Back to top

Sabbath Bible Lessons

Поуки од животот на Јаков

 <<    >> 
3. лекција Сабота, 18. јули 2020

Присвојување на првородството

„Со трпение ќе си ги придобиете душите“ (Лука 21:19).

„Трпение, вера и љубов спрема должностите - тоа се поуките кои мораме да ги научиме“. – 5. Сведоштво, 70.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ:   Патријарси и пророци, 179-182, 208. 

Недела 12. јули

1. ЧЕКОР ШТО ГО ОТКРИВА СРЦЕТО

а. На жалост на неговите родители, која постапка на Исав уште повеќе го открива неговиот недостаток на интерес за Божјите работи? Создавање 26:34,35.

„Подлегнувајќи и понатаму и уште подлабоко на надворешните и земните привлечности, Исав зел две жени меѓу хетејските ќерки. Тие служеле на лажни богови и со своето идолопоклонство им задавале на Исака и Ревека многу јадови и горчина. Со тоа Исав прекршил еден од условите на заветот со кој било забрането склучување на брачни врски меѓу избраниот народ и незнабошците”. – Патријарси и пророци, 179.

б. Како Божјиот народ денес исто така е предупреден да не стапува во брак со неверници? 2. Коринтјаните 6:14,15.

„Да се поврзеш со неверник, значи да се поставиш на тлото на сатаната. Ти го жалостиш Божјиот Дух и ја губиш Неговата заштита. Можеш ли себеси да си дозволиш да имаш такви ужасни пречки во борбата за вечен живот?” – Messages to Young People, p. 441.

„Човекот кој попушта на своите склоности и непосветени страсти, и бира неверник за своја сопруга, ги отфрла Божјите барања, ветувајќи дека ќе се откаже од саботата, ако таа се омажи за него, презема чекор, кој ќе внесе несреќа во неговото семејство. Тој го продава своето право на првородство за чинија вариво”. – Manuscript Releases, vol. 10, p. 192.


Понеделник 13. јули

2. ТВРДОГЛАВ ЗАГОВОР

а. Откако Исак остарел, а видот му ослабел, каков план направил тој во однос на Исав? Создавање 27:1-4.

„ Исак сѐ уште бил непоколеблив во својата одлука нему да му го остави благословот на првородството. Таа негова одлука не можеле да ја изменат ниту причините на Ревека, ниту сесрдниот копнеж на Јакова за благословот, ниту рамнодушноста на Исава кон обврските на ветувањето.

Многу години поминале додека Исак, тогаш веќе стар, слеп и очекувајќи скорашна смрт, не решил да го искаже благословот над својот постар син. Меѓутоа, бидејќи знаел за противењето на Ревека и Јакова против неговата намера, решил овој свечен обред да го изведе тајно. Во сообразност со обичајот по повод таквите свечености да се приреди гозба патријархот му наредил на Исава: ‘Земи ја сега својата спрема, лакот и стрелите, и излези в поле, и улови ми дивеч. Па зготви ми јадење... И да те благослови мојата душа пред да умрам’”. – Патријарси и пророци, 179.

б. Со кој план Ревека се спротивставила на планот на Исак? Создавање 27:5-10.

„Ревека ја претчувствувала неговата (Исавовата) намера. Била убедена дека тоа е спротивно на она што и го открил Бог нејзе како своја божествена волја. На Исака му се заканувала опасност да се изложи на Божјо незадоволство и гнев лишувајќи го помладиот син од она што му го доделил Бог. Напразно се трудела Исака да го убеди со причините и затоа решила да прибегне кон лукавство.

Само што Исав заминал да ја изврши наредбата на татка си, Ревека се дала на остварување на својата намера. Му го изложила на Јакова она што се случува и го убедила дека нешто мора да се преземе, и тоа веднаш, за да се спречи конечно и неотповикливо благословот да му биде доделен на Исава. Го уверувала и го храбрела својот помлад син да постапи според нејзините упатства за да го прими тој благослов како што ветил Бог”. – Патријарси и пророци, 180.

в. Како Јаков одговорил на идејата на неговата мајка? Создавање 27:11,12.

„Јаков не се согласил со планот што (Ревека) го предложила. Помислата дека треба да го измами татка си му паѓала многу тешко и силно го загрижила. Чувствувал дека тој грев побргу ќе му донесе проклетство отколку благослов”. – Патријарси и пророци, 180.


Вторник 14. јули

3. ПРОКЛЕТ БЛАГОСЛОВ

а. И покрај двоумењето на Јаков, на што инсистирала неговата мајка во поглед на нејзиниот план тој да добие првородство? Создавање 27:13,14.

„Но неговото (Јаков) двоумење и стравување пред сопствената совест биле совладани, и тој најпосле решил да ги прифати упатствата на мајка си”. – Патријарси и пророци, 180.

б. Опишете како бил спроведен планот? Создавање 27:15-19.

„(Јаков) немал намера директно да кажува лага, но кога веќе истапил со тоа пред татка си, му се сторило дека отишол премногу далеку за да може да се врати”. – Патријарси и пророци, 180.

в. Каков бил резултатот? Создавање 27:20-29.

„(Јаков) со измама го примил саканиот благослов”. – Патријарси и пророци, 180,181.

г. Што се случило кога пристигнал вистинскиот Исав? Создавање 27:30-33.

