Back to top

Sabbath Bible Lessons

Животот во денот на помирувањето

 <<    >> 
  Сабота, 7. декември 2019.

Дар во првата сабота за литература за мисионските полиња

Литературата неспорно е најважното средство во ширење на сегашната вистина до сите народи, племиња, јазици и колена. Пишаната вест ќе има поголемо влијание и ќе биде поточно и полесно сфатена отколку изговорената реч.

Меѓутоа, многу драгоцени души за кои Христос умрел не се во можност да ги примат предностите на таквата литература – особено ако живеат во земји со ограничена верска слобода или ако во тоа ги спречува екстремното сиромаштво. Пишаниот збор исполнет со вистина се наоѓа надвор од нивниот домет, освен ако не се направат одлучни напори да се задоволи оваа потреба на многуте кои гладуваат и жеднеат за него.

Дарот на првата сабота за литература за сиромашните земји и мисионските полиња е собиран и порано – и ние им се заблагодаруваме на донаторите кои во минатото давале пари за ова благородно дело. Вашите дарови им овозможиле на илјадници луѓе да добијат можност самите да ја читаат вистината.

Денешниот свет е огромно место за постојано растечката популација, така што и потребата е поголема отколку било кога. Денешните дарови за литература ќе бидат во голема мера искористени за преведување и печатење на литературата на нови јазици за луѓе кои никогаш порано не ја примиле.

„Да им се даде на сите народи пораката на предупредување - тоа треба да биде целта на нашите напори... Врз сите кои ја примиле Божјата Реч лежи товарот на ова дело. Од град до град, од село до село, тие треба да ги носат публикациите кои го содржат ветувањето за скорото доаѓање на Спасителот. Овие публикации треба да се преведат на секој јазик; бидејќи евангелието треба да се однесе до целиот свет“ - The Review and Herald, February 9, 1905.

Имајќи го ова на ум, наша молитва е Бог да ги поттикне срцата на сите нас великодушно да ги приложиме средствата за оваа важна потреба!

Оддел на Генералната конференција за издаваштво

 <<    >>