Back to top

Sabbath Bible Lessons

Поуки од животот на Јаков

 <<    >> 
1. лекција Сабота, 4. јули 2020

Раните години

„Со сето срце мое Те барам, не дозволувај да застранам од Твоите заповеди” (Псалм 119:10).

„(Бог) ќе се открие кај секоја душа што ќе дојде кај Него во целосна понизност и ќе Го побара со целото срце“. – Fundamentals of Christian Education, 531.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ:   Воспитување, 253-261. 

Недела 28. јуни

1. ИСАК И РЕВЕКА

а. Што ја открива искрената вера на остарениот патријарх Аврам за неговото потомство, по смртта на неговата сопруга? Создавање 24:1-4, 7.

б. Како Аврамовиот слуга го објаснил Божјото водство при изборот на Ревека како идна сопруга на Исак? Создавање 24:42-51, 58.

в. Што можеме да научиме од оваа среќна заедница? Создавање 24:63-67.

„Исак бил обучен во страв Божји, и живот на послушност. На четириесетгодишна возраст, тој се потчинил на одлуката на неговиот татко, богобојазливиот и искусен слуга да избере за него. Верувал дека Бог ќе управува при изборот на жена за него. Тој верувал дека Бог ќе го насочи да добие сопруга.

Во денешно време децата од петнаесет до дваесет години, обично се сметаат себеси за доволно компетентни да избираат сами, без согласност на нивните родители. И тие би гледале со зачуденост, ако им биде предложено да одлучуваат во страв Божји и тоа прашање да го направат предмет на молитва! Случајот на Исак бил забележан како пример по кој децата во идните поколенија би требало да се поведуваат, особено оние што тврдат дека се бојат од Бога“. – Spiritual Gifts, vol. 3, p. 112.


Понеделник 29. јуни

2. БОРБИ

а. Со какво искушение се соочил новиот пар – и врз основа на записот за Исаковите години, колку тоа траело? Создавање 25:20,21 (прв дел), 26 (последен дел).

б. Како била наградена верата на Исак? Создавање 25:21.

в. Какво бурно искуство претрпела Ревека откако зачнала, и што таа направила во врска со тоа? Создавање 25:22.

г. Зошто Ревека имала такво искуство, и што таа поради тоа разбрала? Создавање 25:23,24.

„Бог го знае крајот од почеток. Тој знаел, пред раѓањето на Исав и на Јаков, точно каков карактер ќе развијат и двајцата. Знаел дека Исав нема да има послушно срце. Одговорил на повиците на Ревека и ѝ дал до знаење дека ќе има две деца и дека постариот ќе му служи на помладиот. Тој и ја прикажал идната историја на нејзините два сина, дека тоа ќе бидат два народа, дека едниот ќе биде поголем од другиот и дека постариот треба да му служи на помладиот“. – The Spirit of Prophecy, vol. 1, pp. 105, 106.

д. Опишете го првиот од близнаците. Создавање 25:25,27 (прв дел). На кој начин немирниот дух, како што е неговиот, покажува тенденција кон незадоволство? Изреки 27:20.

„Кога Исав пораснал, уживал во самозадоволување на своите барања и неговиот интерес целосно бил фокусиран на сегашноста“. – Патријарси и пророци, 177.

„Среќата не се наоѓа во себично задоволување; следува само по будење на чувството за должност“. – Совети за детето, 206.


Вторник 30. јуни

3. СПРОТИВСТАВЕНИ ЛИЧНОСТИ

а. Што направил помладиот близнак при раѓањето? Создавање 25:26 (прв дел).

б. Опишете го карактерот на помладиот близнак. Создавање 25:27 (последен дел).

„Јаков секогаш бил замислен и внимателен. Размислувал повеќе за иднината отколку за сегашноста и се задоволувал да остане дома пасејќи ги стадата и обработувајќи земја“. – Патријарси и пророци, 177.

в. Како родителите се однесувале кон нивните двајца сина? Создавање 25:28.

„Бидејќи никако не се мирел со тоа некој да го зауздува, нашол задоволство во дивата слобода на ловот, и така уште рано го избрал ловечкиот живот. Но сепак бил љубимец на својот татко. Кроткиот и мирољубив пастир го привлекувала смелоста и енергијата на неговиот постар син, кој бестрашно ги крстосувал горите и пустините и се враќал кај татка си со уловен дивеч и со возбудливи стории за своите авантури... Мајка му ја ценела неговата стрпливост, неговата истрајност, трудољубивост и претпазливост. Неговите чувства биле длабоки и силни, а сесрдното и непрекинато внимание и носело многу повеќе среќа отколку избувливите и повремени изливи на восхит на Исава. Ревека повеќе го сакала Јакова“. – Патријарси и пророци, 177.

