Back to top

Sabbath Bible Lessons

Поуки од животот на Јаков

 <<    >> 
  Сабота, 1. август 2020.

Дар во првата сабота За седиште во Алмати, Казахстан

Република Казахстан е држава од 18 милиони луѓе, во средна Евроазија. Помалиот дел од државата припаѓа на Европа, а поголемиот на Азија. Казахстан е деветта најголема држава по територија во светот, која граничи со Русија, Кина, Киргистан, Узбекистан, Туркменистан и Касписко Море. Официјален јазик е казашкиот, а главна религија е исламот, застапена меѓу 70% од населението, следува христијанството (претежно православно) со 26%, а останатите 4% припаѓаат на јудаизмот, будизмот, или се атеисти. Главен град е Астана, но најголемиот град со 1,7 милиони жители е Алмати, порано познат како Алма-Ата или Верние.

Пораката на реформацијата во Казахстан започна во дваесеттите години од минатиот век, но се соочила со сериозни тешкотии зад „железната завеса“, така што тамошните браќа немале речиси никаква врска со Генералната конференција. По распадот на СССР, повеќето членови заминале за Русија и Германија.

Сега е време за оживување на Божјото дело во овој дел од лозјето. И покрај огромните предизвици, тука делото никогаш не престанало. Освен изолираните членови, повеќето наши верници, вклучувајќи ги и библиските работници, се наоѓаат во Алмати, каде со години изнајмувавме разни објекти за богослужби. Неодамна, владата донесе закон со кој на верските деноминации им се забранува да изнајмуваат објекти за богослужба, така што нашата група се нашла во тешка состојба. Затоа Руската унија и Источноевропската унија купиле парцела на која ќе биде изграден молитвен дом, како седиште на оваа област.

Алмати се наоѓа на крстопат, лоциран по должината на познатиот Пат на свилата од Кина до Европа. Покрај фактот дека Кинезите сега инвестираат многу милијарди за заживување на тој пат, стратешката позиција на Алмати го прави и значаен туристички центар. „Ние не смееме да ја криеме вистината по аглите на Земјината топка. Таа мора да се објавува, таа мора да блеска во нашите големи градови. Христос работел на брегот на езерото и на големите раскрсници каде што можел да се среќава со луѓе од сите краеви на светот.“ – 7. Сведоштво, 35.

Драги браќа, ние сме на прагот на вечноста. Христос наскоро ќе дојде да го однесе својот народ во подобра земја. Наближува времето кога материјалните добра повеќе нема да ни бидат потребни, затоа ни се советува: „Вложувајте ги своите пари таму каде што тие ќе можат да се употребат за напредок на Божјото дело. Испратете го вашето богатство пред вас во небото.“ – 5. Сведоштво, 464.

Вашите браќа и сестри од Казахстан

 <<    >>