвото за обратувањето на незнабошците, на што некои фарисејски верници сè уште инсистирале, и зошто? Дела 15:5.

„Општо земено, обратените Евреи не биле наклонети да напредуваат толку бргу колку што им го отворало патот Божјото провидение. Резултатот на работата на апостолите меѓу незнабошците јасно покажал дека обратениците од тие народи бројно ќе ги надмине обратениците од еврејско потекло. Евреите се плашеле дека, ако не се постават ограничувањата и обредите на нивните закони како задолжителен услов за прием на незнабошците во членство на црквата, националната еврејска особеност со која до тогаш се изделувале и се разликувале од сите народи, конечно сосем ќе исчезне меѓу оние што ја прифатиле пораката на евангелието”. – Делата на апостолите, 189.

„Евреите се гордееле со своите од Бога воспоставени служби; и дошле до заклучок дека штом Бог еднаш го опредедил еврејскиот начин на богослужение, невозможно е некогаш да дозволи било каква промена од нивните прописи. Одлучиле дека христијанството треба да се поврзе со еврејските закони и церемонии. Биле бавни во целост да откријат што е укинато со Христовата смрт и да разберат дека сите нивни жртвени приноси само укажувале на смртта на Божјиот Син, каде типот е заменет со антитипот, правејќи ги на тој начин бескорисни божествените назначени церемонии и жртви на еврејската религија”. – Sketches From the Life of Paul, p. 64,65.


Вторник 6. јули

3. БОРБА ЗА ЕДИНСТВО

а. Што сторила христијанската делегација во врска со нивното несогласување, и зошто е ова важно за сите нас? Римјаните 15:5,6; Дела 15:6.

„Господ во Својата реч ни дал одредени и јасни поуки. Ако им се покоруваме, ќе ја сочуваме слогата и единството во црквата. Браќа и сестри, ќе сакате ли да им се покорите на тие вдахновени поуки? Дали се трудите да ја исполните Христовата молитва Неговите ученици да бидат едно?” – 5. Сведоштво, 248.

б. Што можеле Петар, Варнава и Павле да посведочат за доказите за делувањето на Светиот Дух меѓу незнабошците? Дела 15:7-12.

„Секоја душа, спасена во старозаветниот период, била спасена од Христос, исто така како што се спасуваме и ние денес”. – The SDA Bible Commentary [E. G. White Comments], vol. 6, p. 1061.

в. Наведете еден фактор кој претставувал вистински предизвик за постигнување на целосна хармонија меѓу новообратените Евреи и неевреите. Римјаните 14:19-21.

„Незнабошците биле навикнати да јадат месо од задавени животни, додека Евреите добиле Божји упатства во врска со храната што треба да ја користат. Тие се држеле до тоа дека, при колење на животните, крвта треба да истече од телото, инаку тоа месо се сметало за нездраво. Бог им ги дал овие прописи на Евреите за да го сочува нивното здравје и сила. Евреите сметале дека е грешно да се користи крвта како прехранбен производ. Тие верувале дека крвта претставува живот, и дека крвопролевањето било последица на гревот.

Незнабошците, спротивно на тоа, ја собирале крвта која течела од жртвата и ја пиеле или ја користеле во подготовка на нивната храна. Евреите не можеле да ги менуваат обичаите што ги почитувале толку долго и кои ги усвоиле под специјални Божји упатства. Затоа, како што тогаш стоеле работите, ако Евреин и незнабожец дојдат да јадат на иста трпеза, првиот ќе биде шокиран и револтиран од навиките и однесувањето на вториот”. – Sketches From the Life of Paul, pp. 65, 66.


Среда 7. јули

4. ПОСТИГНУВАЊЕ НА ДОГОВОР

а. Освен идејата за крвта како храна, кои други пагански навики предизвикале разумна загриженост кај новообратените Евреи? 1. Коринтјаните 8:9-13; 6:18.

„Голем дел од новообратените незнабошци живееле меѓу неуки и суеверни луѓе, кои честопати им принесувале жртви на идолите. Свештениците на ова паганско обожавање се занимавале со широка трговија со месото на жртвуваните животни што доаѓало во нивни раце, а Евреите се плашеле дека новообратените незнабошци ќе го осквернат христијанството со купување на месо кое било жртвувано на идоли, и со тоа исто така во извесна мерка се плашеле дека ги одобруваат идолопоклоничките обичаи...

