Back to top

Sabbath Bible Lessons

Поуки од животот на Јаков

 <<    >> 
6. лекција Сабота, 8. август 2020

Злото на лакомството

„Приклони го срцето мое кон Твоите сведоштва, а не кон лакомства” (Псалм 119:36).

„Она што ни е потребно да научиме да ги ползуваме силите и можностите што ги имаме совесно, на најдобар можен начин и да бидеме задоволни со делот кој Небото ни го одредило”. – Воспитување, 117.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ:   Адвентен дом, 255–259. 

Недела 2. август

1. МАКИТЕ НА ЛИЈА

а. Иако Бог сакал да внесе ведрина во животот на Лија, кои нејзини зборови сепак ја откриваат болката на ривалство во домот? Создавање 29:31-34.

„Но себичниот и лаком Лаван, сакајќи толку верниот човек да го задржи како постојан слуга, свирепо и болно го измамил Јакова, подметнувајќи му ја Лија наместо Рахила. Фактот што Лија учествувала во таа измама толку влијаел врз Јакова, што никогаш не можел да ја сака”. ¬– Патријарси и пророци, 189.

б. Што можеме да научиме од моментот кога Лија покажала подлабока вера и доверба, без придружен приговор? Создавање 29:35.

„Нашите разговори треба да бидат свети и без мрморење”. – The Review and Herald, May 7, 1889.

„Фалете Господа во секое време. На околностите гледајте од поведрата страна, не од мрачната. Бидете будни и молете се, и Господ ќе ве благослови, води и зајакне”. – This Day With God, p. 234.


Понеделник 3. август

2. ФРУСТРАЦИЈА И БЕЗУМИЕ

а. Зошто Рахила, наместо да ужива во привилегираниот однос на нејзиниот сопруг кон неа, копнеела по благословите кои Бог ги подарил на нејзината сестра? Создавање 30:1; Изреки 30:15,16.

б. На кој начин ова претставувало извор на непријатности за Јаков? Создавање 30:2.

в. За да се натпреварува со нејзината ривалка, кон какви планови Рахила очајнички прибегнала, што предизвикало дополнително нарушување на брачната врска? Создавање 30:3-8.

г. Усложнувајќи ги работите уште повеќе, како Лија го довела ова натпреварување до ескалација? Создавање 30:9-13.

д. Што продолжило да предизвикува неволји во домашниот живот на семејството? Создавање 30:14-20.

ѓ. Среде хаосот, како Бог покажал милост кон Рахила? Создавање 30:22-24.

е. Сепак, во целина, кој бил коренот на сите овие расправии, и како тоа неизбежно влијаело врз сите во домаќинството? Изреки 13:10; 27:4; Јаков 3:16.

„Со расправа за тривијални работи се развива горчлив дух. Отворените расправии и несогласувања доведуваат до неискажлива беда во домот и ги разделуваат оние што треба да бидат обединети со врски на љубов”. – Messages to Young People, p. 453.


Вторник 4. август

3. ВРЕМЕ Е ЗА ПРЕСЕЛБА

а. Откако Јаков поминал дваесет години во верна служба на Лаван, каков разговор тие двајцата конечно имале? Создавање 30:25-30.

б. Што било договорено во врска со платите на Јаков? Создавање 30:31-34.

в. Објаснете ги следните чекори на Јаков и како биле благословени. Создавање 30:35-43.

г. На кој начин, љубоморниот, натпреварувачки карактер на семејството на Лаван покажал дека е време Јаков да се отсели од неговиот тест? Создавање 31:1-5.

д. Што им објаснил Јаков на своите жени за животот кој го водел како пастир над стадата на Лаван? Создавање 31:6,7.

„Полни дваесет години Јаков останал во Месопотамија и му служел на Лавана кој, презирајќи ги сите обврски на роднинството, секогаш настојувал сите предимства на таа врска да ги искористи за себе. Лаван барал Јаков да му служи четиринаесет години за да му ги даде обете свои ќерки, а за другото време платата на Јакова десет пати му е менувана. Но Јаков сепак служел верно и марливо”. – Патријарси и пророци, 190.

ѓ. Зошто сестрите лесно се согласиле да го напуштат опкружувањето каде што израснале, и како исто така и ние сме повикани без двоумење да избегаме од околината во која владее лакомост? Создавање 31:14-16; Псалм 119:36.


Среда 5. август

4. ГРИЖА ЗА СТАДОТО

а. Опишете го животот на верниот пастир? Лука 15:4.

