Back to top

Sabbath Bible Lessons

Животот во денот на помирувањето

 <<    >> 
3. лекција Сабота, 19. октомври 2019

Разбирање на симболите

„А Исус, откако повторно извика со силен глас, го испушти духот. И наеднаш се расцепи завесата на храмот на две - од горе до долу; и земјата се затресе; и карпи паднаа.“ – Матеј 27:50,51 (прв дел).

„Раскинувањето на завесата на храмот покажа дека еврејските жртви и уредби повеќе нема да бидат примани. Големата Жртва е принесена и прифатена.“ – Рани списи, 259,260.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ:   Патријарси и пророци, 237-279; 352-353. 

Недела 13. октомври

1. СЕКОЈДНЕВНО ОСВЕТУВАЊЕ

а. Зошто било неопходно Христовата жртва на крстот да ги замени жртвените обреди? Евреите 10:9-12; Дела 3:1. На кој начин утринската и вечерната жртва во стариот Израел се значајни и за нас денес?

„Христос бил темел на целокупниот еврејски економски систем. Сите типови и сенки во службите на Евреите, укажувале на Спасителот на светот.“ – The Signs of the Times, February 25, 1897.

„Часовите одредени за утринска и вечерна жртва се сметани за свети и кај целиот еврејски народ важеле како време одредено за богослужение... Во тој обичај христијаните можат да видат пример за утринска и вечерна молитва. Додека ги осудува обичаите кои претставуваат само повторување на формалноста без животен дух на побожност и молитва, Бог со големо задоволство ги гледа оние што го

љубат и кои секое утро и секоја вечер се клањаат пред него, барајќи проштавање за своите гревови и молејќи се за благослов.“ – Патријарси и пророци, 353,354.

„Ако некогаш постоело време кога секој дом треба да стане дом на молитва, тогаш тоа е сега. Како некогаш патријарсите, оние кои тврдат дека го сакаат Бога треба да подигаат олтари на Господа каде и да ги распнуваат своите шатори. Нека таткото, како свештеник во домот, полага на олтарот утринска и вечерна жртва, додека сопругата и децата се соединуваат во молитва и пофалби. Во домот во кој Бог на таков начин се почитува, Исус ќе сака да се задржува.“ – The Bible Echo, December 15, 1893.


Понеделник 14. октомври

2. ЧИСТЕЊЕ НА СРЦЕТО

а. Кое е значењето на Пасхата за нас како христијани? 1. Коринтјаните 5:7; Евреите 7:26,27.

„Празникот Пасха требало да биде и спомен и симбол не само да потсетува на ослободувањето од Египет, туку и однапред да укажува на големото ослободување што ќе го изврши Христос, ослободувајќи го својот народ од јаремот на гревот. Жртвеното јагне го претставувало „Божјото Јагне“ во кое се наоѓа нашата единствена надеж за спасение. Апостолот кажува: „Зашто и нашата Пасха се закла за нас, Христос“ (1. Коринтјаните 5:17). Не било доволно само тоа што пасхалното јагне било заклано, туку со неговата крв морале да се испрскаат довратниците; така душата мора да ги прифати заслугите на Христовата крв. Не е доволно да се верува дека Тој умрел за овој свет, туку мораме да веруваме дека Тој умрел лично за нас...

Јагнето морало да се испече цело и не смеело да му се скрши ниту една коска. Исто така не смеела да му се скрши ниту една коска и на Божјото Јагне што морало да умре заради нас (Јован 19:36). Така било прикажано и совршенството на Христовата жртва.“ – Патријарси и пророци, 277.

б. Што претставувал исопот во обредот Пасха? Псалм 51;2,7; 119:9; 1. Петрово 1:22.

„Исопот (тревесто растение, заб. на прев.) употребен за прскање со крвта бил симбол на чистењето; тој бил употребуван и при отстранувањето на лепрата и при чистењето на оние што би станале нечисти со допир на мртовец.“ – Патријарси и пророци, 277.