Незнабошците, а особено Грците, биле крајно развратни и постоела опасност некои од нив, кои не биле обратени во срцето, и покрај тоа што исповедале вера, да продолжат со своите лоши практики. Христијаните од еврејско потекло не можеле да го толерираат неморалот, кој незнабошците не го сметале ниту за некаков престап”. – Делата на апостолите, 191,192.

„Живееме во време на разврат, кога и младите и старите се храбри во гревот. Ако нашата младина не биде под света заштита, ако не е втемелена на цврсти начела, ако не посветуваат поголемо внимание при изборот на нивни соработници и литературата што го храни умот, таа ќе биде изложена на влијанието на општеството чијшто морал е исто толку расипан како што бил моралот на луѓето во Содом”. – Messages to Young People, p. 85.

„Сите блудници ќе бидат надвор од Божјиот град”. – Testimonies to Min¬isters and Gospel Workers, p. 431.

б. Какво избалансирано решение препорачал Јаков? Дела 15:13,19,20.

„Се чини дека во овој случај, Јаков бил избран да го реши прашањето пред советот. Тој пресудил дека церемонијалниот закон, а особено уредбата за обрежување, да не им се наметнува на кој било начин на незнабошците, па дури ниту да им се препорачува. Јаков се обидел да ги убеди своите браќа дека незнабошците, свртувајќи се кон Бога од идолопоклонството, направиле голема промена во нивната вера; и дека мора да се внимава нивниот ум да не се вознемирува со збунувачки и сомнителни прашања, за да не се обесхрабрат да го следат Христа.

Сепак, незнабошците не требало да се однесуваат на начин кој е во спротивност со ставовите на нивните еврејски браќа... Од нив се барало да ги чуваат Божјите заповеди и да водат свет живот”. – Sketches From the Life of Paul, p. 69.


Четврток 8. јули

5. ОБЕДИНЕТИ ВО СЕГАШНАТА ВИСТИНА

а. Која резолуција била одобрена од делегацијата на христијанските верници? Дела 15:22,23,28-31.

б. Што треба да сфатиме кога ќе видиме дека сè уште имало луѓе кои биле незадоволни од конечната пресуда во врска со церемонијалните обреди кои веќе биле исполнети во Христовата жртва? Галатјаните 6:12-15; 5:6.

„Не била повикана целата христијанска црква со гласање да се изјасни за тоа прашање. ‘Апостолите и старешините’, влијателните, совесните луѓе, донеле и објавиле одлука која потоа без одлагање ја прифатиле сите христијански цркви. Сепак, не биле сите задоволни со оваа одлука; се формирала група од славољубиви и самоуверени браќа кои не се согласиле со тоа. Тие луѓе на сопствена одговорност речиси ѝ се наметнале на црквата. Во голема мера биле наклонети кон мрморење, кон изнаоѓање на грешки, секогаш предлагале нови планови и настојувале да го поткопаат делото на оние луѓе што ги одредил Бог да го проповедаат евангелието. Црквата уште од почеток наидувала на вакви препреки и ќе наидува сè до крај”. – Делата на апостолите, 196,197.

„Церемонијалниот закон, даден од Бог преку Мојсеј, со своите жртви и уредби, требало да биде задолжителен за Евреите сè додека симболот не нашол остварување во стварноста, во смртта на Христос како Јагне Божјо, кое ги зеде гревовите на светот. Тогаш сите обредни жртви и служби морале да бидат укинати”. – The Review and Herald, September 27, 1881.

„Продолжувањето на овие обреди (на церемонијалниот закон) би било навреда за Јехова”. – The SDA Bible Commentary [E. G. White Comments], vol. 5, p. 1140.


Петок 9. јули

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Кој непотребен јарем се обиделе некои рани христијани да им го наметнат на сите?

2. На кои начини можам да бидам во опасност да негувам фарисејски став?

3. Зошто било корисно апостолите и старешините да се соберат да разговараат?

4. Блудот е широко распространет денес, но што треба да каже црквата за тоа?

5. Зошто не треба да ме зачуди фактот дека и денес постојат неистомисленици?

 <<    >>