Back to top

Sabbath Bible Lessons

Поуки од животот на Јаков

 <<    >> 
  Сабота, 4. јули 2020.

Дар во првата сабота за проектот за Северната мисија на Средна Америка

Средна Америка е планински регион со влажни крајбрежни низини и е дом на 7% од биодиверзитетот од светот. Областа е позната по тропските шумски дождови и комерцијалните плантажи кои извезуваат производи како што се банани, дињи, шеќерна трска, ориз, кафе и зеленчук.

Со Божја милост, делото на Реформното движење на АСД пристигна до северните делови на Средна Америка – до Гватемала (сегашното население е близу 17 милиони) во 1960-тите и Ел Салвадор (со сегашно население над 6,3 милиони) во 1970-тите. Официјалниот јазик на обете земји е шпанскиот, а главната религија е римокатоличката. Во Белизе пристигна во 1992 година, со население од скоро 375.000 (каде главната религија е исто така римокатоличката, а повеќето зборуваат англиски јазик).

Овие три држави ги сочинуваа мисионските полиња на Генералната Конференција до 1997. година, кога беше формирана Средноамериканската унија, во која беа вклучени Панама, Костарика, Никарагва и Хондурас. За време на делегатската конференција на Средна Америка во октомври 2015. година, беше решено да се децентрализира делото во овој регион, а организирана е и Унија на Хондурас и две мисионски полиња: Северна мисија на Средна Америка, која ги опфаќа Гватемала, Ел Салвадор и Белизе и Јужна мисија на Средна Америка, во која спаѓаат Костарика, Панама и Никарагва.

Во Северната мисија на Средна Америка, ние сме благословени со донирање на една парцела со површина од 1016,98 м2 на која сакаме да развиеме прилично амбициозен проект – изградба на наша централа и канцелариски згради, мисионски училишта и простории за состаноци, со помош на нашиот небесен Отец и на Негова слава.

Поради оваа причина, ги повикуваме нашите браќа ширум светот дарежливо да нè подржат додека собираме подароци во првата сабота за Северната мисија на Средна Америка, овој проект на изградба да вроди со плод. Им благодариме на сите за нивната драгоцена поддршка, со молитва Бог да ги излее своите прекрасни благослови на сите кои приложиле дар.

Вашите браќа од Северната мисија на Средна Америка

 <<    >>