Back to top

Sabbath Bible Lessons

Талкање низ пустината (I)

 <<    >> 
13. лекција Сабота, 28. март 2020

Ѕид на заштита

„Блажени се непорочните во патот нивни, зашто одат според законот Господов”. – Псалм 119:1.

„Оној кој има разбирање за далекусежните барања на Божјиот закон, може да разбере нешто и за одвратноста на гревот. И колку се повозвишени неговите идеи за Божјите барања, толку поголема ќе биде и неговата благодарност за помилувањето што му е понудено”. – Our High Calling, 137.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ:   Патријарси и пророци, 305-310. 

Недела 22. март

1. ПРИЗНАВАЊЕ НА ТВОРЕЦОТ

а. Кога саботата била дадена на човечкиот род? Која била целта на саботата? Создавање 2:1-3.

„За саботата треба да размислуваме и да ја празнуваме како спомен на делото на создавањето на Творецот. Укажувајќи на Господа како Творец на небото и земјата, таа го истакнува токму она според што вистинскиот Бог се разликува од сите лажни богови”. – Патријарси и пророци, 307.

б. Кои се некои општи насоки за правилно празнување на саботата? Исаија 58:13.

в. Зошто честопати не успеваме да внимаваме на нашите зборови во саботата? Матеј 12:34.

„Со цел саботата навистина да ни биде света дури ни на нашите мисли не би смееле да им дозволиме тој ден да се задржуваат на земни работи”. – Патријарси и пророци, 307.

„Меѓутоа, за да ја празнуваат саботата како света, луѓето и сами мораат да бидат свети. Тие со вера мораат да станат учесници во Христовата праведност”. – Копнежот на вековите, 283.


Понеделник 23. март

2. ДА СЕ СТАВИ БОГ НА ПРВО МЕСТО

а. Што објавува Бог веднаш на почетокот на законот, покажувајќи ја неговата важност? Излез 20:3. Како да покажеме дека на нешто сме му дале предност во животот? На кои други богови понекогаш им служиме?

„Вечниот, жив и недосеглив Јехова, кој нема ниту почеток ниту крај, кој не е некое создадено суштество, е единствен извор на животот и творец на се што е создадено, Оној кој се одржува и само нему треба да му се клањаме и да го обожаваме. На луѓето им е забрането на кого било или на што било друго да му даваат прво место во својата наклоност или служба. Ако цениме или сакаме што било друго што на некој начин води кон намалување на нашата љубов кон Бога или оди на штета на службата што му ја должиме нему, тогаш веќе од тоа си создаваме себеси друг бог”. – Патријарси и пророци, 305.

б. Каков треба да биде нашиот став кон Бога? Марко 12:30; Второзаконие 10:12.

„Христовата служба го бара целиот човек – срцето, умот, душата, силата. Тој нема да прифати поделено срце. Тој очекува од нас да дадеме сѐ од себе”. – This Day with God, p. 161.

в. Која особина е од суштинско значење ако сакаме да влеземе во врска со Бога каде што Тој би бил на прво место? Галатјаните 5:6.

„Верата што може да нѐ доведе во жив допир со Христа, од наша страна вклучува најголема наклонетост, совршена доверба и целосна посветеност... Таа во животот на Христовите следбеници доведува до вистинска послушност кон Божјите заповеди, затоа што љубовта кон Бога и љубовта кон луѓето ќе биде резултатот од живата врска со Христа”. – In Heavenly Places, p. 108.

„(Вистинскиот верник) пребива во Христа, и својата храна ја добива од Него.

Таа духовна поврзаност може да се воспостави и да се одржи само со лична вера. Таквата вера се одржува со совршена доверба во Христа и со потполна посветеност, така што Тој секогаш и во сѐ ни е прв и најважен. Нашата волја мора потполно да ѝ се потчини на Божјата волја; нашите чувства, желби, интереси и често се поистоветуваат со напредокот на Христовото царство и со интересите на Неговото дело; ние постојано примаме благодат од Него, а Христос ја прима нашата благодарност”. – Мојот живот денес, 11.


Вторник 24. март

3. ОТФРЛАЊЕ НА СЕБИЧНИТЕ ЖЕЛБИ

а. Од каде потекнува грешната желба што доведува до сериозни гревови како што се лакомоста и прељубата? Изреки 4:23; Матеј 15:19; 22:37.

„Искушувачот никогаш не може да не принуди да правиме зло. Тој не може да владее со умот, освен ако човекот не се потчини на неговата власт. Дури кога волјата ќе се согласи, кога верата ќе се откаже од својата доверба во Христа, сатаната може да стекне власт над нас. Со секоја грешна желба што ја негуваме ние му го отстапуваме теренот. Секоја точка во која не го задоволуваме божественото мерило претставува отворена врата низ која тој може да влезе за да не искушува и уништи. Секој наш пропуст или пораз му пружаат можност да му приговара на Христа”. – Копнежот на вековите, 125.

„Забранувајќи ги себичните желби што претставуваат извор на сите грешни постапки десеттата заповед удира во коренот на сите гревови. Оној што го почитува Божјиот закон и што се воздржува дури и да не посака во себе ништо од она што му припаѓа на друг, никогаш нема да биде наведен да им стори некое лошо дело на своите ближни”. – Патријарси и пророци, 309.

б. Кога ќе сфатиме дека бојното поле се наоѓа во нашиот ум, што треба да направиме? Филипјаните 2:5-8; Откровение 3:20.

