Back to top

Sabbath Bible Lessons

Талкање низ пустината (I)

 <<    >> 
  Сабота, 4. јануари 2020.

Дар во првата сабота за централата на Амазонското (АРАМ) поле во Бразил

Амазонас и Рораиме се две држави на северот на Бразил кои се карактеризираат со изобилство на интересни карактеристики. Површината на Рораиме изнесува околу 230.000 〖км〗^2, и таа е најретко населена држава во Бразил со густина од 2,5 жители на 〖км〗^2. Нејзиниот главен град, Боа Виста, е единствената бразилска престолнина која во целост се наоѓа на Северната хемисфера. Економијата на државата во голема мера зависи од комерцијалните добра и услужните дејности. Во оваа област туризмот рапидно се развива, најмногу поради извонредната планина Рораима.

Амазонас е голема држава, со површина од 1.600.000 〖км〗^2. Во неа живеат скоро 4 милиони жители, од кои 80% живеат во урбани области. Главниот град, Манаус, е најнаселен град во северен Бразил, со приближно 1,8 милиони жители. Преку оваа држава поминува реката Амазон, која е меѓународно позната како најголема река во светот по количина на вода.

Евангелието во овој крај дошло во 70-тите години од XX век, кога група колпортери пристигнала во Манаус. Делото започнато во таа област се развило во Рораим и Амазонас како поле (АРАМ), во кое има 200 членови. Повеќето од овие браќа зависат од семејни фарми и немаат многу финансиски средства. Нивниот најлесен начин на транспорт се кануа, чамци или бродови – методи кои се ризични, скапи и кои одземаат доста време. Патувањето во средиштето на земјата мора да се изврши преку воздушен пат. Сето ова придонесува за чувство на изолација.

Полето АРАМ беше основано неодамна, а неговата централа е воспоставена во црквата Манаус – храм изграден пред повеќе од четири децении. Поради ова, зградата има потреба од итно реновирање. Потребни се нови купатила, простории за настава на деца и млади, кујна, трпезарија и нова проповедничка куќа. Канцелариите ќе мора да се прилагодат на постојната инфраструктура.

Овој потфат е потребно да се изврши што побргу, а нашите средства се мали, затоа апелираме до нашите браќа со оваа молба. Ако, денес, сте волни великодушно да дадете, Господ ќе ве награди изобилно.

Вашите браќа од полето АРАМ во Северно-бразилската унија

 <<    >>