Back to top

Sabbath Bible Lessons

Талкање низ пустината (I)

 <<    >> 
12. лекција Сабота, 21. март 2020

Бог му зборува на својот народ

„Подобро е да не ветуваш, отколку да ветиш и да не го извршиш” (Второзаконие 5:4).

„Кога законот бил изговаран, Господ – Творецот на небото и земјата – стоел покрај својот Син, обвиткан со оган и чад на гората”. – Коментари на библиските текстови, 58.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ:   Патријарси и пророци, 301-305. 

Недела 15. март

1. ПРИСТИГНУВАЊЕ ВО СИНАЈ

а. После колку време откако го напуштиле Египет, Израелците дошле на Синај? Излез 19:1,2. Какво откровение Бог сакал да им даде?

„На сите страни се виделе силни карпи кои со својата таинственост како да сведочеле за своето вечно постоење и величественост. Пред таа сцена на природата луѓето ги обземало чувство на свеченост и страхопочит. Човекот морал да почувствува колку е слаб и колку неговото знаење е малечко во присуство на Оној ‘кој ги измерил на терезија планините и ридовите’ (Исаија 40:12). Тука Израелците требало да го примат најпрекрасното откровение кое кога било им е дадено на луѓето. Тука Господ го собрал својот народ со цел светоста на своите барања да ја вреже во душата, објавувајќи им го својот свет закон со свој сопствен глас. Во нивниот живот морала да настане голема и корена преобразба, зашто понижувачкото влијание на долгогодишното робување и дружење со идолопоклониците оставило свој белег во нивниот карактер и во нивните навики. Давајќи им јасна претстава за самиот себе, Бог настојувал да ги издигне на повисоко морално рамниште”. – Патријарси и пророци, 302.

б. Кои прекрасни зборови му ги кажал Бог на Мојсеј на гората, споделувајќи ја својата желба за Израелците, како и за Неговиот народ во сите векови? Излез 19:3-6.


Понеделник 16. март

2. ПОДГОТОВКА ЗА СРЕДБА СО БОГА

а. Откако Мојсеј го споделил со народот она што Бог му го рекол, како реагирал народот? Излез 19:7-9.

„Мојсеј се вратил кај народот и, собирајќи ги израелските старешини, им ја соопштил божествената порака. При тоа тие одговориле: ‘Сѐ што кажал Господ, ќе правиме’. Така стапиле во свечен заветен однос со Бога и се обврзале него да го прифатат за свој господар, со што станале приврзаници на Неговата власт”. – Патријарси и пророци, 303.

„Ова е заветот кој Божјиот народ треба да го направи во овие последни денови. Од нивното верно исполнување на условите поставени во заветот кој го направиле со Бога зависи дали Тој ќе ги прифати. Во својот завет Бог ги вклучува сите кои се волни да Му се потчинат”. – Коментари на библиските текстови, 57,58.

б. Каква подготовка е барана од народот за да може да се појави во Божјо присуство додека го објавувал својот закон? Излез 19:10-15. На што треба да обрнеме внимание пред да се појавиме во Божјо присуство во црквата?

„Тој голем и моќен Бог Кој го создал прекрасниот Едем и сè што е убаво во него, е Бог на редот и сака Неговиот народ да биде уреден и чист...

На оние кои доаѓале пред Него не смеело да има ништо неуредно. А зошто сето тоа? Која била целта на таа строгост? Дали само тоа народот да му угоди на Бога? Дали само затоа за да го добие Неговото одобрување? Мене како причина ми беше наведено тоа дека целта била да се остави добар впечаток кај народот. Кога оние кои вршат света служба не би покажувале грижливост и почит кон Бога со тоа што ќе внимаваат на својот изглед кога ќе излегуваат пред Него, тоа на народот ќе му даде возвишен поим за Бога и за Неговите барања. Така на луѓето им се укажувало дека Бог е свет, дека Неговото дело е свето и дека сè што е во врска со Неговото дело мора исто така да биде свето, слободно од сè што би прилегало на нечистотија и неуредност. Оние кои стапуваат во Божја близина мораат да ја отфрлат од себе сета нечистотија”. – 2. Сведоштво, 611,612.


Вторник 17. март

3. ВО БОЖЈО ПРИСУСТВО

а. Опишете го величието и свеченоста на сцената кога Бог слегол од небото да зборува со својот народ? Излез 19:16-20; Второзаконие 33:2,3.

„Третиот ден изутрината, кога очите на сиот народ биле насочени кон гората, нејзиниот врв го покрил темен облак кој станувал сѐ погуст и помрачен и се спуштал сѐ додека целата гора не била обвиена со мрак и со страшна таинственост. Тогаш се слушнал глас од труба кој го повикал народот да излезе пред Господа, и Мојсеј ги довел до подножјето на гората. Од густиот мрак почнале да светкаат блескотни секавици придружени со силни грмежи на многубројни громови чиишто одгласи околните планини ги правеле уште пострашни...

Потоа грмежите престанале. Трубата не се слушала веќе, земјата била мирна. Пред да се слушне Божјиот глас, настапила свечена тишина. Господ го објавил својот закон зборувајќи од густата темнина што го обвивала додека стоел на гората опкружен со придружба на ангели”. – Патријарси и пророци, 304.

„Објавувајќи ги на Израеловите синови десетте заповеди со сопствениот глас, Бог со тоа го покажал нивното значење. Тој со страшна величественост го покажал Својот возвишен авторитет како владетел на Светот. Бог го направил тоа за на Својот народ живо да му го втисне сеќавањето за светоста на Својот закон и важноста за покорувањето на истиот”. – 8. Сведоштво, 198.

