Back to top

Sabbath Bible Lessons

Талкање низ пустината (I)

 <<    >> 
  Сабота, 7. март 2020.

Дар во првата сабота за помош на унесреќените во светот

„Кој ќе ми даде крилја гулабови, па да одлетам и да се успокојам... би побрзал да си најдам засолниште од бурата и виорот“ (Псалм 55:6,8).

Олујните ветрови, бурите, земјотресите, несреќите, поплавите, гладот и пожарите – списокот продолжува. Сѐ повеќе вакви катастрофи се на повидок?

„Денот на проба и чистење е токму пред нас. Се појавуваат најпотресни знаци, во поплави, во урагани, во торнада, во провала на облаците, во несреќите на копно и море, кои ја објавуваат близината на крајот на сите нешта. Божјите казни паѓаат на земјата, за да луѓето се разбудат и сфатат дека Исус бргу доаѓа“. - The Review and Herald, November 8, 1892.

„Во несреќите и катастрофите на море и на копно, во големите пожари, во страшните торнада придружувани со град, во бурите, во поплавите, во циклоните, во високите бранови и во земјотресите, на секое место и во илјадници облици сатаната ја покажува својата моќ. Тој ја уништува зрелата жетва и тогаш настапуваат глад и неволја. Тој го исполнува воздухот со смртни зарази и илјадници умираат од епидемии. Овие појави ќе бидат сè почести и сè поужасни. Со масовно уништување ќе бидат зафатени не само луѓето туку и животните“. - The Review and Herald, March 14, 1912. Во

Додека големата борба на овој начин го достига својот врв на оваа планета, што бара Бог ние да правиме за човечкиот род кој страда? „О, човеку, речено ти е што е добро, и што бара од тебе Господ; да работиш праведно, да сакаш милосрдни дела и понизно да врвиш пред твојот Бог“. (Михеј 6:18) – Бог кој „со радост се смилува“ (Михеј 7:18).

Во времето на неволји, се креваат извици на човештвото што страда за дела на милосрдие – облекување на голите, хранење на гладните, поправање на урнатините од урнатите згради, за исцелувачки мелем на повредените. За итна помош потребно е да се обезбедат многу средства, така што тоа може да се оствари само со ваша великодушна поддршка. Оние кои даваат великодушно за оваа потреба ќе бидат изобилно наградени, зашто „блажени се милостивите, зашто тие ќе бидат помилувани“ (Матеј 5:7).

Во име на одделот за управување и добротворна служба на ГК

 <<    >>