Back to top

Sabbath Bible Lessons

Талкање низ пустината (I)

 <<    >> 

ПРЕДГОВОР

„Историјата за доживувањето на Израел во пустината е запишана за наука на Божјиот Израел сѐ до крајот на времето“. – Патријарси и пророци, 293.

„Мрморењето на Израелците во пустината, нивните бунтови и незадоволства, силните чуда направени во нивна корист и казните кои ги стигнувале поради нивното идолопоклонство и неблагодарност кон Бога, сето тоа е запишано за наше добро. Примерите на Израелците во Стариот Завет се запишани за наша опомена, за да не го предизвикаме Божјиот гнев со слично неверство како и тие. Ако во Светиот Запис не се запишани и гревовите на Израелците, туку само нивните доблести, нивната историја за нас не би била таква поука каква што е“. – 4. Сведоштво, 11.

Додека го започнуваме првиот дел од серијата во два дела „Лутање низ пустината“, нашиот главен фокус ќе биде ставен на раѓањето на Мојсеј и неговата подготовка да го води движењето за излегување; несреќите во Египет; избавувањето на Израел од египетското ропство; пристигнувањето на Израелците во Синај; и примањето на законот. Ќе се допреме и до примери на нивното неверување и неговите погубни последици и верноста и благословените награди. Ќе ги видиме страшните резултати од отфрлањето на Божјите предупредувања, како и благословите врз оние кои одбрале да веруваат во Божјата Реч и да и се покоруваат.

Многу Израелци со себе го понеле и влијанието на Египет. Иако физички го напуштиле Египет, мнозина од нив со себе ги понеле разните обичаи и мислените обрасци на Египет. Ние, исто така, сме повикани да излеземе од духовниот Египет, од светот. И ние, можеби, сме се заветувале дека ќе го следиме Бога, но сепак се однесуваме и размислуваме како светот. Додека ги проучуваме овие поуки, нека нашите срца бидат подготвени во целост да го следат Бога.

„Задачата на Мојсеј би била многу полесна кога меѓу Израелците не би имало толку заведени кои не биле подготвени да го напуштат Египет“. – Патријарси и пророци, 260. Меѓутоа, „за време на робувањето во Египет, меѓу Израелците имало луѓе кои му останале верни на Јехова“. – Патријарси и пророци, 259. Мојсеевите родители спаѓале меѓу тие неколкумина верни. Неговата мајка, богобојазлива жена, знаела како да го воспита своето дете. „Целиот иден живот на Мојсеј, големото дело што го извршил како водач на Израелскиот народ докажуваат колкава важност има задачата на една христијанска мајка“. – Патријарси и пророци, 244.

Нека Бог ни помогне да учиме од грешките на Израелците. Да учиме исто така и од нивните успеси и да бидеме меѓу неколкумината верни кои по секоја цена ќе го следат Бога.

Оддел на генералната конференција за Саботна школа

 <<    >>