Back to top

Sabbath Bible Lessons

Талкање низ пустината (I)

 <<    >> 
11. лекција Сабота, 14. март 2020

Посетата на Јотор

„Но тестот Мојсеев му рече:... А ти од сиот народ одбери способни луѓе, кои имаат страхопочит кон Бога; луѓе справедливи, кои мразат користољубие, па постави ги над нив како илјадници, стотници, педесетници, десетари (и писари)” (Излез 18:17,21).

„Во своите упатства до Мојсеј Господ многу јасно го навел карактерот на оние што требало да исполнуваат важни позиции како советници”. – Testimonies to Ministers, p. 341.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ:   Мисли од гората на блаж., 13–18. 

Недела 8. март

1. СРЕЌНА СРЕДБА

а. По битката со Амаликијците, кој дошол да го посети Мојсеј, и кого донел со себе? Излез 18:1-5.

„Недалеку од местото каде што се улогориле Израелците, било родното место на Јотора, дедото на Мојсеј. Дознавајќи за ослободувањето на Евреите, Јотор тргнал да ги посети и да му ги одведе на Мојсеја жена му и неговите два сина”. – Патријарси и пророци, 300.

б. Кога Јотор го известил Мојсеја дека доаѓа, што Мојсеј веднаш направил? Излез 18:6,7.

„Големиот водач преку весник веќе бил известен за нивното доаѓање и со радост им излегол во пресрет. По првите поздрави, ги одвел во својот шатор. Кога на патот за Египет се соочил со опасности врзани за ослободувањето на Израел од ропството, тој своето семејство морал да го врати назад, но сега повторно можел со радост да ужива во нивно друштво”. – Патријарси и пророци, 300.


Понеделник 9. март

2. СПОДЕЛУВАЊЕ НА ДОБРИ ВЕСТИ

а. Што му рекол Мојсеј на својот дедо? Излез 18:8.

б. Како реагирал Јотор на добрата вест? Излез 18:9-12.

„Му ги раскажал (Мојсеј) на Јотора сите чудеса што ги направил Бог за својот народ, а патријархот се радувал и го славел Господа. Потоа, заедно со Мојсеја и со Израеловите старешини, принесувал жртви и празнувал празник посветен на Божјото милосрдие”. – Патријарси и пророци, 300.

в. Додека размислуваме за времето кое Мојсеј и Јотор заедно го поминувале, на што треба да се сетиме кога сме во контакт со другите во црквата и надвор од неа? Псалм 105:1; 1. Солунјаните 5:18.

„Потребно е често да ги повторуваме делата кои Бог ги направил со својот народ. Колку често Господ ставал различни знаци како потсетници на Неговото делување во древниот Израел! За да не го заборават своето минато, Бог му заповедал на Мојсеј да ги вообличи овие настани во песна, преку која родителите ќе ги поучуваат своите деца. Тие биле должни да ги соберат потсетниците и да ги постават на видно место. Во нивното чување биле вложени посебни напори, кога децата за тоа ќе се распрашуваат, целата историја да може да се повтори. На тој начин делата на провидението и Божјата изразена добрина и милост за време на ослободувањето на Божјиот народ се чувале од заборав... За Неговиот народ во оваа генерација, Господ е познат како Бог кој чини чуда... Треба често да раскажуваме за Божјата добрина и да го фалиме за Неговите чудесни дела.

Да погледаме во монументалните столбови, потсетници на она што Господ направил за да нѐ утеши и да нѐ спаси од рацете на уништувачот. Да ги задржиме во свежо сеќавање сите дела на нежното милосрдие кое Бог ни го покажал – солзите што ги избришал, болките што ги ублажил, грижите што ги отстранил, стравовите што ги растерал, потребите што ги задоволил, благословите што ги подарил – и на тој начин да зајакнеме за сето она што нѐ очекува на остатокот на нашиот пат”. – Conflict and Courage, p. 364.

„Ние постојано примаме Божја милост, а сепак, колку малку благодариме, колку малку го фалиме Бога за сето она што го сторил за нас”. – Патот кон Христа, 102.


Вторник 10. март

3. ЈОТОР ДАВА СОВЕТ

а. Што забележал Јотор во врска со судската работа на Мојсеј, и каков бил одговорот на Мојсеј? Излез 18:13-16.

„Останувајќи извесно време во логорот, Јотор забележал колку голем товар го притиска Мојсеја. Да одржи ред и мир среде толкаво мноштво необразовани и потполно неуки луѓе навистина била тешка задача. Мојсеј бил нивни признат водач и судија, па требало да решава не само прашања од општо народно значење, туку и да расудува и за одделни меѓусебни недоразбирања и судири меѓу народот. Тој тоа го прифатил, зашто на тој начин му се давала можност да ги поучува и да ги упатува, што се гледа и од неговите зборови: ‘Им ги кажувам Божјите наредби и неговите закони’. Но Јотор му ставил забелешка на тоа”. – Патријарси и пророци, 300.

б. Каков совет му дал побожниот свештеник на својот зет? Излез 18:17-23.

