Back to top

Sabbath Bible Lessons

Поуки од животот на Јаков

 <<    >> 

ПРЕДГОВОР

Можеби најголемата поука која можеме да ја научиме од животот на Јаков е извонредната моќ на молитвата. Искуствата на овој патријарх ни ја откриваат слабоста на човечкиот род и неизмерното сочувство на распнатиот и воскреснатиот Спасител. Историјата на животот на Јаков е сè уште многу значајна и денес.

„Но кога ќе дојде неволја на нас, колкумина од нас се однесуваат како Јаков! Мислиме дека е тоа раката на непријателот, и во темнина слепо се бориме сè додека не ја потрошиме нашата сила и повеќе не можеме да најдеме утеха или ослободување. Божјиот допир во мугрите му го открил на Јакова оној со кого се борел - Ангелот на заветот; и тој плачејќи и беспомошен, паднал врз градите на Бескрајната Љубов за да го добие благословот по кој копнеела неговата душа. И ние исто така треба да научиме дека неволјите претставуваат благослов, и не треба да ги презираме казнувањата од Господа ниту пак да губиме надеж кога Тој нè изобличува.“ – Мисли од гората, 11.

„Сатаната мнозина наведува да веруваат дека Бог лесно ќе премине преку нивното неверство во помалку важните животни Прашања; но, во својата постапка со Јакова Бог покажал дека Тој во никој случај не може да го потврди ниту да го одобри злото. Сите оние што се трудат своите гревови да ги скријат или да ги оправдаат и дозволуваат истите во небесните книги да останат непризнати и непростени, ќе бидат победени од сатаната. Колку повеќе сметаат дека се побожни и колку е повисока положбата што ја заземаат, толку нивниот случај во Божјите очи е пожалосен и потежок, а триумфот на големиот противник посигурен.

Историјата на Јакова е исто така доказ дека Бог нема да ги отфрли оние што биле измамени и наведени на грев, но со вистинско покајание се вратиле на вистинскиот пат. Со потчинување на сопственото ,јас“ на Божјата волја и со цврста вера, Јаков го постигнал она што, борејќи се со сопствени сили, не можел да го постигне. Така Бог го научил својот слуга дека само божествената сила и Божјата милост можат да му го дадат оној благослов за кој толку многу жеднеел. Така ќе биде и со оние што ќе живеат во последните денови. Кога од сите страни ќе ги опкружат опасности и кога душата ќе им ја обземе очај, тогаш ќе мора да се потпрат само и единствено врз заслугите на Христовата крв. Со нашата сила ние не можеме да сториме ништо. Во нашата безнадежна недостојност мораме да се потпреме врз заслугите на распнатиот и воскреснатиот Спасител. Не постои човек што ќе пропадне ако постапува вака. Пред очите на Семожниот стои долг црн список на нашите гревови. Списокот е заклучен и ниеден од нашите престапи не е изоставен. Но Оној, кој пред толку време го слушнал пекањето на својот слуга, ќе ја чуе и нашата молитва проникната со вера и ќе ни ги прости нашите престапи. Тој тоа го ветил и Тој ќе го одржи својот збор.“ – Патријарси и пророци, 202.

„Откако ќе ги изнесеме своите молби, не смееме да ги креваме рацете од нив, туку да речеме, како Јаков, кога цела ноќ се борел со ангелот: ‘Нема да те пуштам, додека не ме благословиш.’“ - The Signs of the Times, May 15, 1884.

Оддел на Генералната Конференција за Саботна школа

 <<    >>