Back to top

Sabbath Bible Lessons

Талкање низ пустината (I)

 <<    >> 
  Сабота, 1. февруари 2020.

Дар во првата сабота

За мисијата во Танзанија

Танзанија е држава во Источна Африка позната по своите огромни пустински области. Тие ги вклучуваат рамнините на Националниот парк Серенџети, рај за сафари (населен со слонови, лавови, леопарди, биволи и носорози) и Националниот парк Килиманџаро Парк, дом на највисоката планина во Африка. Недалеку од брегот се наоѓаат тропските острови на Занзибар и Мафиа, со морски паркови каде живеат китови и корални гребени.

Иако не постојат статистички податоци за религијата во Танзанија, верските водачи и социолозите проценуваат дека муслиманските и христијанските заедници се приближно еднакви по големина, и дека обете опфаќаат околу 30 до 40% од населението, додека остатокот го сочинуваат припадниците на другите светски религии, припадници на домородни религии и нерелигиозни луѓе. Според податоците од 2016. година, Танзанија има 55,57 милиони жители. Официјални јазици во Танзанија се свахили и англиски, иако постојат вкупно 126 локални јазици.

Танзанија е поделена на 30 региони (mkoa), дваесет и пет на копното и пет во Занзибар.

Веста на пробудување и реформација до Танзанија допрела преку нашите браќа од Кенија. Исто така ни помогнаа и понатаму ни помагаат и нашите браќа од Германија. Генералната Конференција ги печати Библиските лекции на јазикот свахили преку унијата на Руанда, близу Танзанија. На свахили се зборува во сите источноафрикански земји.

Делото сега напредувало до тој степен така што е потребно да се изгради централа. Ние веруваме дека Дар Ес Салам ќе биде најдоброто место за ова. Дар Ес Салам, или едноставно Дар, порано познат како Мзизима, е поранешна престолнина како и најнаселениот град во Танзанија, и регионално е значаен економски центар. Се наоѓа на брегот на Свахили, тоа е еден од најбрзорастечките градови во светот. Дар е мултикултурен град, дом на африканските Танзанијци, на Арапски и Јужно Азиски заедници, британски и германски иселеници, католици, лутерани и муслимани. Ова е идеално место за нашата централа бидејќи ќе го олесни нашето мисионското дело за целата земја.

Апелираме до сите членови на нашата саботна школа ширум светот великодушно да ги приложите своите дарови за потребите на овој проект. Однапред ви благодариме за помошта. Нека Бог изобилно ја нагрди вашата добрина за Неговото дело во Африка.

Вашите браќа и сестри од мисијата во Танзанија

 <<    >>