„Било неопходно пастирот своите стада да ги чува и дење и ноќе, зашто им се заканувала опасност од диви ѕверови и разбојници што ги имало многу и кои воопшто не се плашеле, создавајќи често вистински хаос во стадото кое не било совесно пазено. Јаков имал многу помошници кои биле вработени околу големото стадо на Лавана, но тој сам бил одговорен за сѐ. Цели годишни времиња тој лично морал да поминува при стадото за да го сочува во време на суша да не загине од жед, а во студените месеци ноќе да не премрзне. Јаков бил главен пастир а другите слуги биле само потпастири. Секогаш кога би се загубила некоја овца, штетата би ја поднесувал главниот пастир, а тој од момоците на кои им била доверена грижа за овците барал строго да водат сметка за тоа стадото да се множи и да напредува”. – Патријарси и пророци, 190.

б. Зошто Библијата многу зборува за животот на пастирот? Јован 10:11-15; Езекиел 34:16,22.

„Животот на пастирот исполнет со марливост и труд, неговата нежност и сочувство кон тие немоќни созданија доверени на негова грижа, го употребил вдахновениот писател за да прикаже некои од најскапоцените евангелски вистини. Христос е прикажан како пастир на својот народ. Тој видел како, по паѓањето во грев, неговите овци биле осудени да пропаднат на мрачните патишта на гревот. За да ги спаси оние што талкаат, ја напуштил својата слава и честа на домот на својот Отец...

Христос, како главен пастир, им го доверил своето стадо на своите слуги како потпастири; и Тој им заповеда да чувствуваат света одговорност за стадото што им е доверено, покажувајќи за него таков интерес каков што покажал Тој. Тој свечено им заповедал да бидат верни и, чувајќи го стадото да им помагаат на слабите да ги крепат изнемоштените и да ги штитат од ненаситните и гладни волци.

За да ги спаси овците, Христос го заложил својот живот; и Тој ги повикува своите потпастири да покажат љубов што ќе ја видат од неговиот пример”. – Патријарси и пророци, 190,191.


Четврток 6. август

5. ПОТРЕБА ЗА ДОВЕРБА ВО БОГА

а. Зошто Јаков порано не го напуштил алчниот Лаван, и која била вистинската одлучувачка причина која го навела конечно да се пресели? Создавање 31:10-13.

„Јаков уште одамна би го напуштил својот лукав роднина кога не би се плашел од средбата со Исава. Сега почувствувал дека му се заканува опасност и од синовите на Лавана кои, тврдејќи дека неговото богатство всушност е нивно, лесно можеле да се обидат и со сила да се доберат до него. Бил во голема недоумица и потиштен, не знаејќи што да стори. Но, споменувајќи си за ветувањето што му било милосливо дадено кај Ветил, својата грижа му ја предал на Бога и побарал упатство од него. На сон добил одговор на својата молитва: ‘Врати се во земјата на своите татковци и кај своите роднини и јас ќе бидам со тебе’”. – Патријарси и пророци, 193.

б. При пакувањето и подготовката за заминување, што го открило сериозниот духовен недостаток во карактерот на саканата Рахила, и како ова претставува предупредување и за нас? Создавање 31:17-19.

„Современиот Израел се наоѓа во уште поголема опасност да го заборави Бога и да падне во идолопоклонство. Дури мнозина и од оние што тврдат дека ја празнуваат саботата се поклонуваат пред идоли. Бог постојано ги предупредувал припадниците на Својот народ во Стариот завет да се чуваат од идолопоклонството кое може да ги одврати од тоа да му служат на живиот Бог и да ги изложи на големо проклетство...

И денес припадниците на Божјиот народ можат да бираат: благослов или проклетство - благослов ако се одвојат од светот одејќи понизно по патеката на послушноста; а проклетство ако се соединат со идолопоклониците кои ги презираат возвишените барања што ги поставува небото”. – 1. Сведоштво, 609.


Петок 7. август

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Како и ние премногу често сме како Рахила и Лија во поглед на животот?

2. Кои пренатални влијанија веројатно влијаеле на синовите на Јаков уште пред нивното раѓање?

3. Зошто идејата на Јаков да се оддалечи од Лаван била добра?

4. Како можам да ги покажам особините на пастирот кон моите ближни?

5. Како Бог ја покажал својата грижа за мене во тешки времиња, исто како со Јаков?

 <<    >>