б. Кога Мојсеј повторно бил повикан на врвот на гората, што му рекол Господ? Излез 19:21-25.

„Кога божественото присуство се покажало на Синај, славата Господова во очите на Израелците изгледала како оган кој уништува сѐ”. – Патријарси и пророци, 339.

„Бог – тоа е суштество со бескрајна љубов и сочувство, но Тој исто така кажува за себе дека е ‘оган, што гори, Бог ревнител’“. – The Re¬view and Herald, August 14, 1900.

„За гревот, каде и да се најде ‘нашиот Бог е оган што го спалува секој’. (Евреите 12:29) Божјиот Дух ќе го уништи гревот во сите што ќе се потчинат на Неговата сила. Но, ако луѓето цврсто се држат до гревот, тогаш тие се идентификуваат со него. Тогаш Божјата слава, која го уништува гревот, мора да ги уништи и нив”. – Копнежот на вековите, 107.


Среда 18. март

4. ЗАКОН НА ЉУБОВТА

а. Кој го изговорил законот на гората Синај? Што подоцна Тој направил со законот? Второзаконие 5:4,5; 9:10.

„Никој не треба да доживее неуспех во сфаќањето на законот, кој е препис на Неговиот карактер. Зборовите напишани со прст Божји на плочи од камен, толку совршено ја откриваат Неговата волја во однос на Неговиот народ, така што никој не треба да погреши”. – Selected Messages, bk. 1, p. 225.

б. Која е основниот принцип што стои зад законот? Матеј 22:37-39.

„Десетте Божји заповеди од кои секоја содржи по еден налог или пак забрана, доколку во послушност им се потчиниме како на законот кој владее со универзумот, за нас претставуваат и десет ветувања. ‘Ако Ме љубите, пазете ги Моите заповеди’. Овде во најкраток облик е дадена суштината на Божјиот закон. Тука се опишани условите за спасение за секој син и ќерка на Адам.

Десетте свети заповеди кои самиот Христос ги изговорил на планината Синај претставуваат откровение на Божјиот карактер, и на целиот свет му го соопштуваат фактот дека Тој има јурисдикција над целото човечко наследство. Тој закон на најголемата љубов која на човекот може да му биде прикажана во десетте прописи го претставува гласот Божји кој од небото и зборува на човечката душа во ветувањето: ‘Прави така, и никогаш нема да дојдеш под контрола и власт на сатаната’. Во тој закон нема ништо негативно, иако можеби изгледа дека има. Тој значи: ПРАВИ ТАКА, и ќе бидеш ЖИВ’“. – Коментари на библиските текстови, 60,61.

в. Како вистинските христијани покажуваат дека во срцето имаат Божја љубов? 1. Јованово 5:2,3; Римјаните 13:10.

„Христовата љубов во душата ќе ја изгони секоја омраза, себичност и завист; бидејќи Божјиот закон е совршен, ја преобразува душата. Послушноста на Божјиот закон донесува здравје. Склоноста кон послушност ја привлекува душата кон Бога. Гледајќи кон Господа Исуса, ние можеме да се охрабриме и да служиме еден на друг. Христовата љубов така ја обзема нашата душа, и меѓу нас повеќе нема раздори и расправии”. – Коментари на библиските текстови, 61.

„Законот на љубовта налага да ги посветиме телото, умот и душата во служба за Бога и своите ближни. Оваа служба, која ни овозможува да бидеме благослов за другите, и нам ни донесува најголем благослов”. – Воспитување, 16.


Четврток 19. март

5. НЕПРОМЕНЛИВ ЗАКОН

а. Какво влијание објавувањето на законот имало врз народот? Излез 20:18-20. Какво влијание имало врз Мојсеј? Евреите 12:20,21.

„Израелскиот народ бил целосно совладан од страв. Длабоката впечатлива сила на Божјиот глас како да го надминала оно што нивните растреперени срца можеле да го поднесат. Кога законот им бил изложен како големо Божјо мерило на праведноста, тие, како никогаш дотогаш, ја сфатиле сета одвратност на гревот и сопствената грешност во очите на светиот Бог. Со страв и со длабока почит се повлекле од гората и застанале подалеку”. – Патријарси и пророци, 309,310.

б. Дали има потреба за промена на овој закон? Дали Исус го променил? Псалм 111:7,8; Матеј 5:17-19.

„Божјиот закон во небесното Светилиште е возвишен оригинал, чијшто верен препис биле заповедите напишани на камени плочи и запишани во Мојсеевото Петокнижие... Божјиот закон, како откровение на Неговата волја и препис на Неговиот карактер, мора да постои вечно како ‘верен сведок на небото’. Не е укината ниту една заповед; не е изменета ниту една негова буква или цртичка. Псалмистот вели: ‘Ти постоиш вечно, Господи; Твоето слово засекогаш е утврдено на небото’. ‘Верни се сите заповеди Негови, утврдени засекогаш’ (Псалм 119:89; 111:7,8)”. – Големата борба, 434.


Петок 20. март

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Како убавината на природата која ја опкружувала гората Синај влијаела на Израелците? Зошто е толку важно редовно да поминуваме време во природа?

2. Каков завет Бог сака секојдневно да направам со Него?

3. Зошто Бог зборувал со својот глас кога ги објавувал десетте заповеди на синовите на Израел?

4. Каков е резултатот од законот на љубовта, Исусовата љубов, која престојува во душата?

5. Објаснете зошто законот е непроменлив?

 <<    >>