Back to top

Sabbath Bible Lessons

Животот во денот на помирувањето

 <<    >> 
  Сабота, 2. ноември 2019.

Дар во првата сабота За седиште на Конференцијата во јужен Минданао

Минданао е втор најголем и најјужен остров на Филипините. Тоа е и име на една од трите групи на острови на оваа држава (другите две се Лузон и Висајас). Таа се состои од островот Минданао (со околу 18 милиони жители) и повеќе мали оддалечени острови.

Преку 70% од жителите на Филипини исповедаат римокатоличка вера; 17% се протестанти; 5-10% се муслимани, а остатокот го чинат будисти и припадниците на другите религии.

Јазикот кој најмногу се користи на островот Минданао е Себуано (Бисаја), иако официјалните јазици се филипино и англискиот.

Од својот зачеток во 1958. година, делото на Реформното Движење на Адвентистите на седмиот ден на Филипините започнало на островот Минданао, особено во градот Давао. Подоцна е купен имот во градот Дигос, Давао дел Сур, и тоа требало да стане прва централна мисија во земјата. Со Божја милост делото напредувало – и од таа прва мисија се ширело во целата земја, така што денес имаме основано унијска конференција со пет полски конференции и мошне активно членство.

Во овој момент, зградата на таа централа е доста стара и браќата, наместо да ја реновираат, одлучиле да изградат нова како би можеле да ги задоволат потребите на полските конференции во нивните активности. Оваа нова зграда ќе содржи спални соби, тоалети и конференциска сала во која ќе се одржуваат состаноци за реорганизација.

„Би требало да сметаме за предност да бидеме Божји соработници со тоа што ги даваме своите средства за започнување на дејности кои ќе ги извршат Неговите намери во светот. Сите кои го поседуваат тој Христов дух ќе имаат и нежно, сожаливо срце и отворена, великодушна рака. Никој не може да биде навистина себичен ако Христос ги преокупира сите негови мисли.“ - The Review and Herald, April 18, 1912.

Нашите браќа собираат средства за овој проект и пред нив е долг пат до неговиот завршеток. Наша искрена желба и молитва е Господ да ја благослови вашата великодушност во унапредувањето на Неговото дело во оваа област.

Вашите браќа од Конференцијата во јужен Минданао

 <<    >>