„Само што Јаков излегол од шаторот на татка си, стигнал Исав. Иако своето првенечко право го продал и продажбата ја потврдил со свечена заклетва, тој сега бил решителен да си ги осигури себеси благословите што произлегуваат од тоа без оглед на барањата на својот брат. Со духовното првородство биле поврзани земните предимства што би му овозможиле водство во семејството и двапати поголем удел во наследувањето на татковото богатство. Ова, последново, биле благословите што тој можел да ги цени”. – Патријарси и пророци, 180,181.

д. Каква била иднината на Исав и како реагирал тој? Создавање 27:34-40.


Среда 15. јули

4. ГЛЕДАЈЌИ ОД ПОВИСОКА ПЕРСПЕКТИВА

а. Иако сите претпоставувале дека смртта на Исак бргу наближува, како можеме да видиме дека всушност поминале многу години до неговата смрт? Споредете Создавање 25:26; 35:28. Што треба сите ние да научиме од ова?

„Јаков и Ревека успеале да го остварат својот план, но измамата им донела само страдање и болка. Бог рекол дека Јаков ќе го добие правото на првородство и неговиот збор би се исполнил во свое време кога би имале доверба и кога стрпливо би чекале Тој да работи за нив. Но, како и денеска што постапуваат мнозина кои се нарекуваат Божји деца, тие не биле расположени работата да ја препуштат во Божји раце”. – Патријарси и пророци, 180.

б. Што вели Бог за измамата, дури и кога сме во искушение да мислиме дека е за исплатлива, оправдана цел? Псалм 101:7; Изреки 20:17.

в. Која поука треба да ја извлечеме од грешката на Ревека и Јаков? Лука 21:19.

„Наместо да верува во Бога, Оној кој управува со настаните, (Ревека) ја покажала нејзината недоверба со тоа што го убедила Јаков да го измами неговиот татко. Бог не ја одобрил постапката на Јаков. Јаков и Ревека требало да чекаат Бог да ги оствари своите намери, на свој начин и во свое време, наместо да се обидуваат да ги остварат претскажаните настани со помош на измама. Ако Исав го примил благословот на својот татко, кој е наменет за првородениот, неговиот напредок можел да дојде само од Бога; и тој ќе го благослови со напредок; или ќе му донесе неволји, според животот што го води. Ако го љуби и почитува Бога, како праведниот Авел, тој би бил прифатен и благословен од Бога. Но ако, како злобниот Каин, тој не би имал почит кон Бога, ниту кон Неговите заповеди, туку би ги следел неговите расипани патишта, тој не би бил благословен од Бога, туку би бил отфрлен како Каин. Ако патот на Јаков би бил праведен, и ако го љубел Бога и би имал страв од Бога, Бог би го благословил и Божјата рака, која дава напредок, би била со него, и покрај тоа што не ги добил благословите и привилегиите кои обично му биле дарувани на првородениот”. – Spiritual Gifts, vol. 3, p. 115.


Четврток 16. јули

5. ДА ЈА ИЗБЕГНЕМЕ НЕВОЛЈАТА НА ИСАВ

а. На кој начин сме предупредени да ја избегнеме неволјата на Исав? Евреите 12:14-17.

„Околностите под кои Исав го продал своето право на првородство ги претставуваат неправедните, кои откупот овозможен од страна на Христа го сметаат за безвреден, и го жртвуваат своето небесно наследство за расипливи богатства. Мнозина се под контрола на својот апетит, и наместо да се откажат од нездравиот апетит, ќе ги жртвуваат возвишените и драгоцени размислувања. Ако мораат од нешто да се откажат, од задоволување на покварениот апетит или возвишените небесни благослови, кои Бог им ги ветил само на оние кои ќе се откажат од себе и на богобојазните, воглавном, како и во случајот на Исав, ќе надвладеат нечистите апетити, и заради сопственото задоволство, Бог и небото ќе бидат практично презрени...

Особено изопачените страсти ќе управуваат со умот на оние кои небото го сметаат за толку малку вредно. Здравјето ќе биде жртвувано, умните способности ослабени, а небото ќе биде продадено заради овие задоволства, како што Исав го продал своето првородство. Исав бил невнимателен човек. Тој дал свечена заклетва дека Јаков ќе го има правото на првородство. Овој случај е забележан како предупредување за другите. Кога Исав сфатил дека Јаков ги добил благословите кои можеле нему да му припаднат, да не ги продал набрзина, бил мошне потресен. Тој се покајал за своето непромислено дело, кога веќе било доцна да се поправат работите. Така ќе биде и со грешниците во Божјиот ден, кои го продале своето небесно наследство заради себични задоволства и штетни желби. Тогаш повеќе нема да имаат можност за покајание, иако го бараат, како Исав, грижливо и со солзи“. – Spiritual Gifts, vol. 3, p. 115.

б. Тогаш, какво треба да биде нашето свечено ветување? 2. Коринтјаните 7:1.


Петок 17. јули

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Зошто Бог изрично забранува брак со неверник?

2. Во која смисла Ревека покажала силна духовност, но слаба верба – и во кои области од мојот живот би можел да бидам во опасност да го сторам истото?

3. Кој прв чекор на Јаков го заплеткал во замка од која подоцна не можел да излезе?

4. Зошто изреката „целта ги оправдува средствата“ е погрешна во очите на Бога?

5. Зошто апетитот е толку одлучувачки фактор во христијанската победа?

 <<    >>