„Нам ни е потребно и нешто друго покрај религијата и празнувањето на саботата. Потребни ни се животни начела и чувство на лична одговорност. Тоа мнозина го избегнуваат, а последица на тоа се: безгрижност, незаинтересираност и недостаток на будност и духовност. Каде е духовноста на црквата? Каде се мажите и жените полни со вера и Дух Свети? Моја постојана молитва е оваа: ‘Очисти ја својата црква, о Господе!’“ – 1. Сведоштво, 99.

„Верата што Доаѓа од Бога е единствената вера која води кон Бога. За да му служиме на Бога како што треба, мораме да бидеме родени од божествениот Дух. На тој начин се чисти срцето и се обновува умот, така што не оспособува да го запознаеме и да го љубиме Бога. На тој начин доброволно се покоруваме на сите Негови барања. Тоа е вистинско обожавање на Бога.“ – Копнежот на вековите, 189.

„Божјиот народ мора да ги очисти своите души со покорување на вистината и да се подготви да застане пред Него без вина кога Тој ќе дојде.“ – Evangelism, p. 695.


Вторник 15. октомври

3. СВЕТ ЖИВОТ, СВЕТ ОБРЕД

а. Објасни на кој начин симболично е прикажано совршенството на Христовата жртва? Излез 12:46; Јован 19:36.

б. На кој начин фактот дека пасхалното јагне морало не само да се заколе, туку и да се изеде, се поврзува со Христа, нашата Пасха? Излез 12:8; Јован 6:53,54,63.

„За да ни бидат простени гревовите, не е доволно само да веруваме во Христа, туку преку него и неговата Реч треба постојано да примаме духовна храна и сила... Христовите следбеници мора да ги делат неговите искуства. Тие мора да ја прифатат Божјата реч и целосно да се прилагодат кон неа така што таа да стане движечка сила на нивниот живот и на нивните постапки. Со Христовата сила тие мора да се преобразат во неговиот лик и да ги отсјајуваат божествените особини. Тие мора да го земат телото и крвта на Божјиот Син, инаку нема да имаат живот во себе. Христовиот дух и Христовото дело мора да бидат дух и дело и на неговите ученици.

Јагнето требало да се јаде заедно со горко зелје, што укажувало на горчливото робување во Египет. Така и ние, кога ќе го примиме лебот што го претставува Христа, тоа треба да го правиме со скршено срце, каејќи се за нашите гревови.“ – Патријарси и пророци, 278.

в. На која особена церемонија укажувала Пасхата, и кој обред е додаден на тоа? Марко 14:16,22-25; Јован 13:1-5,13-15.

„Христовиот чин на миење на нозете на своите ученици бил свет чин. Тој го направил тоа за да и потсети што сѐ направил за нив, и во нив да разбуди чувства во кои нема да има место за никакво издигнување над својот ближен. Оваа уредба требало да предизвика во братот разбирање на чувствата на неговиот брат...

Оваа уредба не му говори толку на човековиот разум колку на неговото срце и душа. Тој е потребен за неговата морална и духовна природа. Кога оваа уредба не би била потребна за Неговите ученици, Христос не би ја вовел и вклучил во последната вечера.“ – The Review and Herald, June 14, 1898.


Среда 16. октомври

4. ОДДЕЛЕНИ

а. Кога Пасхата првобитно била воспоставена, кое ограничување им го вовел Бог на оние на кои им било дозволено да учествуваат во неа? Зошто? Излез 12:43-48.

„(Господ) барал од Аврам и неговите потомци обрежување, да направат кружен рез на телото, како знак дека и нив Бог ги одделил од другите народи како свое посебно богатство. Со овој знак тие свечено се заветувале дека нема да се венчаат со другите народи, затоа што со тоа би ја изгубиле својата почит кон Бога и Неговиот свет закон и би станале како идолопоклоничките народи околу нив.