в. Кои биле четирите главни квалификации кои посетителот ги истакнал при селекцијата на мажи кои требале да го споделат товарот со Мојсеј? Излез 18:21 (прв дел). Кој совет, даден на оние кои бираат управители во училишта, е исто толку применлив во различните сектори од делото денес?

„Насекаде каде се основани училишта треба да се постават мудри управители, ‘способни луѓе, богобојазливи и чесни луѓе, кои ја мразат алчноста’, луѓе кои на разни должности кои ќе им се доверат, ќе постапуваат според своето најдобро знаење и способности. Исто така, тие треба да поседуваат и деловна способност, но од многу поголемо значење е да чекорат понизно со Бога и да ги води Светиот Дух. Таквите луѓе ќе бидат научени од Бога и тие ќе бараат совет од своите побожни браќа.

Управители во нашите училишта мораат да се раководат од чисти побуди. Во својата несебичност, тие ќе имаат на ум дека и во други делови на големото поле за жнеење се потребни исти олеснувања (згради, средства, опрема) како што се дадени на училиштата кои ним им се доверени”. – 6. Сведоштво, 215.


Среда 11. март

4. СЛЕДЕЊЕ НА СОВЕТОТ

а. Како реагирал Мојсеј на мудриот совет на неговиот дедо? Излез 18:24,25.

„Бог многу го ценел Мојсеја и правел чуда со неговата рака. Меѓутоа, фактот што тој бил одбран за учител над други не го навел на заклучок дека нему не му се потребни никакви поуки. Од Бога одбраниот водач на Израел радо го прифатил предлогот на богобојазливиот мадијански свештеник и неговиот план го усвоил како мудро решение”. – Патријарси и пророци, 301.

б. Што нѐ учи ова за тоа како треба да се однесуваме кон оние, кои се постари и поискусни од нас? Што ги прави вредни нивните совети? Левитска 19:32; Изреки 16:31.

„Треба да се покаже стравопочит и кон Божјите претставници - кон проповедниците, учителите и родителите кои се повикани да зборуваат и дејствуваат во Негово име. Почитувајќи ги нив, Му укажуваме чест на Бога.

Бог особено бара укажување на нежна почит кон остарените. Тој вели: ‘Седите коси се венец на слава; доколку се наоѓаат на патот на праведноста’ (Изреки 16:31). Таа говори за битките кои се водени, и за победите кои се постигнати; за носените бремиња и совладаните искушенија. Таа говори за изморените стапки кои се приближуваат кон одморот, за местата кои наскоро ќе бидат празни. Помогнете им на децата да мислат на тоа и тие ќе им го разубават патот на старите со својата пристојност и почитување и ќе внесат милност и убавина во својот млад живот слушајќи ја заповедта: ‘Пред бели коси станувај, почитувај го лицето на старец’ (Левитска 19:32)”. – Воспитување, 244.

в. Каков бил резултатот од препорачаната поделба на одговорноста и авторитетот? Излез 18:26.

„Тој совет бил прифатен и придонел не само да му биде полесно на Мојсеја, туку и да се заведе посовршен ред кај народот”. – Патријарси и пророци, 301.


Четврток 12. март

5. МОЈСЕЕВИТЕ КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ВОДАЧ

а. Како што Бог барал од оние кои биле под рангот на Мојсеј да имаат одредени квалификации, какви биле особените квалификации на Мојсеј? Која важна одлика тој поседувал? Броеви 12:3.

„Мојсеј бил смирен човек. Бог за него рекол дека е најкроткиот човек на земјата. Тој бил дарежлив, благороден и добро урамнотежен. Неговите човечки квалитети не биле половично развиени и нецелосни. Тој со успех можел да ги охрабрува своите ближни, бидејќи самиот негов живот бил жива претстава за тоа, што човекот може да стане и да оствари со Бога како свој помошник, за она, за што ги учел другите, за она, што сакал да биде, и што Бог барал од него. Тој зборувал од срце, и тоа допирало до срцата. Тој бил совршен во познавањето на сите тогашни знаења (Дела 7:22), но сепак во покажувањето на своето длабоко сочувство со луѓето бил едноставен како дете. Надарен со извонреден инстинкт, тој бил во состојба веднаш да просуди за потребите на сите што го опкружувале, како и за она што не било во ред и барало внимание, и тој ништо не занемарувал”. – Коментари на библиските текстови, 80.

б. Кое специјално ветување Исус им го дал на кротките? Матеј 5:5.

„Кротоста е драгоцена, христијанска особина. На Христовата кротост и понизност се учиме само ако го носиме Христовиот јарем... Тој јарем претставува целосно потчинување”. – In Heavenly Places, p. 236.


Петок 13. март

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Кои квалитети треба да ги бараме кај оние кои ги бираме да го водат делото денес? Дали треба да ги бираме оние на кои им недостасуваат овие квалитети?

2. При изборот на луѓе за одговорни позиции што е значајно од деловните способности?

3. За што треба често да зборуваме во контакт со другите? Зошто?

4. Како треба да се однесуваме кон нашите проповедници, родители и учители во верата? Зошто?

5. Зошто советите на Мојсеј биле толку моќни? На што ме учи ова?

 <<    >>