Back to top

Sabbath Bible Lessons

Поуки од животот на Јаков

 <<    >> 
  Сабота, 5. септември 2020.

Дар во првата сабота за помош за отсекот за образование

Потребата од работници во Божјото лозје е очигледна. „Со таква војска правилно извежбани работници каква што би можела да биде нашата младина, колку бргу би можела да му се однесе на светот веста за распнатиот и воскреснат Спасител кој наскоро ќе дојде!“ - Воспитување, 271.

Делото е пред нас, и црквата мора да вложи напори и да се погрижи нашите деца и млади да бидат „правилно обучени“ за да го исполнат Божјиот налог: „Одете и научете ги сите народи“.

Реформното движење на Адвентистите на седмиот ден инвестира средства во воспитно-образовното дело на различни места, на разни начини и преку настава на различни јазици, за исполнување на оваа цел. Од воспитувањето на децата преку високообразовните мисионерски училишта, нашите млади се учат на цврст темел во „сегашната вистина“, и со најдобри методи преку кои оваа вистина ќе им ја изнесат на другите души.

„Вистинското воспитување е обучување за служба. Секој Божји син и ќерка е повикан да биде мисионер; повикани сме да Му служиме на Бога и нашите ближни; и целта на нашето воспитување треба да биде пракса, која ќе нè оспособи за оваа служба“. – Здравје и среќа, 395.

„Со цел да се зајакнат младите против искушенијата на непријателот, ние основавме училишта каде што тие можат да бидат квалификувани за корисност во овој живот и за служба на Бога низ сета вечност“. – Counsels to Parents, Teachers, and Students, p. 495

Со Божја милост, воспоставените училишта се развија така што сега вклучуваат сателитски програми, семинари и од неодамна интернет платформи, за да обезбедиме секој да има пристап до воспитните програми. Овие онлајн платформи во интернатите во Колумбија и Соединетите Држави им овозможуваат на учениците да добијат мисионерско образование без оглед каде живеат.

Давид Жиц, директор на одделот за образование при Г.К.

 <<    >>