Со чинот на обрежување тие свечено се согласиле дека ќе го исполнат својот дел од условите на заветот направен со Аврам, да бидат одвоени од другите народи и да бидат совршени. Кога Аврамовите потомци би се држеле одвоени од другите народи, тие не би биле заведени во идолопоклонство. Да се одвоиле од другите народи, тие би биле поштедени од големите искушенија да се вклучат во нивните грешни обичаи и бунт против Бога. Тие во голема мера го изгубиле својот посебен, свет карактер, токму поради тоа што се мешале со народите околу нив.“ – The Spirit of Prophecy 1, 262, 263.

б. Како и обрезувањето во Стариот Завет, кој новозаветен обред е знак на одделување од светот и посветување на Бога? Колосјаните 2:6,10-12; Галатјаните 5:6.

„Христос го направил крштавањето знак на стапување во Неговото духовно царство. Тој го направил неопходен услов кој мораат потполно да го исполнат сите оние кои сакаат да бидат признати како оние кои се потчинуваат на авторитетот на Таткото, Синот и Светиот Дух...

Крштавањето е најсвечено одрекување од светот. Оние кои се крс тени во тројното име на Таткото, Синот и Светиот Дух јавно изјавуваат на самото влегување во својот христијански живот дека се откажале од службата на сатаната и дека станале членови на царското семејство, деца на небесниот Цар. Тие се покориле на заповедта: „Излезете од нивната средина и одделете се... и не допирајте се до нечисто.“ На нив се исполнило ветувањето: ‘Јас ќе ве примам и ќе ви бидам Татко, а вие ќе Ми бидете синови и ќерки, вели Господ Седржителот’ (2. Коринтјаните 6:17,18).“ – 6. Сведоштво, 91.


Четврток 17. октомври

5. СВЕЧЕНО ОДДЕЛУВАЊЕ ОД ГРЕВОТ

а. Кои одредби ги воспоставил Христос наместо обредот Пасха? Кој учествувал во овој празник со Него? Марко 14:12-15.

„Господовата вечера не треба да се слави само повремено или еднаш годишно, туку почесто од годишната Пасха. Оваа свечена одредба одбележува далеку поголем настан од избавувањето на децата на Израел од Египет. Ова избавување било слика на големото помирување што Христос го направил жртвувајќи го својот живот за конечно избавување на Неговиот народ.

Оваа уредба не треба да биде ексклузивна, како што многумина би го направиле тоа. Секој мора да учествува во тоа јавно и вака да сведочи: Го прифаќам Христа како мој личен Спасител. Тој го дал својот живот за мене за да бидам и јас спасен од смртта.“ – The Faith I Live By, 302.

„Бев посочена во времето кога Исус ги одвел своите ученици насамо, во горната соба, и кога најпрвин ги измил нивните нозе, а потоа им дал да јадат од искршениот леб кој го претставувал Неговото скршено тело, и да пијат сок од лозата кој ја претставувал Неговата пролеана крв. Видов дека сите треба да пристапуваат со разбирање, и да го следат Христовиот пример во овие работи, а кога присуствуваат на овој обред, треба да се одвојат што е можно повеќе од неверниците.“ – Review and Herald, November 1, 1850.

б. Што претставувал бесквасниот леб? 1. Коринтјаните 5:6-8.

„На народот му било кажано да отстрани од своите домови секаков квасец за време на празникот Пасха на ист начин како што му било кажано да отстрани секој грев од своето срце.“ – Христовите очигледни поуки, 95,96.


Петок 18. октомври

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Што ја открива нашата секојдневна потреба за очистување денес повеќе отколку кога било порано?

2. Каква паралела (примена) има денес исопот во пасхалната служба?

3. Зошто обредот на понизноста е толку важен за нас во овие последни денови?

4. На кој начин некогашното мешање со необрезаните се повторува и денес?

5. Какво одделување е потребно додека се прима вечерата Господова?

 <<    >>