„Исак и Ревека сметале дека ветувањата дадени на Аврама и потврдени на неговиот син, во исто време се и голема цел на нивните желби и надежи. Исав и Јаков знаеле за тие ветувања“. – Патријарси и пророци, 177.

г. Зошто редоследот на раѓање бил толку важен во старо време? Излез 13:12.

„Со духовното првородство биле поврзани земните предимства што би му овозможиле водство во семејството и двапати поголем удел во наследувањето на татковото богатство“. – Патријарси и пророци, 180,181.


Среда 1. јули

4. ПРАШАЊЕ ЗА СТАВОТ

а. Без оглед на тоа како родителите гледале на Јаков, како на него гледал Бог, и зошто? Псалм 47:4; Матеј 5:6.

б. Опишете ја длабочината на искуството откриено во вистинскиот копнеж за Бога. Јов 23:11; Псалм 119:10.

„Срцето нека ви биде проникнато со копнеж да излезете пред Бога, пред живиот Бог!... Исполнети со истрајна, Јаковова вера, со нескршлива цврстина на Илија, барајте да добиете сè што ветил Бог“. – Христовите очигледни поуки, 149.

в. Кој вечен принцип во ставот на Јаков открива зошто, во смисла на духовноста и карактерот, тој бил посоодветен за првородство од неговиот неверен брат? Римјаните 13:14.

„Биле поучени дека наследното право има големо значење, зашто тоа не носи само земни богатства, туку во себе содржи и духовно првородство. Првородениот секогаш требало да биде свештеник на семејството, а од редовите на неговите потомци требало да дојде и Спасителот на светот. Од друга страна, првородениот имал и одговорности. Оној што ќе ги наследи благословите што му припаѓале на првородениот, морал да му го посвети својот живот на Бога; морал да ги слуша Божјите наредби како и Аврам. Морал да постапува во сообразност со откриената Божја волја при изборот на брачниот другар и во сите области од јавниот и семејниот живот.

Исав, како постар по раѓање, имал право на првородство. Но Исав не бил наклонет кон верскиот живот, ниту му било грижа за побожноста. Барањата и обврските на духовното првородство за него претставувале несакани и одвратни ограничувања. Божјиот закон, што претставувал услов на божествениот завет склучен со Аврама, Исав го сметал за ропски јарем. Наклонет да им попушта на своите телесни желби, кон ништо не се стремел толку колку кон слобода да прави што му се допаѓа. Според неговото сфаќање, среќата се состоела од богатство, од моќ, веселба и уживање во насладите. Се гордеел со неограничената слобода на својот див, скитнички живот“. – Патријарси и пророци, 177,178.


Четврток 2. јули

5. КОПНЕЖ ЗА БЕСКОНЕЧНИОТ

а. Каде бил фокусот на Јакововите мисли? 2. Коринтјаните 4:18.

„Јаков од мајка си дознал за божественото навестување според кое правото на првородство требало да му припадне нему и бил исполнет со неискажлив копнеж за предимствата што би ги стекнал со тоа право. Не жеднеел за богатсвото на татка си неговиот копнеж се однесувал на духовното предимство што му припаѓало на првенецот. Да одржува блиски духовни односи со Бога, како што го правел тоа праведниот Аврам да принесува жртви на помирување за своето семејство да биде еден од предците на избраниот народ и на ветениот Месија да го наследи вечното и непоминливо богатство опфатено со благословите на заветот тоа биле предимствата и почестите со кои гореле неговите најсесрдни желби. Неговите мисли постојано биле упатени кон она што допрва ќе дојде и тој сакал да ги сфати невидливите благослови на иднината.

Со прикриен копнеж слушал сѐ што им раскажувал татко им за духовните предимства на првородениот додека во срцето верно го чувал и го паметел она што го дознал од мајка си. За тој предмет мислел ден и ноќ сѐ додека истиот не го опфатил целокупното негово животно интересирање“. – Патријарси и пророци, 178.

б. Зошто животниот приоритет на Јаков треба да нè инспирира и нас денес? Псалм 42:1; 119:11.

„Светот го зафаќа напнатост каква никогаш порано не можела да се види. Во задоволствата, трупањето пари, борбата за власт и самата борба за опстанок, постои страотна сила која го окупира телото, умот и душата. Среде ова разбеснето трчање, Бог проговара. Тој нѐ повикува да се повлечеме во самотија и да разговараме со Него“. – Воспитување, 260.


Петок 3. јули

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Што можеме да научиме од патријарсите во однос на изборот на брачен другар?

2. Објаснете го духовната сознание дадено на Ревека во поглед на нејзините двајца сина?

3. Каков контраст постоел помеѓу личностите на Јаков и Исав?

4. За кој аспект на првородството Јаков длабоко копнеел?

5. Среде интензитетот на содржините кои денес го одвлекуваат нашето внимание, за што треба да бидеме свесни?

 <<    >>