„Исус станал човек за да може да посредува меѓу човекот и Бога... за да може човекот да го врати првобитниот ум што го загубил во Едем преку примамливите искушенија на сатаната”. – That I May Know Him, p. 291.

„Со преобразување и трансформација луѓето треба да го примат Христовиот ум”. – That I May Know Him, p. 134.

в. Колку далекусежна е послушноста на седмата заповед? Матеј 5:27,28.

„Оваа заповед ги забранува не само валканите дела, туку и неморалните мисли и желби и секоја навика што би ги поттикнувала. Чистота се бара не само во надворешниот живот, туку и во тајните намери и побуди на срцето. И сам Христос, кој учел колку далекусежни се обврските на Божјиот закон, кажува дека мислата и погледот можат исто така да бидат грешни како и недозволените дела”. – Патријарси и пророци, 308.


Среда 25. март

4. ОТФРЛАЊЕ НА ДЕСТРУКТИВНИТЕ МИСЛИ

а. Што е коренот од кој извира убиството? 1. Јованово 3:15. Што уште е вклучено во држењето на шестата заповед?

„Секоја неправедна постапка што придонесува за скусување на животот духот на омраза и одмазда, или попуштањето на некоја страст што не наведува на неправедни постапки кон другите, или кај нас предизвикува само желба да им напакостиме ‘зашто оној кој го мрази својот брат е крвник човечки’; себичната немарност во помагањето на сиромасите и на оние што страдаат; секое попуштање себеси, непотребното лишување или претераната работа што би биле штетни за здравјето сето тоа, во поголема или помала мера, е престап на шестата заповед”. – Патријарси и пророци, 308.

б. Која карактеристика на телесното срце води до омраза, и како оваа лоша особина влијае на оние што ја негуваат? 1. Коринтјаните 3:3; Изреки 14:30.

„Зависта е ќерка на горделивоста и ако ја негувате во своето срце, ќе предизвика омраза, а можеби и одмазда и убиство”. – Патријарси и пророци, 651.

„Зависта е една од најнепожелните особини на сатанскиот карактер. Тој постојано бара да се издигне себеси, фрлајќи навреди врз другите. Еден завидлив човек ќе го понижува својот ближен, сакајќи да се возвиши себеси”. – Коментари на библиските текстови, 286.

„Зависта, љубомората и злите нагаѓања претставуваат пеколна сенка со која сатаната се обидува од вашиот видик да го засолни Христовиот карактер, така што, посматрајќи го само злото, да можете да бидете целосно променети во неговиот лик”. – Коментари на библиските текстови, 295.

в. До каде би требало да се протега нашата чесност, ако навистина сакаме да ја држиме осмата заповед? 2. Коринтјаните 8:21.

„(Осмата заповед) ги осудува провалите и разбојништвата. Таа бара најстрога чесност и во најситните подробности на сите животни настани. Таа ја забранува претераната заработувачка во трговијата, бара чесно да се плаќаат сите оправдани побарувања и заработувачки и прогласува дека во небесните книги секој обид човекот да го користи незнаењето, слабоста или несреќата на другите се бележи како измама”. – Патријарси и пророци, 309.


Четврток 26. март

5. НАЈВИСОКА ЗЕМНА ЧЕСТ

а. Што е специфично за петата заповед? Ефесјаните 6:2; Излез 20:12.

„Родителите имаат право на љубов и почит повеќе од кој и да е друг. Сам Бог, кој ги задолжил за душите доверени на нивна грижа, определил родителите во првите години на детскиот живот пред децата да бидат негови претставници. Затоа, секој што го отфрла законитиот авторитет на родителите, го отфрла Божјиот авторитет. Петтата заповед бара од децата не само на родителите да им укажуваат љубов и нежност, туку и да им ги олеснат секојдневните грижи да го пазат нивниот углед и во староста да им пружат потпора и утеха. Таа заповед бара да се почитуваат и службениците на црквата и органите на власта и сите оние на кои Бог им дал авторитет”. – Патријарси и пророци, 308.

„Обврската што ја имаме кон петата заповед, во однос на нашите родители никогаш не престанува. Нашата љубов кон нив, и нивната кон нас, не можат да се мерат со годините на старост, ниту со било каква меѓусебна оддалеченост, а својата одговорност во тој поглед никогаш не смееме да ја запоставиме”. – Мојот живот денес, 278.

„Оние кои вистински го следат Христа, мораат да му дозволат да престојува во срцето, и да го востоличат Него како врховен. Тие мораат да го претставуваат Неговиот дух и карактер во својот дом, да покажуваат учтивост и љубезност кон оние со кои доаѓаат во контакт. Има многу деца кои тврдат дека ја знаат вистината, а кои на своите родители не им ја укажуваат честа и преданоста која им припаѓа, кои покажуваат мошне мала љубов кон таткото и мајката и пропуштаат да им дадат почит покорувајќи се на нивните желби или пак трудејќи се да ги ослободат од грижите”. – Sons and Daughters of God, p. 60.


Петок 27. март

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Како единствено можам да ја држам саботата света? Што ќе откријат моите зборови и дела?

2. Какви се последиците од мојата животна поврзаност со Христа?

3. Што се случува кога се негува некоја грешна желба или грешна мисла?

4. Што е завист? Кои се последиците од негувањето на оваа грешна особина?

5. Зошто родителите имаат право на љубов и почитување повеќе од било кој друг?

 <<    >>